Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување
  1. Почетна
  2. Грижа за корисници
  3. Нарачки, рекламации и достава
  4. Како можам да пријавам рекламација/враќање на производот?

Како можам да пријавам рекламација/враќање на производот?

Чекор 1: Пријавете ја рекламацијата на нашата веб страница

Најавете се на нашата веб-страница и потоа одете во полето ПОРАЧУВАЊЕ/РЕКЛАМАЦИИ и повторно во РЕКЛАМАЦИИ. Изберете го соодветниот број на фактура, потоа посакуваната опција за поднесување рекламација и едноставно следете ги понатамошните инструкции. Во овој процес ќе бидат побарани одредени дополнителни информации со цел рекламацијата да биде соодветно пријавена. Откако успешно ќе го пријавите избраниот тип на рекламација, службата за корисници ќе ја разгледа и обработи вашата жалба што е можно поскоро.

  •  Ако сакате да пријавите дека сте примиле оштетен производ:

Не заборавајте да прикачите фотографија од оштетениот производ бидејќи во повеќето случаи барањето може да се обработи само врз основа на фотографијата и не е потребно да се испрати оштетениот производ на адресата на Компанијата.

  • Компанијата ќе одлучи дали е потребно да се врати оштетениот производ на преглед

 

• Ако сакате да пријавите производ што недостасува во пакет:

При поднесување на ваков тип на рекламација, имате можност да изберете дали производот ќе ви биде испратен во посебна нарачка или додаден на следната. Можете исто така да ја откажете ако повеќе не ви треба производот, да побарате враќање на средствата ако сметката е веќе платена или намалување на сметката ако сметката допрва треба да се плати.

  • Ако производот не ги исполнува вашите очекувања:

    Во овој случај, секогаш можете да го вратите производот во рок од 14 дена од датумот на прием на пакетот.

    Потребно е производите да се неоштетени и во правилно и оригинално пакување без видливи оштетувања. Трошоците за враќање на производот во овој случај се на товар на купувачот.

  • Ако сакате да пријавите несакана реакција на некој производ:

Можете да пријавите несакана реакција на производот со пополнување на прашалникот што се наоѓа во делот ПОРАЧКА-РЕКЛАМАЦИЈА- Прашалник за несакани реакции.

 

Чекор 2: Доколку потврдиме дека треба да ни го вратите производот, ве молиме подгответе го и испратете го на адресата подолу. Неопходно е производот да биде затворен, спакуван во кутија и испратен на адреса:

Орифлеим Козметика д.о.о.

Бул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр.32

Скопје

 

Трошоците за враќање на производот се на товар на купувачот, освен ако тоа не е по вина на Компанијата, кога трошоците за испраќање на производот се на товар на Орифлеим..

Чекор 3: Враќање на средства

 

Во случај да треба да се вратат средствата, парите може да се уплатат на вашата тековна сметка или одредената сума може да се стави во претплатата за да се искористи како намалување при следната нарачка.

* Ако сте го купиле производот преку регистриран Бренд партнер, ве советуваме да го контактирате, бидејќи вашата рекламација дополнително ќе биде обработена преку тоа лице.

Рок за поднесување на рекламација

Вид на рекламации:

14 дена

- откажување на купувањето

- Недостаток на производ – Погрешно порачан производ

-Замена на производи

30 дена

- Враќање на производот под единствена гаранција за задоволство од квалитетот

2 години

- Рекламации за квалитетот на електронските уреди - Орифлеим е одговорен според гаранцијата за квалитет на производот доколку се забележи дефект на производот, тој мора да се пријави во рок од 2 години од датумот на испорака. Рекламациите треба да се пријават што е можно поскоро, но не подоцна од една година од датумот на откривање на дефектот.

Што е можно поскоро

- Алергиска реакција - веднаш штом ќе се забележи проблемот