Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Различна компанија

 

Сè започна во 1967 година, во мала двособна канцеларија во центарот на Стокхолм. Двајца браќа, Јонас и Роберт аф Јохник и еден нивен пријател, Бенгт Хелстен, разговараа за своите соништа. Сакаа да создадат компанија што е различна и што нуди различен производ. Добија идеја да им дадат можност на луѓето да користат висококвалитетни производи за убавина инспирирани од нашата шведска природа. Во тоа време, ваквиот начин на размислување не беше патот кон успехот, особено не во Шведска. Сепак, тој разговор го означи почетокот на едно неверојатно патување што и понатаму нè инспирира 50 години подоцна.

 

 

Денес Орифлеим е присутна на повеќе од 60 пазари и има повеќе од 3 милиони независни Консултанти за убавина што ги споделуваат, промовираат и продаваат нашите производи за убавина и за велнес.

 

Значајно од историјата

1967 - Првата линија производи

Првата линија се состоеше од кремови, кармин и маскара. Сите производи за нега на кожа беа составени од хербални и растителни екстракти од Шведска. Нашите основачи беа против тестирање на животни, што беше револуционерна идеја во тоа време.

1970 - Иновативни методи за продавање

Наместо домашни забави, пробавме нови начини на продавање и се фокусиравме повеќе на каталогот и на комуникацијата еден на еден. Во август 1970 година, го издадовме првиот Орифлеим Каталог, во 1.000 примерока. 

1970-ти - Лансирање на Tender Care

Прво, Tender Care се продаваше како крем за очи, но потоа стана познат по своите фантастични својства за смирување и хидрирање на сувата кожа. Сега, овој балсам е нашиот најпродаван производ, со повеќе од 40 милиони продадени примероци!

1982 - Лондонска берза

Орифлеим е првата странска компанија што се појавува на Лондонската берза по Втората светска војна.

1997 - Лансирање на Oriflame.com

Лансирана е првата светска веб-страница на Орифлеим.

1999 - Светска детска фондација 

Основана заедно со нејзиното височество Кралицата Силвија на Шведска, Орифлеим се стреми да ја подигне свеста за тешката положба на маргинализираните деца низ целиот свет, особено на девојчињата.

2008 - Отворање на Центарот за истражување и развој

Нашиот најсовремен Центар за истражување и развој има и посебен оддел за клиничко тестирање, Оридерм, кадешто нашите производи може да бидат тестирани на волонтери, за да се добијат вистински резултати.

2009 - Отворање на Институтот за кожни истражувања

Во Стокхолм, нашите водечки експерти ја започнуваат својата работа на различни проекти за кожни истражувања, со цел да ја создадат следната единствена иновација за нега на кожа, на Орифлеим.

2011 - Лансирање на линијата Ecobeauty

Револуционерна, природна, етичка и добра за средината се карактеристики што ја опишуваат линијата Ecobeauty на Орифлеим. За време на своето лансирање, линијата Ecobeauty беше првата светска козметичка линија што соработуваше со четири независни светски организации за одржливост и одговорност кон животната средина: Fairtrade, Ecocert, Заедницата на вегани и Советот за управување со шумите (FSC).

2015 - Лансирање на линијата NovAge

Нашата најдобра иновација за нега на кожа досега е Aspartolift технологијата. Револуционерна патентирана технологија што клинички докажано ѝ ја враќа еластичноста на кожата.

2017 - Прослава за 50-годишнина

Орифлеим слави 50 години како компанија и се радува на 50-те години што следуваат.