Тоалетна вода или колонска вода - дознај ја разликата

Дали некогаш чувствуваш збунето додека ги читаш различните етикети на шишенцата со мириси во одделот за убавина? Не грижи се, на сите ни се има случено тоа.

Мирисите се поделени на многу поткатегории, според нивната долготрајност, јачина и концентрација. Ако првпат зачекоруваш во светот на мирисите, оваа статија е токму за тебе. Следува сѐ што треба да знаеш за парфемите, парфимираните тоалетни води, тоалетните води и колонските води.

#1 Парфем
Парфемот е најскапиот вид мирис во светот. Содржи највисока концентрација на масла и трае до 24 часа по нанесувањето. Парфемот содржи од 20 до 30% чист парфем, т.е. масла помешани со мирисот. Иако овој мирис е многу скап, неговите квалитет и јачина се од највисоко ниво.

#2 Парфимирана тоалетна вода
За разлика од парфемите, парфимираната тоалетна вода содржи од 10 до 20% чисто парфимирано масло. Другото е мешавина од вода и алкохол. Парфимираната тоалетна вода трае од 8 до 10 часа дневно и е апсолутно совршена за ден на работа или на универзитет.

#3 Тоалетна вода
Тоалетната вода има концентрација од 5 до 15% парфимирано масло, помешано со алкохол. Совршено е за кратко освежување и трае само од 3 до 5 часа. Затоа, ако одиш на важно интервју или на некоја функција што трае најмногу три часа, тогаш овој мирис е совршен за тебе.

#4 Колонска вода
За крај имаме колонска вода, која има најниска концентрација на масла и алкохол. Трае околу два часа и има силен наплив на мирис кога се нанесува првпат. Содржи од 2 до 4% од парфимираното масло, а сепак е одлична за брзо нанесување одличен мирис.

Сега ги знаеш главните разлики меѓу различните видови мириси и се надеваме дека ќе ја донесеш вистинската одлука според твоите желби.

Текст: Фотографии: Орифлеим Централна Европа