Политика за тајност на податоците

ОРИФЛЕИМ Козметика ДООЕЛ Скопје ("Ние") сме посветени на заштита и почитување на тајноста на вашите податоци.

Оваа Политика за тајност на податоците, заедно со нашите Услови и Правилници, како и другите документи кои ја регулираат тајноста на податоците, ги поставуваат основите врз кои личните податоци кои сме ги примиле од вас или за вас, или оние кои вие сте ни ги обезбедиле, ќе бидат обработени од наша страна. Ве молиме прочитајте го внимателно текстот што следува за да ги разберете нашите практики во врска со вашите лични податоци и како истите ќе се третираат. Со самото давање  на вашите податоци во образецот за регистрација (CAF), било електронски на www.oriflame.mk или во писмена форма, ги прифаќате и се согласувате со практиките опишани во оваа Политика за тајност на податоците.

Според Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ, бр. 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011 и 43/2014), контролор на податоците е ОРИФЛЕИМ Козметика ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Св. Кирил и Методиј бр.50, 1000 Скопје, Република Македонија.

Нашиот назначен застапник во однос на овој Закон е г-дин Иван Кујунџиев, како службеник за заштита на личните податоци.

Ние ги обработуваме податоците во согласност со Законот, а целта на обработката на личните податоци е да ги организираме истите и да водиме сметка дека ги исполнуваме нашите обврски и дека обезбедуваме заштита на правата кои произлегуваат од регистрацијата. Обработката на податоците се врши во согласност со правилата опишани подолу.

 

1   Информации кои ги собираме

Ги собираме и обработуваме следниве ваши податоци:

1.1      ��нформациите кои вие ни ги давате. Постои можност вие да ни ги обезбедите вашите информации со пополнување на обрасците на нашата веб страница www.oriflame.mk или со пополнување на писмен образец за регистрација, или пак преку контактирање по телефон, e-маил или на друг начин. Овде спаѓаат и информациите кои ги давате кога се регистрирате за да ја користите нашата веб страница, да се пријавите за да бидете наш консултант, кога пребарувате производи, кога правите нарачка на нашата веб страница, кога учествувате во дискусија или други функции на социјалните медиуми на нашата веб страница, кога учествувате во некој натпревар, промоција или анкета, како и кога пријавувате проблем во врска со нашата веб страница. Информациите кои ни ги обезбедувате вклучуваат:

  • ·     име,
  • ·     датум на раѓање,
  • ·     адреса,
  • ·     e-маил адреса,
  • ·     телефонски број и број на мобилен телефон,
  • ·     единствен идентификациски број на консултантот,
  • ·     ЕМБГ,
  • ·     детали за банкарска сметка,
  • ·     име и презиме на вашиот законски старател, доколку сте малолетни,
  • ·     и број на пасош (за консултантите кои учествуваат на меѓународни конференции)

Се надеваме дека ќе ни ги обезбедите овие информации. Сепак, доколку не сакате да ни ги обелодените овие податоци за лична идентификација, ве молиме не ги доставувајте. Ве информираме дека доколку не ги дадете овие информации, во одредени случаи нема да бидеме во можност да ви ја обезбедиме услугата која сте ја побарале.

1.2      Информации кои ги собираме за вас. Ја чуваме  историјата на вашите набавки, вашите нивоа во мрежната структура на нашите консултанти, вашите резултати, регрутите кои вие ги спонзорирате, итн.

При секоја ваша посета на нашата веб страница, автоматски ги собираме следниве информации:

·                технички информации, вклучувајќи ја и адресата на Интернет протоколот (IP) која се користи за вашиот компјутер да се поврзи на Интернет, вашите информации за најава, типот и верзијата на пребарувачот, сетинзите за зона, видовите и верзиите на дополнителната компонента на прелистувачот, оперативниот систем и платформата;

·                информации за вашата посета, вклучувајќи ги целосните Uniform Resource Locators (URL), сlickstream до и од нашата страница (вклучувајќи датум и време); производите кои сте ги гледале или барале; времето на одговор на страницата, грешките при преземањето, должината на посетите на одредени страници, информации за интеракција со страницата (како што е на лизгање, кликање и преминување преку податоци со глувчето), методите кои се користат за пребарување, како и телефонските броеви од кои сте се јавиле на нашиот број за услуги за корисници.

1.3      Информации кои ги добиваме од други извори. Информации за вас можеме да добиеме и од другите веб страници кои ги одржуваме за другите услуги кои ги нудиме. Исто така, ние тесно соработуваме и со трети лица (вклучувајќи, на пример, деловни партнери, под-изведувачи за технички услуги, платежни услуги и услуги за испорака, рекламни мрежи, провајдери на анализи, провајдери на пребарувачки информации, агенциите за кредитни референци) од кои исто така можеме да добиеме информации за вас.

2   Користење на информациите

Информациите кои ги чуваме за вас, ги користиме на следниве начини:

  • за да ги извршиме нашите обврски од нашите меѓусебни договорите и за да ви ги обезбедиме информациите, производите и услугите кои го барате од нас, вклучително за решавање на спорови, наплата на надоместоци и решавање на проблеми;
  • за да ви обезбедиме информации за други стоки и услуги кои ги нудиме, а се слични на оние кои веќе сте ги купиле или за кои сте се интересирале;
  • за да ви ги обезбедиме правата, бенефициите и придобивките, како и сите други услови кои се користат според договорниот однос помеѓу вас и нас;
  • за да се усогласите со сите прописи кои се применуваат за нашата соработка со вас, како што се закони за даноци, закони за социјално осигурување, статистички обврски, итн;
  • за мониторинг и утврдување дека постои усогласеност со политиките и правилата од ваша страна;
  • за да ви обезбедиме, или да избереме трети лица кои ќе ви обезбедат, информации за стоки и услуги кои сметаме дека ќе ве интересираат. Ќе ве контактираме само по електронски пат (е-маил или СМС) во врска со производи и услуги слични на оние кои биле предмет на вашата претходна набавка или за кои сте воделе преговори со нас. Но, ќе ве контактираме само доколку сте дале согласност за тоа. Доколку се премислите и  не сакате да ги користиме вашите податоци на ваков начин или не сакате да ги пренесуваме вашите податоци на трети лица за рекламни цели, ве молиме: изберете го соодветното квадратче на вашиот Портал или контактирајте ја службата за кориснички услуги со испраќање на е-маил на info@oriflame.mk или повикајте го центарот за поддршка на телефонскиот број 02/3235-777; со цел да не известите за ваквата промена;
  • за се увериме дека содржините на нашата веб страница се прикажуваат на начин погоден за вас и вашиот компјутер;
  • за да обезбедиме ефективно управување со мрежата на наши консултанти од наша страна, но и од страна на другите членови на нашата мрежа на консултанти (во главно, вашиот спонзор);
  • за да се одржува нашата веб страница и за интернет работење, вклучително решавање на технички проблеми, анализа на податоци, тестирање, истражување, статистички и анкетни цели;
  • за да ја подобриме нашата веб страница на начин што содржините се прикажуваат на начин погоден за вас и вашиот компјутер;
  • за да се овозможи учество во интерактивни активности, кога вие тоа ќе го изберете;
  • за да веб страницата биде безбедна и сигурна;
  • за да се измери или разбере ефективноста на рекламирањето кое ви го обезбедуваме вам и на други лица и да ви се упатат само оние реклами од значење за вас, што вклучува спроведување на истражувања во врска со задоволството на корисниците и други слични истражувања;
  • за да ви се дадат предлози и препораки за стоките и услугите кои би ви биле од интерес;
  • за да одговориме на барањата и правните побарувања од регулаторните органи или други институции.

 

3   Обелоденување на вашите информации

3.1      Не ги продаваме, изнајмуваме, нити тргуваме со вашите лични информации.

3.2      Постои можност да им дадеме пристап до вашите лични податоци или да дозволиме нивна обработка од страна на друштвата кои се членови на нашата групација (матичното друштво и неговите ограноци) со цел да ни дадат поддршка во спроведувањето на активностите наведени погоре, под точка 3 (Користење на информациите)

3.3      Постои можност да им дадеме пристап до вашите лични податоци или да дозволиме нивна обработка, во строго ограничен опфат,  од страна на избрани трети лица, како што се:

·                деловни партнери: добавувачи и подизведувачи за извршување на договори кои сме ги склучиле со нив или со вас. Овде, помеѓу другите спаѓаат и: шпедитери, агенции за наплата на долгови, провајдери на факторинг услуги, провајдери на логистички услуги (како што се подигнување и пакување), провајдери на услуги за поддршка на корисници, итн. 

·                Други членови на нашата мрежа на консултанти (првенствено на вашиот спонзор во нашата мрежа и вашите подредени консултанти) за целите на ефикасно управување со нашата мрежа на консултанти. Доколку не сакате да ги пренесеме вашите лични податоци во други мрежи на консултанти за споменатите цели, ве молиме, контактирајте ја службата за поддршка на корисници со испраќање на е-маил на info@oriflame.mk или со повик до нашиот центар за поддршка на 02/3235-777.

·                Рекламе��и и рекламни мрежи на кои им се потребни податоци со цел да изберат и да ви достават соодветните реклами. На рекламните агенции не им откриваме поединечни информации за нашите корисници, туку понекогаш им обезбедуваме збирни информации (на пример, ги информираме дека 500 мажи на возраст под 30 години ги кликнале нивните реклами на некој одреден ден.) Исто така, понекогаш  ги користиме ваквите збирни информации за да им помогнеме на рекламните агенции да стигнат до нивната таргетирана аудиториум група (на пример, ново приклучени консултанти од одредена област).

·                Аналитичари и пребарувачи кои ни помагаат во подобрувањето и оптимизирањето на нашата веб страница.

·                Агенции за кредитни референци за целите на оценување на вашиот кредитен рејтинг, кога тоа е услов за склучување на договор со вас.

·                Провајдери на технички решенија кои ни овозможуваат испраќање на пораки до вас (вклучувајќи маркетинг пораки или анкети за задоволството на клиентите, во случај вие да сте се согласиле да добивате вакви информации), на пример, провајдери на испраќање на масовни маилови, провајдери на испраќање на масовни СМС решенија.

Исто така, може да се случи, вашите лични информации да ги обелодениме и на следниве трети лица:

·                Во случај да го продадеме, купиме или на друг начин пренесеме нашиот бизнис или средствата, во тој случај може да ги откриеме вашите лични податоци на потенцијалниот продавач, купувач или примател на преносот на бизнисот или средствата.

·                Доколку нашето друштво или значителен дел од нашите средства ги купи трето лице, во тој случај личните податоци кои ги водиме за нашите корисници ќе бидат дел од пренесените средства.

·                Доколку мораме да ги обелодениме или споделиме вашите лични податоци со цел да се усогласиме со некаква обврска, или со цел да се спроведат или применат нашите политики и/или условите на користење и/или други применливи договори; или за да ги заштитиме нашите права, имотот или безбедноста на нашите корисници или на други лица. Овде спаѓа и размена на информации со други друштва и организации за целите на заштита од измами и намалување на кредитниот ризик.

4   Како и каде ги чуваме вашите лични податоци

Сите информации кои ни ги доставувате и кои ние ги собираме за вас се зачувани во нашите безбедни сервери. Сите трансакции за онлајн плаќање се шифрирани, користејќи SSL технологија и обработени од страна на трети лица – провајдери на услуги. Ние не зачувуваме информации за кредитните и дебитните картички кои се користат за онлајн трансакциите.

Податоците кои ги собираме за вас може да бидат пренесени и чувани на дестинација во Европската економска област ("EEA"). Тие исто така може да бидат обработувани од страна на персоналот кој работи за нас или персоналот на некој од нашите добавувачи. Ваквиот персонал може да биде ангажиран, меѓу другото, и за процесирање на вашата нарачка, обработка на платежните податоци, обработка на вашите права според Планот за успех, како и за обезбедување на услуги за поддршка. Со поднесувањето на вашите лични податоци, вие се согласувате на ваквиот пренос, складирање или обработка на податоците. Ние ќе ги преземеме сите разумни чекори потребни за да се води сметка вашите податоци да се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика за тајност на податоците и важечките закони.

5   Обврска за грижливост

Во случај кога сме ви дале (или кога сте избрале) лозинка која ви овозможува да пристапите до одредени делови на нашата веб страница (во понатамошниот ваш "Профил"), вие сте одговорни за чување на оваа лозинка во стога доверливост. Ве молиме да не ја споделувате лозинката со никого. Доколку ја споделите вашите лозинка, ќе бидете одговорни за сите дејствија преземени во ваше име и за ваша сметка. Доколку изгубите контрола врз вашата лозинка, може да се случи да загубите значителна контрола врз вашите лични податоци и истите можат да бидат предмет на законски обврзувачки дејствија преземени во ваше име. Затоа, доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, треба веднаш да не известите и да ја промените лозинката. Никогаш нема да ви ја побараме лозинката освен при процесот на пријавување. Нашите вработени се обврзуваат на дополнителни услови во областа на заштитата на податоците.

За жал, преносот на информации преку Интернет не е целосно безбеден. Иако ние ќе се потрудиме да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да ја гарантира безбедноста на вашите податоци пренесени на нашата веб страница; секој ваков пренос е на ваш сопствен ризик. Откако ќе ги примиме вашите информации, ќе користиме строги процедури и безбедносни мерки за да спречиме неовластен пристап.

 

6   Ваши права

6.1      Маркетинг информации. Имате право да побарате да не ги обработуваме вашите лични податоци за маркетинг цели. Ние обично ве информираме (пред да ги земеме вашите податоци) доколку имаме намера да ги користиме вашите податоци за вакви цели или доколку имаме намера да ги обелодениме вашите информации на трети лица за такви цели. Можете да го остварите вашето право да превенирате обработка на вашите лични податоци со избирање на одредени опции во обрасците (главно во CAF) кои ние ги користиме за да ги добиваме вашите податоци. Исто така можете да го остварите ова право во било кое време со избирање на соодветните опции на вашиот Профил или со контактирање на нашата служба за корисници, испраќајќи е-маил на info@oriflame.mk или со повик до нашата Служба за поддршка на 02/3235-777.

6.2      Пристап до информации. Исправка и бришење. Имате право на пристап до информациите кои се однесуваат на вас, како и да побарате нивна исправка или бришење. Можете да ги видите, прегледате и промените повеќето од вашите лични податоци со најава на вашиот профил. Обично, рачно не ги менуваме вашите лични податоци бидејќи може да претставува потешкотија на далечина да се потврди нивниот идентитет. Според тоа, ваша одговорност е веднаш да ги ажурирате вашите лични податоци доколку се промениле или не се точни. На ваше барање испратено на info@oriflame.mk или по повикување на бројот 02/3235-777, ќе го затвориме вашиот профил веднаш штом тоа е разумно можно, во согласност со важечките закони. Ние ги задржуваме личните податоци од затворените профили со цел да се усогласиме со законот, да спречиме измами, да ги наплатиме побарувањата кои ни се долгуваат, заради решавање на спорови, проблеми, со цел да се потпомогнат истраги и да се преземат други дејствија на други начини дозволени со закон.

7   Доверување на обработката на личните податоци – Ваши обврски

Како на член на нашата мрежа на консултанти, ви ја доверуваме обработката на личните податоци на другите членови на нашата мрежа на консултанти врз основа на одредбите дадени подолу.

Ви ја доверуваме обработката на личните податоци во обемот и за целите дефинирани во Правилникот, а вие се обврзувате да ги обработувате овие податоци на начин усогласен со условите предвидени во Законот, а особено со почитување на правилата во однос на обработка и заштита на доверените податоци.

Единствената цел на вашата обработка на личните податоци е да се спроведат одредбите од Правилникот.

Должни сте особено:

·   да ги обработувате личните податоци кои ви се доверени од наша страна само за целта на обработка на податоците наведени погоре,

·   да не преземате активности со кои личните податоци ќе ги направите достапни на начин кој не е опишан во овој документ, освен ако вообичаените обврзувачки одредби на законот пропишуваат поинаку,

·   веднаш да ги вратите доверените лични податоци по завршувањето на вашиот однос со нас (т.е. со вашето одјавување од наш Консултант) и да ги избришете ваквите податоци од сите електронски носачи на податоци на кои истите биле снимени од вас, со цел да се постигне целта опишана погоре.

Го задржуваме правото да ги ревидираме методите за заштита на личните податоци кои вие ги применувате. Должни сте да ни дадете можност да спроведеме увид веднаш откако ќе го побараме тоа.

Се обврзувате веднаш и точно да одговорите на сите прашања поставени од наша страна во однос на обработката на личните податоци доверени врз основа на оваа Политика за тајност на податоците и Правилникот, а особено кои што се однесуваат на мерките за заштита на личните податоци кои вие ги применувате.

Ве овластуваме да ги обработувате личните податоци во обем и за целите дефинирани во Правилникот, особено во ИТ системите и во печатена форма и исто така да давате дополнителни овластувања за обработка на податоците на лица со кои соработувате врз основа на договори според граѓанското право, само доколку со договор утврдите дека и тие ќе се усогласат со сите барања во врска со обработката и заштитата на податоците кои се обврзувачки за вас и под услов ние да го прифатиме таквиот под-обработувач на податоци.

Меѓусебно е договорено дека доколку датотеки кои содржат лични податоци се испраќаат помеѓу нас, таквите датотеки треба да бидат обезбедени за време на преносот преку јавна мрежа со помош на криптографски средства за заштита на личните податоци.

Имаме право да ја раскинеме вашата регистрација на консултант доколку ги користите личните податоци во спротивност со оваа Политика за тајност на податоците.

Не сме одговорни за вашите обврски кон трети лица кои потекнуваат од обработка на личните податоци во спротивност со оваа Политика за тајност на податоците и Правилникот или за вашите обврски кон лица овластени од вас да ги обработуваат личните податоци.

8   Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња (мали датотеки поставени на хард дискот на веб страниците на корисниците) за да ве разликува од други корисници на нашата веб страница. Ова ни помага да ви овозможиме подобро искуство кога ја разгледувате нашата веб-страница, а исто така ни овозможува да ја подобриме нашата веб страница. Ние користиме "колачиња" за анализа на протокот на информации; за прилагодување на услугите, содржините и рекламирањето; за да ја измериме ефективноста на промоциите; и за промовирање на довербата и безбедноста

Одредени колачиња содржат лични податоци - на пример, со кликнување на "запомни ме" при најавувањето, едно колаче ќе ги чува вашето корисничко име. Повеќето колачињата не собираат информации кои го идентификуваат корисникот, туку собираат поопшти информации за тоа како корисниците доаѓаат до и ги користат системите или пак општата локација на корисникот.

Нудиме и одредени услуги кои се достапни само преку употреба на колачиња. Генерално, колачињата вршат најмногу четири различни функции:

8.1      Колачиња од суштинско значење 

Некои колачиња се од суштинско значење за работењето на системот. На пример, некои колачиња ни овозможуваат да ги идентификуваме регистрираните корисници и да водиме сметка тие да можат да пристапат до целиот систем. Доколку регистрираниот корисник избере да оневозможи колачиња, истиот нема да биде во можност да пристапи до сите содржини на системот.

8.2      Колачиња за подобри перформанси

Овие колачиња можат да се користат за да се анализира како корисниците ги користат системите и како  да се следат перформансите на системот. Тоа ни овозможува да ви обезбедиме висок квалитет на услугата со тоа што ја персонализираме понудата и брзо ги откриваме и решаваме сите проблеми кои ќе се појават. На пример, овие колачиња може да се користат за да следиме кои страници се најпопуларни и да утврдиме зошто некои страници примаат порака за грешка. Овие колачиња, исто така, може да се користат за да се потенцираат производи или услуги кои се од интерес за корисниците, врз основа на нивното користење на системот.

 

8.3      Функционални колачиња

Функционалните колачиња се користат за да ни овозможат да ги запаметиме параметрите на некои корисници.

8.4      Рекламни колачиња кои го таргетираат однесувањето на корисникот

Понекогаш може да користиме колачиња за да им обезбедиме на Корисниците реклами кои се релевантни за нив и за нивните интереси. Орифлеим исто така може да користи колачиња на трети лица во однос на истражување на пазарот, следење на приходите, подобрување на функционалноста на веб страницата и следење на усогласеноста со овие услови и условите и политиките за авторски права.

Корисниците слободно можат да одбијат колачиња доколку тоа им го дозволува нивниот интернет пребарувач и покрај тоа што истото може да го попречува користењето на одредени системи на Орифлеим. Детални информации за тоа како да ги оневозможите колачињата можете да најдете тука (http://www.allaboutcookies.org/manage-cookies/).

Повеќе детали за како се достапни деловни колачиња се достапни тука  (http://www.allaboutcookies.org/).

9   Промени на нашата политика за тајност на податоците

Сите промени кои во иднина ќе ги направиме во нашата Политика за тајност на информациите ќе бидат објавени на нашата веб страница и, доколку е соодветно, за истите ќе бидете известени преку е-маил или на друг начин. Измените и дополнувањата ќе бидат достапни и во нашите простории. Тие ќе бидат правосилни од денот на нивното објавување. Вашето користење на веб страницата после објавувањето на измените и дополнувањата на Политиката за тајност на податоците или вашето доставување на нарачка, ќе се смета за прифаќање на таквите измени и дополнувања.

10     Контакт и жалби

Сите прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика за тајност на податоците се добредојдени и можат да се достават до служба за поддршка на корисници или на посебно отворената e-маил адреса: privacy@oriflame.com.

Доколку сметате дека не сме се усогласиле со оваа Политика за тајност на податоците, можете да пишете на погорната адреса или да се јавите во нашата служба за корисници на 02/3235-777. Ве молиме да опишете во што е можно повеќе детали зошто сметате дека оваа Политика за тајност на податоците не се почитувала. Ние веднаш ќе постапиме по вашата жалба.

 

 

Датум на објавување: ноември - 2015