Што претставува попустот што се враќа во мојот Орифлеим паричник (само за Beauty Купувачи)?
"Cashback" или Поврат на средства е попуст пресметан од каталошката цената, вратен во вашиот паричник и искористен за плаќање на следните нарачки. Секој Beauty купувач добива 15% поврат во паричникот од вкупниот износ на вредноста на нарачката.
Повратот на средства автоматски се применува при наплата на нарачката. Вкупниот Поврат на средства (Cashback) што се користи за една нарачка не може да надмине 50% од вредноста на нарачката. Ако акумулираните пари се повеќе од 50% од вредноста на нарачката, вишокот износ ќе се зачува и ќе биде достапен за употреба при идни нарачки. Cashback важи за време на кампањата во која е генериран и за следните 3 целосни катлози и ќе истече на крајот на третиот каталог. Кога ќе се акумулираат средствата назад на сметка или се ближи нивниот истек, ќе добиете известување на вашата сметка.
Не можете да добиете поврат за производи без бонус поени; како што се такси, печатени материјали или примероци.
За нивната прва нарачка, Beauty купувачите добиваат 15% Попуст за добредојде, но повратот на средства на таа нарачка сепак се пресметува врз основа на оригиналната целосна цена на производот.
За да го проверите салдото, одете во вашиот Орифлеим паричник во главното мени.