Науката за нега на кожа
Нашите научници ги проучија лицата на 1.000 жени со нашето уникатно истражување AgeReflect™, со помош на врвни експерти за нега на кожа и независни експерти за проверка. Научниците ги идентификуваа знаците поради кои кожата изгледа старо, водејќи се од идејата дека возраста не е главен фактор за изгледот на кожата. За среќа, можеш да таргетираш специфични потреби на кожата кои придонесуваат за тоа како луѓето ја гледаат твојата возраст.
Со анализа на 23 фацијални карактеристики кај различни жени во истражувањето AgeReflect™, нашите научници идентификуваа 12 знаци кои најмногу придонесуваат за тоа како луѓето ја гледаат твојата возраст. Овие знаци ги решава линијата NovAge, наменски систем од таргетирана нега на кожа, создадена да ги реши потребите на твојата кожа, со клинички докажани линии кои ги таргетираат најважните знаци.
Орифлеим ги искористи резултатите од истражувањето AgeReflect™ и ги примени во своите лабаратории во Орифлеим институтот за нега на кожа.
Предизвикот за научниците од овој институт беше едноставен: создавање моќни решенија кои ќе им помогнат на луѓето да постигнат помладешки изглед. Нашите научници истражуваа и открија формули за различни линии кои клинички докажано ќе овозможат моќни резултати. Природните екстракти од матични клетки и напредните технологии овозможуваат NovAge да понуди неверојатни резултати, каде и кога се потребни, за да ги реши проблемите со стареењето на кожата.