Што е кредитен лимит и како можам да го остварам?
Кредитен лимит е максималниот износ за купување по број на членство. Може да имате поголем број нарачки во рамките на кредитниот лимит, под услов да не е надминат рокот за плаќање на која било претходна фактура.
За одобрување на кредитниот лимит потребно е да ги имате доставено сите потребни документи кои го остваруваат правото на одложено плаќање (копија од лична карта и пополнет и потпишан формулар за апликација).Компанијата го задржува правото да одлучува за кредитниот лимит за секој поединец.
Надоместокот за одложено плаќање е 95 денари.
Доколку сакате да нарачате над дозволениот кредитен лимит, тоа можете да го направите само доколку нарачката ја платите по курир при испораката.
Забелешката за начинот на плаќање ќе биде јасно видлива при нарачката, а многу е важно да не ја игнорирате доколку плаќањето при испорака не ви одговара.