Зошто добив известување за доцнење ако сметката е веќе платена?
Доколку сте ја платиле вашата сметка во банка или онлајн и сте добиле известување за доцнење, ве молиме испратете доказ за плаќање на info@oriflame.mk
Уште побрз начин да го проверите плаќањето е да не контактирате преку телефон, а доколку е потребно, одделот за финансии ќе ве контактира подоцна за дополнителни проверки.
Во случај да сте го пречекориле рокот за плаќање, системот автоматски ќе наплати договорна камата од 50 денари доколку доцни 5 дена, а доколку доцни повеќе од 21 ден, ќе се додадат 250 денари.
НАПОМЕНА: за да може уплатата да биде видлива, потребно е да помине најмалку еден работен ден.