Ќе платам ли камата ако задоцнам со плаќањето на фактурата?
Орифлеим не наметнува никакви минимални услови за купување на своите бренд-партнери, без разлика дали се работи за количина или вредност. Обврска на бренд-партнерот е да ја плати фактурата за купените производи во рокот.
Само за регистрираните Бренд партнери , плаќањето на фактурата може да се одложи за 14 дена (со плаќање на надоместок за одложено плаќање од 95 денари), доколку се доставени сите потребни документи кои го остваруваат правото на одложено плаќање (копија од лична карта и пополнет и потпишан образец за вклучување). Потребните документи мора да се испратат на е-маил адресата info@oriflame.mk, а Компанијата ќе го одобри одложеното плаќање по проверка.
Компанијата го задржува правото да одлучи за одложено плаќање за секој поединец.
Во случај кога рокот за плаќање е надминат за повеќе од 5 дена, системот автоматски ја пресметува договорната камата од 50 денари, а износот на пресметаната камата ќе биде прикажан и наплатен при првата наредна нарачка. По подмирувањето на долгот на спорната сметка, новиот налог продолжува без прекин.
Доколку доцнењето е повеќе од 21 ден, покрај пресметаната договорна камата од 300 денари, автоматски се губи можноста за задоцнето плаќање и не може да се нарача додека не се подмири вкупниот долг на сметката на Бренд партнерот.