Кој е дозволениот кредитен лимит за нарачка?
За одобрување на кредитниот лимит потребно е да ги имате доставено сите потребни документи кои го остваруваат правото на одложено плаќање (копија од лична карта и пополнет и потпишан формулар за апликација).
Доколку правото на кредитна способност се оствари со испраќање на потребната документација, кредитниот лимит за прва нарачка е 7.200,00 денари.
Доколку првата нарачка се подмири во целост, кредитниот лимит се зголемува на 15.000,00 денари, што е максимален износ на кредитниот лимит одобрен на сите Бренд-партнери.
Може да имате поголем број нарачки во рамките на кредитниот лимит, под услов да не е надминат рокот за плаќање на која било претходна фактура.
Компанијата го задржува правото да одлучува за кредитниот лимит за секој поединец.