Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Рутината за нега на кожа

Не постои само 1 производ што ги решава сите потреби на твојатакожа. Следењето на секојдневна рутина за нега на кожа е значајно за здрава и младешка кожа. Најновите научни истражувања покажуваат дека надворешните штетни влијанија на кои твојата кожа е постојано изложена, како што е загадениот воздух, го забрзуваат стареењето на кожата, и затоа е важно да се грижиме за својата кожа на систематски начин кој ќе помогне кожата да изгледа помладо.

Различните линии NovAge се специјално создадени за специфичните проблеми на кожата и заедно дејствуваат со другите производи од рутината. Рутината се состои од комбинирање различни текстури кои дозволуваат активните состојки подобро да се впијат во кожата. Исто така, активните состојки во производите се создадени да дејствуваат заедно додека се нанесуваат производите. Следењето на целата рутина овозможува твојата кожа да биде чиста, хидрирана и негувана.

Рутината за подмладување на Орифлеим е лесна рутина во 4 чекори, создадена да ги зголеми резултатите на твојата нега на кожа, за одличен изглед без разлика на годините. Потребни ти се само 2 минути, наутро и навечер, и резултатите се неизбежни.

1. Чистење
Чистењето е важен прв чекор кој овозможува да ја отстраниш шминката и другите нечистотии од кожата. Исто така овозможува производите подобро да се впијат и да се добијат најдобри резултати. Геловите, млеката и тониците за чистење лице на NovAge докажано ја чистат твојата кожа.

2. Очи
Кожата околу очите е чувствителна и има потреба од посебна нега. Кремите за очи NovAge се без мирис и се специјално создадени да ги овозможат моќните технологии на оваа чувствителна област.

3. Интензивен ефект
Серумите NovAge имаат лесен состав кој се впива брзо и лесно за да овозможи уште подобри резултати на твоите дневни и ноќни кремови.

4. Хидратација
Дневните и ноќните кремови NovAge имаат хидратантно дејство и состојки против стареење. Дневните кремови исто така овозможуваат заштита од надворешните фактори, а ноќните овозможуваат екстра-хранливо дејство додека спиеш.