Меѓународно спонзорство - Најчесто поставувани прашања
Што е меѓународно спонзорство?
Меѓународното спонзорство ви овозможува да ја проширите вашата заедница за убавина на глобално ниво со поканување на Beauty купувачи и Бренд партнери од каде било во светот на Орифлеим. Користете го вашиот код за покана или линк за покана на кој било од нашите поддржани пазари, помагајќи ѝ на вашата заедница за убавина да расте ширум светот на навистина беспрекорен начин. Прочитајте повеќе за тоа овде. [додадете врска до статијата Што има ново]
Како функционира новиот систем - код за покана?
Почнувајќи од 11 Јули, вашиот код за покана ќе добие ажурирање на префиксот и ќе функционира на глобално ниво. Ова значи дека можете да го споделите вашиот код за покана или линк за покана на социјалните медиуми, СМС, WhatsApp или лично. Секој новодојденец што го користи ќе се приклучи на вашата заедница за убавина, без оглед на нивната локација на кој било од нашите пазари.
Како да го најдам бројот на мојот Бренд партнер во странски земји каде што сум спонзорирал/а?
Откако вашиот прв Beauty купувач или Бренд партнер ќе се регистрира во странската земја, ќе добиете е-маил со информации за вашето најавување и лозинка. Ако не можете да ги најдете вашите детали за најавување, можете да ја користите опцијата „Промени ја лозинката“ на веб-страницата на Орифлеим на таа странска земја.
Според кој план за наградување ќе добијам исплата?
Ќе добиете исплата според Планот за наградување во вашата матична земја.
Како функционира затворањето на Глобалниот каталог?
- Сите меѓународни пазари на Орифлеим се сумирани во Глобален каталог.
- Затворањето на Глобалниот каталог се случува 1-2 каталози по локалното затворање бидејќи сите маркети имаат различни датуми на Каталози.
- Вкупниот обем и структура на продажбата ќе ја дефинираат вашата конечна титула и исплата
- Меѓународната заработка се исплаќа во локалниот маркет со следната исплата на бонус, значи со едно доцнење на Каталогот
- Глобалните титули и паричните награди се засноваат на правилата и условите на вашата матична земја.
- Меѓународното спонзорство вклучува: Попуст за поканување нови Beauty купувачи, Cashback, Бонус од прва линија на Бренд партнери, Тимски бонус, Програма плус, Бонуси за напредок, Менаџерска конференција, Глобални Директорски Бонуси, Квалификации за глобална Менаџерска конференција, Глобални парични награди. Другите локални бонуси и стимулативни програми не се вклучени во глобалната заработка.
Може ли да бидам Beauty купувач во странска земја додека сум Бренд партнер во матичната земја?
Не, статусот во странска земја секогаш го следи статусот во матичната земја. Ако го намалите статусот на Beauty купувач, ќе бидат намалени и сите меѓународни сметки..
Дали Beauty купувачите можат да отворат меѓународна сметка?
Да, секако.
Може ли да користам странски Бонус поени за да ги исполнам локалните лични таргети за Бонус поени?
Да, и личните нарачки и нарачките од вашите Beauty купувачи од прва линија се земаат предвид за локалното остварување на Бонус поени..
На кој начин ќе ми биде исплатена глобална провизија?
Треба да ги пополните сите локални барања, а исплатата го следи локалниот процес. На пример, глобалната Програма Плус ќе се плаќа на вашиот паричник во матичната земја, додека Глобалните бонуси за напредок ќе се плаќаат како провизија во матичната земја.
Колку Бонус поени треба да исполнам за да заработам меѓународни провизии?
Се следат барањата на вашата матична држава, на пр., 100/150 Бонус поени за Тимски бонус и Бонус за напредок и 200 Бонус поени за Директорски бонус. За добивање локални и глобални парични награди важат условите од Планот за наградување во матичната земја.
Што ако не го зборувам јазикот на странска земја каде што сакам да бидам спонзор?
Ќе треба да користите надворешни алатки за да ја преведете содржината за да ја разберете..
Kои други информации треба да ги знам во врска со меѓународното спонзорство?
- Меѓународното спонзорство не е достапно во Кина или Виетнам. Дополнително, поради специфичните регионални ограничувања, спонзорството не може да се случи меѓу Русија и Украина..
- Меѓународното спонзорирање не е достапно во рамките на операциите на франшизата во следните земји: Костарика, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас, Никарагва, Непал, Судан, Либан и Саудиска Арабија.
- Известувањата од странски земји ќе бидат на локалниот јазик.