Skip to main content Skip to main menu Skip to search
  1. Почетна
  2. Одржливост
  3. Нашиот пристап

Да бидеме целосно одржлива компанија

Бидејќи бевме една од првите компании што користат растителни екстракти во нашите производи за нега на кожа, секогаш целиме кон коритење состојки од обновливи растителни извори. Направивме голем напредок од нашиот почеток, сепак, патот пред нас е долг и има уште многу работи што треба да се направат.

Нашиот пат кон одржливост е долг. Сепак, со оглед на карактерот и на големината на нашиот бизнис, имаме можност да ги прифатиме одговорноста и можноста да оствариме вистинска, трајна и позитивна промена.



Успешни луѓе

Вистински сакаме да им помогнеме на луѓето да најдат начин да ги постигнат своите цели. Преку нашите вработени, Консултанти за убавина, доставувачи, општествата во кои работиме и преку нашите ценети потрошувачи, можеме да им помогнеме на луѓето низ светот да постигнат успех.

Прекрасни производи

Помагаме за создавање убавина и добросостојба за многумина, а притоа ги почитуваме луѓето и природата. Тоа значи дека создаваме производи што се општествено и етички одговорни, како и одговорни за средината.

Здрава планета

Се залагаме да создадеме одржлив бизнис. Нашата стратегија се темели на целосно разбирање на нашето влијание и долготрајна обврска кон принципите за одржливост.