Како можам да изградам свој тим?
На самиот почеток, како Бренд-партнер, прво ќе ги запознаете производите и светот на убавината на Орифлеим и ќе ги искористите своите знаења и вештини за да ги препорачате производите на семејството, пријателите, колегите и познаниците.
Кога поканувате нови луѓе да станат Bренд-партнери и им помагате да ја искористат деловната можност, вие исто така го зголемувате вашиот потенцијал за раст и развој.
- ПРОСПЕКТИНГ И РЕГРУТИРАЊЕ
Проширете ја вашата листа со контакти и предложете им на новите Бренд-партнери да создадат свои за време на обуката „Како да започнете“. Обучете ги Бренд-партнерите да започнат со списоци со телефонски контакти, социјални медиуми и препораки за пријатели.
Разговарајте со најмалку три лица секој ден, информирајте ги за Орифлеим, производите и можностите за дополнителна заработка. Направете го ова ваша дневна цел, а истото научете ги и вашите Бренд-партнери да го прават истото.
Организирајте презентации за бизнис можности 2-3 пати неделно. Важно е да ги одржувате редовно, за вашите соработници да знаат кога и каде да ги донесат своите потенцијални нови членови. На крајот од секоја презентација одржете обука „Како да започнете“. Активирајте нови соработници, охрабрувајќи ги да ја направат својата прва нарачка и задолжително поканете ги на следниот состанок или обука.
- СЛЕДЕЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА ТИМОТ
Важно е вашите членови да бидат активни и да прават нарачки во секој каталошки период.
Останете во контакт со вашите Бренд-партнери - покажете интерес за нивната продажба и регрутирање. Поканете ги на настани и обуки.
Контактирајте со сите Бренд-партнери кои не направиле нарачка во последниот каталошки период и дознајте зошто биле неактивни.
Промовирајте модули за е-учење, кои ќе им помогнат на вашите Бренд-партнери да развијат вештини за продажба и регрутирање.
Направете групен разговор на социјалната мрежа за да го препознаете успехот на вашите соработници - од прв ред, регрутирање нови членови до стекнување статус.