ПРАВИЛА И УСЛОВИ
ЗА ОНЛАЈН К
УПУВАЧИ И BEAUTY КУПУВАЧИ

Овие Правила и услови („Условите“) и сите документи наведени во нив, кога ќе ги прифатите, претставуваат обврзувачки договор („Договор“) помеѓу Orifleim kozmetika dooel со регистрирана адреса Метрополит Теодосиј Гологанов 32 ДДВ: MK4030996230326 („Oriflame“, „нас“, „ние“, „наши“) и вас („вие“, „Купувачот“)

Условите ги пропишуваат законските одредби и услови со кои се регулира вашето користење на оваа платформа за продажба на Oriflame https://mk.oriflame.com/ („Страницата“) за купување Производи во Северна Македонија („Територијата“) и ги заменуваат сите претходни договори, изјави или обврски. Ги објавивме овие Услови на нашата веб-страница кои ви се достапни вам и затоа ве советуваме да си спечатите или да зачувате и задржите копија од овие Услови и сите други документи што ги содржи Договорот.

 

1.    КВАЛИФИКУВАНОСТ

Следниве дефиниции се користат во овие Услови:

1.1.      Изјавувате и гарантирате дека имате 18 години или повеќе, или пак ако имате под 18 години, дека пристапувате до Страницата со знаење и согласност на вашиот родител или законски старател.

1.2.     Исто така, изјавувате и гарантирате дека сте целосно способни и компетентни да ги запазувате правилата, условите, обврските, исказите, изјавите и гаранциите изнесени во овие Услови и да се придржувате и да ги почитувате овие Услови.

1.3.    Изјавувате и гарантирате дека можете да ги извршите плаќањата со кредитна картичка или друг начин на плаќање што го дозволува Страницата.

 

2.    ВАШИОТ ПРОФИЛ

Ако се регистрирате кај нас преку Страницата („Член“), вие сте одговорни да си изберете безбедна лозинка која ќе содржи најмалку 6 знаци, за одржување на доверливоста на вашата сметка и лозинка и за ограничување на пристапот до вашиот компјутер или уред, и се согласувате да ја прифатите одговорноста за сите активности што се случуваат при користење на вашата сметка или лозинка. Го задржуваме правото да ја одбиеме услугата, да ги затвориме сметките, да ја отстраниме или уредиме содржината или да ги откажеме нарачките според нашето дискреционо право.

3.    ПРОИЗВОДИ

Производи на Oriflame“ или „Производи“    се козметиката и соодветните додатоци, како и одредени прехранбени производи и додатоци во исхраната, понудени за продажба под трговските марки на Oriflame. Сите Производи, цени, понуди и промоции наведени на Страницата се важечки и обврзувачки само за време на наведениот период или, пак, ако не е наведен период, за време на сесијата на прелистување. Деталите за производот на Страницата вклучуваат описи на главните карактеристики на Производите.        

Сликите од производите во нашиот каталог или на нашата веб-страница служат само за илустративни цели: обликот, бојата и големината на производите што ви се доставени може да се разликуваат од примерите прикажани во нашиот каталог или на нашата веб-страница и таквите варијации не претставуваат дефект на производот.



4.    ПРАВЕЊЕ НАРАЧКА

4.1.   Можете да правите нарачки од Страницата со избирање на Производите што сакате да ги купите. Правењето нарачка се смета за понуда направена од вас до нас за купување на избраните производи.

4.2.   Се смета дека нарачката е направена кога се завршени следните чекори:

4.2.1   сте ги избрале Производите што сакате да ги купите со користење на опцијата „додај во кошничка“; во секое време можете да ја прегледате и измените содржината на кошничката со менување на количината на Производите, бришење на Производите или отстранување на целата содржина од кошничката;

4.2.2   изрично сте ги прифатиле овие Услови;

4.2.3   сте ги обезбедиле личните податоци потребни за прифаќање, обработка и исполнување на вашата нарачка, вклучувајќи и управување со вашата корисничка сметка; и

4.2.4   сте го избрале претпочитаниот начин на испорака и плаќање.

4.3.   Штом ја направите вашата нарачка преку интернет, истата не може да се промени преку Страницата; ќе треба да ја контактирате Службата за корисници на info@oriflame.mk. Погледнете ја клаузулата 9 ако сакате да ја откажете вашата нарачка.

4.4.   Кога ќе ја прифатиме вашата нарачка, потврдата за нарачката ќе ви биде испратена по е-пошта, а тогаш ќе се креира договорот за купување. Може да одбиеме да ја прифатиме вашата нарачка без да наведеме причина за одбивањето. Ние целосно ќе ви ги вратиме сите уплати што веќе сте ги извршиле.

4.5.   Покрај потврдата за нарачка, ќе добиете детали за производите испратени до вас и сите други потребни информации.

4.6.   Ако нарачувате преку интернет, обратете внимание на следново:

4.6.1  овие Услови заедно со нашата потврда за вашата нарачка ќе го сочинуваат договорот помеѓу вас и Oriflame за продажбата и купувањето на Производите (што препорачуваме да гo зачувате или испечатите) или онака како што ќе ви соопштиме со помош на други средства за комуникација;

4.6.2  договорот може да се склучи само на македонски јазик, и на ниеден друг јазик; и

4.6.3  Oriflame е претплатен на Кодексите на однесување наведени во клаузулата 18.3 од Условите.

4.7.   Вие не можете да ги откажете нарачките што сте ги завршиле и за кои сте платиле, освен како што е опишано во клаузулите 8 и 9.

4.8.   Нарачките може да се прават во секое време од денот, освен одредена ограничена недостапност кога ја ажурираме Страницата.

4.9   Не сите производи ќе бидат достапни во секое време. Ако Производот го нема на залиха во моментот кога ја правите вашата нарачка, ние ќе вложиме разумни напори да ве информираме пред да се финализира вашата нарачка, за да можете да ја промените или откажете нарачката.

4.10  Повремено, и во ограничени временски периоди, Страницата може да не биде достапна поради одржување или од различни технички причини. Oriflame нема да биде одговорен за таквата недостапност и ќе отфрли какви било тврдења во врска со тоа од страна на клиентите или од другите посетители. Достапноста на производите и услугите опишани на Страницата и описите на таквите производи и услуги може да се разликуваат врз основа на локацијата и времето.


5.   ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

5.1  Освен ако не е поинаку наведено, цените на Производите прикажани на Страницата ја претставуваат целосната малопродажна цена за Производите во моментот кога е направена нарачката.  Сите цени се прикажани во локална валута и се со вклучен ДДВ.

5.2  Го задржуваме правото да ги менуваме цените во секое време според нашето дискреционо право, но секоја промена на цените на Производите што сте ги избрале пред да ја направите нарачката нема да биде дел од договорот помеѓу нас, освен ако вие и ние изрично не се договориме дека тоа ќе биде така.

5.3  Цените не ги вклучуваат трошоците за транспорт, испорака и сите други давачки и трошоци што се јасно наведени како дополнителни трошоци на цената за време на процесот на нарачување и кои може да се разликуваат во зависност од начинот на испорака што сте го избрале.

5.4   Ако поседувате купон за специјална понуда и истиот сте го активирале со испраќање на неговиот код како што е наведено на Страницата, ќе ја одземеме неговата вредност од цената.

5.5  Плаќањата може да се вршат со кредитна картичка или со други средства кои се наведени во овие Услови.  Се прифаќаат повеќето главни банкарски картички за плаќање.

5.6  Заради вршење на наплатата, го задржуваме правото да соработуваме со давател на услуги од трета страна.  Може да очекувате да добиете фактури и комуникација за плаќањето од овој надворешен давател на услуги. Како правило, сите фактури мора да се платат во рокот којшто е наведен во фактурата.  Каматата за задоцнети плаќања може да се наплаќа секојдневно според преовладувачката каматна стапка на Централната банка, како и со разумни трошоци за враќање на долговите. За дополнителни информации за начините на плаќање, контактирајте ја Службата за корисници на info@oriflame.mk

5.7  За безбедност на плаќањата преку интернет извршени со картичка, сите информации за плаќањето се шифрирани.  Бидејќи Oriflame работи со овластени даватели на услуги за плаќање, со информациите за кредитните картички се постапува правилно и во согласност со меѓународните стандарди за безбедност на податоците од индустријата за платежни картички.    

5.8  Ако ја обезбедиме опцијата за автоматски повторни плаќања со картичка, ќе имате можност изрично да изберете и да се претплатите на овој практичен начин на плаќање.  Сите дополнителни плаќања потоа ќе бидат овластени од вашата платежна картичка во моментот на нарачката, а износот ќе се наплати на вашата платежна картичка во моментот кога Oriflame ќе ги испрати нарачаните производи.  Ќе можете да се повлечете од автоматското повторно плаќање во секое време така што ќе отидете на страницата на вашиот профил и ќе кликнете на табчето за платежна картичка.

5.9  Се согласувате да добивате електронски фактури.

6.   ИСПОРАКА И ПРЕНОС НА РИЗИК

6.1  Нарачаните Производи можат да се достават само на Територијата.

6.2  Местото за испорака на Производите ќе биде тоа што сте го избрале во вашата нарачка. Во случај на пратки со прекумерна тежина, логистичката компанија ќе ве извести по е-пошта или порака за адресата на местото на подигање каде ќе се изврши испораката.

6.3  Ќе ја обработиме и доставиме вашата нарачка колку што е можно побрзо, но не подоцна од 30 дена откако сме ја потврдиле нарачката. Ние нема да бидеме одговорни за одложувања во испораката предизвикани од околности кои се надвор од наша контрола.

6.4  Ризикот од загуба на Производите и сопственоста на Производите ќе преминат кај вас по испораката на Производите.

6.5  Oriflame нема да биде одговорен за неуспешната испорака, погрешната или задоцнета испорака на нарачката предизвикана од вашето давање на неточни или нецелосни информации.

6.6  Го задржуваме правото во секое време еднострано да ја откажеме нарачката што сте ја направиле ако оправдано се посомневаме дека кршите некој од Условите.

7.   СООДВЕТНОСТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Гарантираме дека козметичките производи на Oriflame се произведени во согласност со Упатствата за добри производствени практики за козметички производи EN ISO 22716:2007 и Кодексот за практики на Oriflame.

 

8.    ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ НАРАЧКИ

8.1.   Строго се придржуваме кон правилата за враќање на Производот коишто важат за Територијата (погледнете ја клаузулата 9 за дополнителни информации).

8.2.   Без да го нарушите вашето право да ја откажете нарачката и да го вратите производот, по приемот на испораката треба да ја проверите неговата содржина за да бидете сигурни дека не содржи Производи што можеби биле оштетени за време на транспортот. Вие, или лицето што ги прима производите во ваше име, мора веднаш да ја известите Службата за корисници така што ќе поднесете барање и опис на штетата/дефектот. Барањето можете да го испратите и по е-пошта на info@oriflame.mk

9.   ПРАВА НА ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДАЦИЈА

9.1   Можете да ја откажете нарачката за Производот(-ите) без да наведете причина за време на периодот што е наведен подолу во клаузулата 9.2. Ова значи дека во текот на релевантниот период, ако се предомислите или поради која било друга причина одлучите дека не сакате да го задржите Производот, можете да нè известите за вашата одлука да ја откажете нарачката и да добиете поврат на средствата.

9.2   Можете да ја откажете нарачката во секое време, дури и откако сте ја добиле потврдата за нарачката по е-пошта или откако вашата нарачка била усно прифатена од Службата за корисници, но не подоцна од 14 календарски дена од денот кога сте го добиле Производот во физички посед или последниот од Производите, ако сте нарачале повеќе од еден.

9.3   За да ја откажете нарачката, контактирајте ја Службата за корисници по телефон на +389 (02) 3235-777 или испратете ни е-пошта на info@oriflame.mk или по пошта до Oriflame Cosmetics, Mitropolit Teodosij Gologanov 32, 1000 Skopje. Можете да го користите образецот за да нè известите за вашето откажување. Ако го пополните овој формулар преку интернет и го доставите преку нашата веб-страница, ние ќе ви доставиме потврда за приемот на таквото откажување на траен медиум (на пример, по е-пошта) без одлагање. Можеби сакате да чувате копија од известувањето за откажување за вашата лична евиденција. Вие само треба да го искористите вашето право за откажување пред истекот на периодот за откажување. Затоа, ако ни го испратите вашето известување за откажување по е-пошта или по стандардна пошта, тогаш вашето откажување стапува во исла од денот кога сте ни ја испратиле е-поштата или кога сте ни го испратиле писмото. Ако ни се јавите за да нè известите за вашето откажување, тогаш вашето откажување стапува во сила од датумот на вашето телефонско јавување.

9.4   Ќе добиете целосен поврат на цената што сте ја платиле за Производите и сите применливи трошоци за испорака што сте ги платиле (освен за дополнителните трошоци што произлегуваат ако сте избрале тип на испорака поинаков од најевтиниот тип на стандардна испорака што ја нудиме). Може да направиме одбивање од повратот на средства за загубата во вредност на сите доставени производи, доколку загубата е резултат на непотребно постапување од ваша страна. Вие сте одговорни само за секоја намалена вредност на Производите што произлегуваат од ракувањето со нив, освен она што е потребно за да се утврди природата, карактеристиките и функционирањето на Производите. Ние ќе го обработиме повратот на средства што ви следува што е можно поскоро и, во секој случај, во рок од (а) 14 календарски дена по денот кога ќе ни ги вратите сите доставени Производи, или (б) (ако е порано) 14 календарски дена по денот кога ќе доставите докази дека сте ги вратиле Производите или (в) ако не биле доставени Производите, 14 календарски дена по денот кога сте ни дале известување за откажување како што е опишано во клаузулата 9.3, во склад со клаузулата 9.8. Ако сте ни ги вратиле Производите бидејќи биле неисправни или погрешно опишани, погледнете ја клаузулата 9.5.

9.5   Ако сте ни ги вратиле Производите бидејќи се неисправни или погрешно опишани, ќе направиме целосен поврат на цената на дефектниот Производ, сите применливи трошоци за испорака и сите разумни трошоци што ќе ги направите при враќањето на артиклот кај нас.

9.6   Може да ви дадеме поврат на средствата на кредитната картичка, дебитната картичка или други средства што ги користите за плаќање, освен ако изрично не сте се договориле поинаку; во секој случај, нема да имате никакви давачки како резултат на повратот на средствата.

9.7  Имајте предвид дека одредени производи се доставуваат запечатени од здравствени или хигиенски причини и не смеете да ја откажете вашата нарачка и да ги вратите тие производи ако биле отпечатени по испораката. Тие производи се соодветно идентификувани на Страницата.

9.8   Ако Производите ви биле доставени:

9.8.1   мора да ни ги вратите Производите без непотребно одложување и во секој случај не подоцна од 14 календарски дена по денот на кој сте ја откажале нарачката/договорот. Крајниот рок е исполнет доколку ги вратите Производите пред да истече периодот од 14 дена;

9.8.2   освен ако Производите не се неисправни или погрешно опишани (во овој случај, погледнете ја клаузулата 9.5), вие ќе бидете одговорни за директните трошоци за враќање на Производите кај нас; и

9.8.3   имате законска обврска да ги чувате Производите во ваш посед и разумно да се грижите за Производите додека се во ваш посед.

9.9   Деталите за вашето законско право на откажување и објаснувањето за тоа како да го искористите, вклучувајќи и предложен Образец за рефундација, се обезбедени во документите опишани во клаузулата 4.5. Можете исто така да го преземете образецот за враќање овде.

9.10   Имаме законска обврска да доставуваме Производи што се во согласност со договорот. Како потрошувач, секогаш ќе имате законски права во однос на Производите што се неисправни или што не се такви како што биле опишани. Овие законски права не се засегнати од политиката за враќање во оваа клаузула 5.9 или овие Услови. Советите за вашите законски права на Територијата се достапни од Организација на потоци на Македонија.

9.11   Понатаму, го гарантираме квалитетот на секој Производ што го носи името на Oriflame и тврдиме дека тие се произведени од или за нас и дека ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет. Убедени сме дека нашите Производи ќе бидат задоволителни на секој начин за нашите клиенти. Затоа, ние нудиме дополнителна гаранција од Oriflame што ви овозможува да разменувате или да добиете целосна рефундација за кој било производ со кој не сте целосно задоволни. Повратот на средствата треба да се побара во рок од 90 дена откако сте го примиле Производот. Оваа гаранција не важи за ниту еден производ којшто е намерно оштетен или злоупотребен. Освен ако не е поинаку соопштено, враќањето и повратот на средствата според оваа клаузула ќе се вршат во согласност со одредбите од претходните ставови од оваа клаузула 9. Оваа гаранција не влијае врз вашите законски права.

 

10.    ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ

10.1.  Ако дадете информации на Страницата, се согласувате дека ќе дадете точни, тековни и целосни информации за вас таму каде што се бара и дека се согласувате да ги ажурирате таквите информации како што е соодветно („Лични податоци“). Ќе ги користиме и одржуваме Личните податоци што ги собираме преку Страницата во согласност со важечкиот закон и Известувањето за приватност на Oriflame.

10.2 Можете да поканите други лица во Oriflame заедницата за убавина и кога тие ќе се приклучат (како Beauty купувачи или како Бренд партнери) ќе имате пристап, како независен контролор на податоци, до нивните лични податоци за цели поврзани со вашето и нивното членство во Заедницата за убавина. , или со нивна согласност, за цели на е-маркетинг. Како независен контролор на таквите лични податоци:

10.2.1 Вие гарантирате и се согласувате да се придржувате до сите важечки закони за заштита на податоците и приватност;

10.2.2 Особено, ќе преземете соодветни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на личните податоци од случајно или незаконско уништување или случајна загуба, промена, неовластено откривање или пристап, особено кога обработката вклучува пренос на податоци преку мрежа и против сите други незаконски облици на обработка. Земајќи ги предвид најновите случувања и трошоците за нивното спроведување, овие мерки обезбедуваат ниво на безбедност соодветно на ризиците од обработката и природата на личните информации што треба да се заштитат;

10.2.3 Ќе го известите Орифлеим веднаш штом ќе дознаете за какво било нарушување на безбедноста што резултира со случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните информации со испраќање е-пошта на Орифлеим на privacy@oriflame.com и објаснување на природата на инцидентот и засегнатите записи;

10.2.4 Доколку во кое било време примите барање за остварување права во согласност со законодавството за заштита на податоците од лице за кое обработувате лични податоци, вие сте обврзани да се усогласите со таквото барање до степен што го бара важечкиот закон и во согласност со политиката, процедурите или обуката што Орифлеим ви ја нуди од време на време;

10.2.5 Можете да обработувате лични податоци само во согласност со Известувањето за приватност доставено до Beauty купувачите и/или Бренд партнерите Орифлеим. По раскинувањето на вашата врска со Орифлеим, гарантирате и се согласувате дека ќе ги уништите без непотребно одложување сите Лични податоци што ги поседувате или се под ваша контрола.

10.3.  Изрично отфрламе секаква одговорност за какви било казни, трошоци, такси и генерално какви било трошоци што може да произлезат како резултат на прекршување на важечките закони за заштита на податоци и приватност



11.  ПЛАН ЗА НАГРАДУВАЊЕ НА BEAUTY
КУПУВАЧИ

11.1. Можете да се регистрирате како beauty купувач со креирање на сметка на страницата на Орифлеим. Како член, ќе имате право на придобивките од Планот за награди за Beauty купувачи.

 

11.2 Орифлеим не дава гаранции за достапноста или времетраењето на која било Програма за Beauty купувачи или дека тоа ќе резултира со одредено ниво на приход или други придобивки за Beauty купувачите. Орифлеим го задржува правото да ја ажурира и модифицира која било Програма за Beauty купувачи, вклучително и отстранување, суспендирање или менување на која било поволност или програма или додавање нова поволност или нова програма во секое време и по сопствена дискреција. Секоја ревизија, измена или дополнување на која било програма за членство ќе биде објавена на нашата веб-страница и/или известувањето за истото ќе биде испратено на вашата регистрирана е-пошта и ќе стапи на сила од датумот наведен во таквото објавување и/или известување, но никогаш пократко од 30 дена. Ваша одговорност е да бидете во тек со какви било такви промени. Ќе ги прифатите сите такви промени во Планот за награди за Beauty купувачи и која било друга програма за beauty купувачи како услов за вашето континуирано членство како регистриран Beauty купувач, вклучително и идната употреба на страницата и нарачката на производите на неа. Можеби ќе бараме ваша изречна согласност, во спротивно ќе сметаме дека сте ги прифатиле промените доколку продолжите да ги нарачувате Производите откако ќе се применат промените.

11.3 Ве информираме дека Бренд партнерите и Beauty купувачите се независни изведувачи, а не вработени, агенти или претставници на Орифлеим и на ниту еден начин не се овластени да дејствуваат во наше име. Сите други beauty купувачи или клиенти кои сте ги поканиле во Орифлеим ќе купуваат од Орифлеим по цените објавени од Орифлеим; тие самите ќе ги изберат Производите и ќе ги нарачаат директно, а не преку вас. Нема да имате овластување да преговарате или да дејствувате како посредник при склучување договор помеѓу Орифлеим и Beauty купувачите или клиентите што сте ги поканиле. Исто така, немате овластување да купувате, продавате или генерално да склучувате договори во наше име или за наша сметка или во име и за сметка на која било друга компанија во групата Орифлеим. Вие признавате и се согласувате дека не сте „комерцијален агент“ во смисла на важечките закони на Територијата и дека немате право на никаков надоместок или отштета по раскинувањето на вашата врска со Орифлеим

11.4 Бренд партнерите и Beauty купувачите се обврзани со нашиот етички кодекс и правила на однесување. Ве охрабруваме да го известите нашиот тим за поддршка на клиентите за какво било нефер, агресивно или на друг начин несоодветно однесување од страна на партнерите на брендот. Како Beauty купувач, ќе мора да се придржувате до важечките правила на Етичкиот кодекс и Кодексот на однесување на Бренд партнери и Beauty купувачи на кога поканувате нов член во Орифлеим.

11.5 Секогаш можете да изберете да се регистрирате како Орифлеим Бренд партнер. Откако ќе се регистрирате како Бренд партнер на Орифлеим, вашата регистрација како Beauty купувач автоматски истекува.

12.   ТРГОВСКИ МАРКИ И АВТОРСКИ ПРАВА

12.1   Oriflame, нашето лого и имињата на Производите или асортиманот на Производи што ги произведуваме, пласираме на пазарот, продаваме или дистрибуираме се трговски марки на Групацијата Oriflame. Сите други трговски марки, услужни марки и логоа што се користат на Страницата се трговски марки, услужни марки или логоа на нивните соодветни сопственици кои може да се или може да не се припоени, поврзани или спонзорирани од Oriflame. За секакво користење и/или копирање на марките што се појавуваат на Страницата, потребна е претходна изрична согласност од нивниот соодветен сопственик.

12.2   Целата содржина што е вклучена или достапна преку Страницата, вклучувајќи го, но не ограничувајќи се на софтверот или дигиталниот код, скриптите, текстот, цртежите, фотографиите, графиката, логоата, иконите на копчињата, неподвижните или подвижните слики, видео и аудио клиповите и компилациите на податоци („Содржината“) се сопственост на Oriflame, неговите добавувачи на Содржина или другите соодветни сопственици кои може да се или може да не се припоени, поврзани или спонзорирани од Oriflame. За содржината што не е во наша сопственост, имаме уредна лиценца од овие сопственици и е заштитена од неовластено користење, копирање или размножување со авторски права, трговски марки, публицитет и други закони и со меѓународни спогодби.

12.3   Освен ако изрично не го дозволиме тоа во писмена форма, нема да ја снимате, репродуцирате, изведувате, пренесувате, продавате, лиценцирате, менувате, да создавате изведени дела од или врз основа на, повторно да ја објавувате, да вршите обратен инженеринг, да ја прикачувате, уредувате, објавувате, предавате, јавно да ја прикажувате, врамувате, поврзувате, дистрибуирате или искористувате во целост или делумно која било Содржина. Ништо што се содржи во овие Услови или на Страницата не треба да се толкува како давање, имплицирано или на друг начин, каква било лиценца или право за користење на која и да било Содржина на каков и да било начин без претходна писмена согласност од нас или од таква трета страна која може да ја поседува Содржината или интелектуалната сопственост прикажана на Страницата.

12.4   Страницата е заштитена со авторски права. Строго е забрането репродуцирање, копирање, продавање, препродавање или тргување со Страницата.

12.5   Секое користење на Содржината кое е различно од она што е дозволено во овие Услови, ќе претставува кршење на Условите и може да претставува повреда на авторските права и/или правото на дизајн и/или патентот. Се согласувате дека нема да ја користите Содржината за какви било незаконски цели и дека нема да ги кршите нашите права или правата на другите. Се согласувате дека нема да ги попречувате (или да дозволите трето лице со користење на вашата регистрација да ги попречува) нормалните процеси или користењето на Страницата од други страни, вклучувајќи го без ограничување обидот за пристап до административните области на Страницата.




13.   РАСКИНУВАЊЕ; ИЗМЕНУВАЊЕ

13.1  Ние ќе утврдиме во секое време дали ги исполнувате овие Услови или не според нашето дискреционо право. Секое кршење на Условите може да резултира со ограничувања на вашиот пристап и користењето на целата или дел од Страницата.

13.2   Ако не успееме да ве натераме да ги извршите сите ваши обврски според овие Услови, или ако не ги спроведеме нашите права против вас, или ако истото го одложиме, тоа нема да значи дека сме се одрекле од нашите права против вас и нема да значи дека не мора да ги исполнувате таквите обврски. Ако се одрекнеме од некој прекршок што сте го направиле, тоа ќе го направиме само во писмена форма, и тоа нема да значи дека автоматски ќе се одрекнеме од подоцнежните прекршоци што ќе ги направите.

13.3   Го задржуваме правото да ја измениме или прекинеме оваа Страница, или кој било нејзин дел, без да ве известиме вас или третата страна.

 

14.   ГРЕШКИ И ИСПРАВКИ

Може да обезбедиме врски до веб-страниците или ресурсите на трети страни. Нашето обезбедување на такви врски не е одобрување на какви било информации, Производ или услуга постигната преку таква врска. Ние не сме одговорни за содржината или перформансите на кој и да било дел од Интернетот, вклучително и други веб-страници со кои Страницата може да биде поврзана или до кои може да се пристапи од Страницата. Ве молиме информирајте нè за какви и да било грешки или несоодветен материјал којшто пронајден на веб-страниците со кои е поврзана оваа Страница.

 

15.   ВРСКИ

Може да обезбедиме врски до веб-страниците или ресурсите на трети страни. Нашето обезбедување на такви врски не е одобрување на какви било информации, производ или услуга постигната преку таква врска. Ние не сме одговорни за содржината или перформансите на кој било дел од Интернетот, вклучително и други веб-страници со кои оваа страница може да биде поврзана или до кои може да се пристапи од оваа страница. Ве молиме информирајте нè за какви било грешки или несоодветен материјал пронајден на веб-страниците со кои е поврзана оваа страница.

 

16.   ПОСТАПУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И ПРИГОВОРИ

16.1  Секогаш можете да поднесете каква било жалба, прашање или барање до Службата за корисници на Oriflame на info@oriflame.mk или да ни се јавите на +389 (02) 3235-777.

16.2.  Без да го нарушиме нашето заемно право да го изнесете на суд спорот кој на каков и да било начин е поврзан со вашето користење на Страницата или на Производите што сте ги купиле од нас, ќе дадеме сè од себе да го решиме таквиот приговор со пријателски преговори за да дојдеме до заемно прифатливо решение, отколку да одиме на суд. Пред сè, разговарајте за проблемите и упатувајте ги сите барања до нашиот тим од службата за корисници. Меѓутоа, во секое време имате право да ги изнесете сите можни приговори до Националниот центар за советување на потрошувачи на Територијата.

 

17.   МЕЃУНАРОДНИ ЗАКОНИ И НАДЛЕЖНОСТ

17.1  Овие Услови се регулираат со законите на Територијата и за сите приговори кои произлегуваат, или се поврзани со овие Услови, ќе одлучуваат само надлежните судови на Територијата.

 

18.   ОПШТИ ОДРЕДБИ

18.1.  Oriflame не е одговорен за блокирањето од администраторите на серверите за пошта кои ги пренесуваат пораките или известувањата до вашата адреса за е-пошта или за отстранувањето или блокирањето на е-поштата преку софтвер што е инсталиран на вашиот компјутер.

18.2.  Oriflame строго се придржува кон Светската федерација на здруженија за директна продажба (WFDSA) (Кодексот за етика за директна продажба на WFDSA). Oriflame бара од своите Бренд-партнери и Beauty купувачи строго да се придржуваат кон овие кодекси, кои понатаму се имплементирани во Кодексот за етика и правила на однесување на Oriflame.

18.3  Може да ги пренесеме нашите права и обврски под договор на друга организација, но тоа нема да влијае врз вашите права или нашите обврски според овие Услови.

18.4  Можете да ги пренесете вашите права или обврски според овие Услови на друго лице само ако се договориме во писмена форма. Меѓутоа, ако сте го купиле Производот како подарок, можете да го пренесете користењето на нашата гаранција во клаузулата 7 на примателот на подарокот без да треба да ја побарате нашата согласност.

18.5  Секој договор е помеѓу вас и нас. Ниту едно друго лице нема да има право да спроведува некој од неговите услови. Меѓутоа, примателот на Производот како подарок ќе може да ја користи нашата гаранција во клаузулата 7, но нам и вам нема да ни треба нивната согласност за откажување или правење какви било промени на овие Услови.

18.6.  Ако која било одредба од Условите се смета за незаконска, неважечка или од која било причина не може да се спроведе, невалидноста на таа одредба нема да влијае врз валидноста на останатите Услови.

18.7.  Неуспехот на Oriflame да спроведе некоја од одредбите коишто се наведени овде нема да се смета како откажување од нивната извршност.

18.8.  Освен ако не одлучите поинаку, може да ви испраќаме предупредувања, известувања, е-пошта, директна пошта и генерално да комуницираме со вас. Можете да ги ажурирате вашите преференции за маркетинг комуникација од нас во секое време така што ќе се најавит на вашите кориснички поставки. Со прифаќање на овие Услови, вие се согласувате Oriflame да ви испраќа какви било други информации/комуникации во врска со вашиот договор и/или вашите нарачки за купување на издржлив медиум освен хартија (т.е. преку е-пошта или какви било други средства упатени лично до вас, што ви дозволуваат да ги складирате информациите на начин достапен за идна референца за доволно долг период и тоа исто така ви овозможува непроменета репродукција на таквите информации).

18.9.  Секое известување дадено според овој Договор што е дадено со евидентирана достава преку брза пошта или пошта од прва класа на адресата на страната утврдена во овој Договор, или на друга адреса што ќе биде известена одвреме навреме писмено од едната страна на другата, ќе резултира со период на известување што ќе започне да работи (i) во случај на евидентирана достава со брза пошта следниот ден по објавувањето на таквото известување, и (ii) во случај на пошта од прва класа од вториот работен ден по објавувањето на таквото известување. Доколку известувањето е дадено со какви било други средства, периодот на известување започнува да работи на денот на вистинското примање на известувањето. Ова не важи за информирањето за враќање според клаузулата 9 – временскиот период за враќање тече од датумот на кој ќе нè информирате дека сакате да го вратите Производот.       

18.10. Како малопродажен клиент, немате права да учествувате во нашата шема за тргување: нашите Производи ви се доставуваат исклучиво за ваша лична употреба и не смеете да ги продавате или препродавате Производите што ги купувате од нас; не смеете да ја пласирате нашата деловна можност или да се обидувате да ангажирате други; и не смеете да заработувате никакви провизии или бонуси според нашиот план за компензација.

18.11  Дополнителните релевантни информации за Orifleim kozmetika dooel (limited) се наведени подолу.

Име: Orifleim kozmetika dooel

Адреса: Mitropolit Teodosij Gologanov, 32

Детали за контакт: Телефон: +389 (02) 3235-777 е-пошта: info@oriflame.mk

Трговски или друг јавен регистар

Судски Регистар регистарски број 35020160019741

ДДВ број: MK4030996230326



19.   КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ
Ако имате некакви грижи во врска со Страницата или со овие Услови, испратете ни е-пошта на info@oriflame.mk или јавете се на бројот +389 (02) 3235-777. Ќе вложиме секакви разумни напори да им се посветиме на вашите грижи и да ги поправиме сите проблеми на кои ќе ни свртите внимание.     

 


Скопје, 13.4.2023