Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Каде може да ми биде испорачан пакетот?

Сами бирате каде сакате да Ви биде испорачен пакетот.

Местото на испорака се бира во третиот чекор – ДОСТАВА.

ПОСЛЕДНО КОРИСТЕНО – ако ова е Ваш избор, пакетот ќе стигне на истата адреса како и минатиот пат.

ИСПОРАКА НА ДОМАШНА АДРЕСА – испораката може да биде на адресата која е веќе внесена при регистрацијата или на додатна алтернативна адреса која е евидентирана на Вашиот профил. Предност на овој тип на испорака е тоа што пакетот ќе Ви биде испорачан на домашна адреса со претходна најава.

За овој начин на испорака се одобрени опции Плаќање при испорака и Плаќање по фактура.

ПРЕВЗЕМИ НА САКАНАТА ЛОКАЦИЈА – Во паѓачкото мени понудена е претрага на Станица за испорака и наша препорака е да се распрашате која е спонзорска станица на Директорската структура во која сте зачленети. Предност на овој тип на испорака е што не сте обврзани да бидете на адреса во моментот на испорака, пакетот ќе биде превземен од сопственикот на спонзорската станица и во склад со работното време, можете да се договорите за испорака.

За овој начин на испорака не е можно да порачате со опцијата Плаќање при испорака.

Едноставна претрага на Спонзорски станици можете да направите во полето Пребарај со внесување на бројот на спонзорската станица или само неколку карактери од називот или адресата.

Интерактивната мапа може да Ви биде од помош како би во моментот на одабирот на Спонзорска станица би ја виделе точната локација или адреса.