Како да нарачам производи од делот „ТВОИТЕ ПОНУДИ“?
На вториот чекор се наоѓа опцијата ТВОИТЕ ПОНУДИ. Сите понуди за кои сте оствариле услов, ќе бидат видливи во овој чекор при правењето на нарачката.
Во текот на порачувањето, во делот ТВОИТЕ ПОНУДИ, видлив е списокот на производи кои можете да ги порачате од Програмата за Лојалност или Програмата за добредојде. Потребно е да го пронајдете производот што го сакате, а потоа потврдете и додадете го во корпа.
За Програмата за Добредојде многу е важно порачката да има минимално 100 бонус поени, тоа е услов за учествување во овој програм и услов да се појават производи за одабир во ТВОИТЕ ПОНУДИ.
Сите детали од Програмата за Добредојде погледнете ги во НОВОСТИ/АКТУЕЛНИ ПОНУДИ И МАТЕРИЈАЛИ/ПРОГРАМ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ-актуелен месец.
За Програмата за Лојалност многу е важно порачката да има минимум 25 бонус поени, тоа е услов за учествување во овој програм и услов да во ТВОИТЕ ПОНУДИ се појават производи за одабир!
Сите детали за Програмата за Лојалност погледнете ги во делот НОВОСТИ - Актуелни Понуди и програми во Каталог.
- Собирајте бодови за лојалност кои ги добивате за секој купен производ.
- Заменете ги бодовите за производи од различни категории: 100, 300, 500 или 800.
- Додадете го избраниот производ во било која порачка со услов од минимум 25 бонус поена.
- Истовремено можете да одберете производи од различни категории. На пример, ако имате 500 бодови, можете да изберете 2 производи од категоријата 100 и 1 производ од категоријата 300.
- Бодовите за лојалност важат шест месеци наназад, без тековниот.
- Пратете ја состојбата на Вашите бодови во извештајот кој се наоѓа во полето МОЈОТ БИЗНИС/ИЗВЕШТАИ/LP EXPIRY ONLINE за себе и соработниците од Вашата структура.
Производите од Програмата за лојалност се додаваат во Вашата порачка по цена од 59 денари.Во текот на порачувањето на производи од Програмата за Лојалност видлива е информацијата колку бодови за лојалност имате на располагање.
Кога ќе завршите со одабирот на производи, состојбата на бодовите ќе се промени па е многу едноставно да се испрати колку бодови за лојалност Ви останува на располагање.