Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување
  1. Почетна
  2. Грижа за корисници
  3. Производи, бизнис, алатки и програми
  4. Дали можам да станам меѓународен Бренд-партнер (член)?

Дали можам да станам меѓународен Бренд-партнер (член)?

Орифлеим нуфи меѓународна програма за спонзорство на пазари кои работат на истите деловни принципи како Орифлеим во Македонија. Доколку стезаинтересирани да го проширите вашиот бизнис надвор од границите на земјата во која живеете, може да добиете список на земји каде што вашите соработници и вие можете да бидете меѓународни спонзори

Ваша одговорност е да се грижите за активностите на соработниците кои се во вашата меѓународна структура.

На пример, ако вашиот македонски соработник има мрежа во Босна и по 12 месеци неактивност е прекината во неговата матична земја Македонија, неговата меѓународна мрежа во Босна (еден соработник или цела група) нема автоматски да се префрли на вашиот меѓународен број , како што тоа се случува во матичната земја.

Ваша должност и обврска како Лидер е навреме да ја пријавите новонастанатата состојба, за навреме да реагирате и да не изгубите вредни соработници.

За да го активирате меѓународниот членски број, сè што треба да направите е да го побарате меѓународниот членски број на веб-страницата за земјата во која сакате да го проширите вашиот бизнис.

Кога барате да отворите меѓународен број, потребно е да ја изберете земјата, а сите други лични податоци ќе бидат копирани од базата на податоци на матичната земја.

Заработката остварена врз основа на операции со меѓународна мрежа се исплаќа во матичната земја со еден месец доцнење.

Услов за исплаќање е минимум 100 Бонус-поени за лично купување во матичната земја.

Меѓународниот членски број и лозинката ќе бидат препратени на вашата е-маил адреса.

Во делот МОЈ БИЗНИС има дел РЕГРУТИРАЊЕ, а потоа МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА: