Како можам да се регистрирам во Орифлеим и да станам Бренд Партнер (Член)?
Личноста која се регистрира станува Бренд Партнер (Член) и под поимот Бренд Партнер се подразбира било кој Орифлем член.
Регистрација во Орифлем можете да направите многу едноставно во само неколку чекори на веб страната www.oriflame.mk На почетната страна на веб страната кликнете на полето ПРИДРУЖИТЕ НИ СЕ/СТАНИ БРЕНД ПАРТНЕР:
За регистрација доволно е да ги внесете основните лични податоци на следниот линк
Вашето членство ќе биде поврзано со постоечки член кој станува Ваш спонзор.
Покрај внесување на личните податоци, неопходно е да ги прочитате и прифатите Општи услови и Политика за тајност на податоците.
НАПОМЕНА: немојте да ја напуштате веб страната додека не ја завршите регистрацијата и активацијата на налогот! При регистрацијата потребно е да се определите на кој начин сакате да го активирате Вашиот налог: преку СМС или преку маил. Кога ќе ја завршите регистрацијата и кога ќе го активирате налогот, ќе добиете маил со Вашиот членски број како Бренд Партнер и лозинка која сте ја креирале при регистрацијата.