Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

На кој начин можам да платам нарачка?

1. Сметката можете да ја платите при испорака – директно на курирот кога ќе Ви ја испорача пратката.

Во продолжение објаснување како можете да изберете начин на плаќање:

Во текот на порачување во четвртиот чекор ПЛАЌАЊЕ, одберете ја опцијата Плаќање при испорака:

 

 

 

Со бирање на оваа опција, износот на порачката ќе Ви биде наплатен од страна на курирот при испорака на пакетот. Плаќањето е можно само во готовина.

НАПОМЕНА: Доколку сте го избрале овој начин на плаќање, во последниот чекор пред да ја пласирате порачката, СЕКОГАШ е видлив избраниот начин на плаќање:

Доколку не сте го одбрале овој начин на плаќање а системот Ви го доделил, обавезно проверете дали е надминат кредитниот лимит за порачување и во тој случај проверете ја вредноста на порачаните производи.

2. Плаќање на фактурата може да биде на 14 дена одложено, доколку сте ги проследиле сите потребни документи со кои се остварува право на одложено плаќање (пополнет и потпишан формулар за зачленување). Oпцијата за одложено плаќање се наплаќа 65ден. Овој начин на плаќање е достапен само за регистрираните Бренд партнери.

Неопходните документи е потребно да ги испратите на info@oriflame.mk а Компанијата после проверката ќе одлучи дали ќе одобри одложено плаќање. Компанијата го задржува правото да одлучи за секој поединец посебно.

Зa плаќање на одложено во четвртиот чекор при порачувањето, одберете опција Плаќање по фактура:

3. Исто така, можете да изберете да ја платите фактурата, бесплатно, брзо, едноставно и сигурно користеќи ја опцијата за Уплата со картичка.


                                                                        

4.Вашата фактура можете да ја платите и без одење во банка, директно на нашата веб страна откако ќе се пријавите на Вашиот налог. Во секцијата НАРАЧУВАЊЕ/ИСТОРИЈА НА НАРАЧКИ, изберете ја фактурата која сакате да ја платите така што ќе кликнете на неа и со клик на ПЛАТИ ОНЛАЈН завршете го плаќањето.