Почетна
Сетови за нега на кожа
NovAge
NovAge Skinergise Сет
Погледнете ги сите 0 оценки

Опис

Напредна рутина за нега на кожа, за кожа со беспрекорен и здрав изглед. Помага за освежување, заштита и усовршување на кожата, веднаш и со текот на времето и помага за одложување на сите први знаци на стареење. Збогатен со Taurine технологија за енергија и екстракт од матични клетки од акаи-дрво. Клинички и дерматолошки тестирана рутина и тестирана од потрошувачи.

Оваа NovAge рутина со 4 чекора е твојата дневна основа за младолика и здрава кожа на секоја возраст. Научно создаден, со клинички докажани резултати. Само следи ја NovAge рутината двапати дневно, секој ден и уживај во резултатите.


НАЈМАЛКУ 7 ПАТИ ПОДОБРА КОЖА СО СЛЕДЕЊЕ НА NOVAGE РУТИНАТА - КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО∆∆

ЧЕКОР 1: ЧИСТЕЊЕ - ПОДГОТОВКА ЗА ДЕЈСТВО НА ВПИВАЊЕ

Чистењето на кожата наутро и навечер ги отстранува нечистотиите и создава идеални услови за впивање на другите производи од рутината.

  • Измиј го лицето со млака вода.
  • Нанеси од NovAge Напредниот гел за чистење лице на влажни дланки и протриј за да го распределиш гелот.
  • Со врвовите на прстите, нежно измасирај го гелот на влажно лице и избегнувај го пределот околу очите.
  • Темелно исплакни.
  • Нежно истапкај го лицето со сува крпа.

ЧЕКОР 2: ОЧИ - ФОКУС НА ОЧИТЕ

NovAge Кремовите за очи имаат полесен состав, не содржат парфем и се посебно создадени да целат на единствените потреби на пределот околу очите, како на наборите, подуеността и подочниците.

  • Нежно притисни и помини со апликаторот под очите.
  • Нежно тапкај додека да се впие во кожата.
  • Избегнувај директен контакт со очите.

ЧЕКОР 3: ИНТЕНЗИВЕН ЕФЕКТ - АКТИВИРАЈ ГО ДЕЈСТВОТО

NovAge Серумите ја активираат твојата рутина. Течниот состав на серумот е создаден успешно да ги пренесе своите својства за хидратација и зачувување на младоста, пред нанесувањето на дневниот или на ноќниот крем.

  • Притисни ја пумпичката еднаш и нанеси серум на задниот дел од дланката.
  • Земи од производот со врвовите на прстите и нанеси го подеднакво на целото лице, избегнувајќи го пределот околу очите.
  • Нежно истапкај го во кожата или нежно распредели по целото лице, додека не се впие.

ЧЕКОР 4: ХИДРАТАЦИЈА - ОБНОВУВАЊЕ И ЗАШТИТА

Дневниот и ноќниот крем ја хидрираат нашата кожа и ја снабдуваат со последниот слој активни состојки. Дневниот крем е создаден да помогне за хидратација и заштита на кожата, додека ноќниот крем е направен да ја обнови и освежи кожата за време на ноќта.

  • Нанеси 5 точки крем, со големина на грашак, на челото, двата образа, носот и брадата.
  • Нежно тапкај или масирај го лицето додека да се впие кремот. Избегнувај го пределот околу очите.

ΔΔКлинички докажани резултати со следење на NovAge рутината за нега на кожа, со користење на NovAge Skinergise Сетот и споредено со некористење производи.

Збогатено со Taurine технологија за енергија и екстракт од матични клетки од акаи-дрво.


Taurine технологијата за енергија
Сите производи

Оваа иновативна технологија содржи таурин од природно потекло што помага за освежување на кожата, така што ја зголемува клеточната енергија и ги освежува клетките, за тие подобро да функционираат. Таа, исто така, моментално хидрира, помага за одржување на виталноста на кожата, намалување на видливите знаци на умор и видливата појава на набори на кожата. Технологијата е засилена од скандинавски алги, кои докажано ги реструктурираат и штитат клетките.


Екстракт од матични клетки од акаи-дрво
Сите производи

Одбран поради своите неверојатни антиоксидантски моќи, екстрактот од матични клетки од акаи-дрво е познат по тоа што нуди заштита против слободните радикали. Тој, исто така, дејствува да ја поттикне хидратацијата и совршено го надополнува дејството на освежување на кожата на тауринот.


Дополнителни состојки:


Хијалуронска киселина
Крем за очи и Серум

Хијалуронската киселина природно се содржи во кожата и е позната по своите својства за регулирање и поттикнување на нејзинота хидратација што е клучно во борбата против првите знаци на стареење. Нејзино неверојатно својство е што може да содржи до 1000 пати повеќе вода, од сопствената тежина и веднаш создава чувство на пополнување на кожата. Таа, исто така, докажано ја зацврстува кожата и ја прави еластична, мека и мазна.


Никотинамид
Ноќен крем

Никотинамидот (витамин Б3) е моќна и делотворна состојка што ја потхранува и обновува кожата со многу позитивни ефекти против стареење. Оваа состојка помага за подобрување на еластичноста на кожата, видливо ја намалува појавата на набори на кожата и придонесува за здрав и балансиран горен слој на кожата.


Технологија против загадување
Дневен крем

Дневната урбана загаденост е позната по своето штетно влијание врз кожата и има потенцијал да предизвика прерано стареење, намалување на сјајот и на хидратацијата. Технологијата што штити од загадување ја штити кожата од негативното влијание на штетните честички од средината, како загадувањето. Создава невидлив слој, преку кој кожата може да дише и кој ги спречува штетните честички од загадувањето да дојдат во контакт со нејзиниот горен слој.


УВА и УВБ-заштита
Дневен крем

Заштитата на кожата од штетните зраци на сонцето овозможуваат клучна заштита од првите знаци на стареење и штета предизвикана од сонцето. NovAge Skinergise Ideal Perfection Дневниот крем содржи СПФ 30 и технологија со УВ-заштита, со посебни филтри што ја штитат кожата од штетните ефекти на УВА и УВБ-зраците, како и од штетата предизвикана од сонцето, која предизвикува прерано стареење на кожата.


Кофеин
Крем за очи

Првите знаци на стареење и на хаотичен животен стил (темни подочници и подуеност) најчесто се најизразени околу очите, кадешто кожата е потенка и понежна од другите делови на лицето. За да го смениме ова, NovAge Skinergise Ideal Perfection Кремот за очи содржи кофеин. Кофеинот е познат по поттикнувањето на микроциркулацијата и докажано ги намалува класичните видливи знаци на стареење и умор и помага за кожата околу очите да изгледа поодморено и свежо.


Пребиотик актив
Серум

Овој единствен пребиотик дејствува на повеќе нивоа, за да се бори против видливите старосни проблеми, како зголемените пори, а придонесува и за здравјето на кожата. Помага за поттикнување на обновата на клетките и ги отстранува мртвите клетки, за кожата да стане помазна и помека. Пребиотикот, исто така, ја намалува видливоста на порите и придонесува за поздрава состојба на кожата што му дава здрав изглед на тенот. Конечно, го поттикнува создавањето на хијалуронската киселина, која ја задржува хидратацијата и создава чувство на мазна и мека кожа.


Гликолна киселина
Ноќен крем

За да го врати сјајот на кожата додека спиеш, гликолната киселина дејствува за да ги обнови клетките и да направи пилинг на горниот стар слој на кожата. Пилингот ја овозможува појавата на нова кожа со поздрав изглед и помага за измазнување на површината на кожата, ги намалува видливите несовршености и го зголемува нејзиниот сјај Тој, исто така, е познат по тоа што го зголемува производството на колаген што може да помогне да се намали појавата на видливи набори.


Антиоксидантот витамин Е
Дневен и Ноќен крем

Овој познат антиоксидант игра клучна улога за заштита од слободните радикали што предизвикуваат стареење на кожата и кои можат да бидат предизвикани од загадувањето. Витаминот Е, исто така, помага за кожата да ја задржи потребната хидратација и да создаде еластичен, мазен и здрав горен слој на кожата.


Мат-пудра
Serum, Day Cream

За посвеж секојдневен изглед, NovAge Skinergise Ideal Perfection Серумот и Дневниот крем со СПФ 30, содржат лесна пудра што помага за впивање на вишокот масти и себумот и да создадат мат-ефект со прекрасен свиленкаст изглед. Технологијата, исто така, ја подобрува површината на кожата и помага таа да стане мека и мазна.


Оптички осветлувачи
Крем за очи

Оваа уникатна мешавина од округли минерални честички и оптички замаглувачи во прав ја одбива светлината и веднаш го зголемува сјајот на кожата. Мешавината, исто така, ја прекршува светлината и создава нежен фокус што ги замаглува и усовршува несовршеностите на кожата.


Silver-Reflect честички
Крем за очи и Серум

NovAge Skinergise Ideal Perfection Кремот за очи и серумот се збогатени со минерални честички во сребрена боја што ја одбиваат светлината. Ова создава единствен визуелен ефект по нанесувањето, кој прави кожата да изгледа поблескава.


Dual-Reflect честички
Серум

Оваа посебна мешавина за усовршување на кожата содржи сребрени и лелеаво розови минерални честички што дејствуваат како микроогледала за да создадат нежен взуелен фокус на лицето, така што ја распределуваат светлината во милион насоки. Овој ефект, веднаш ги подобрува сјајот на кожата и тенот, а наборите и несовршеностите се видливо намалени, без да ја покријата природната убавина на кожата.

NovAge Skinergise е нашата напредна линија за нега на кожа што овозможува кожата да се избори против првите знаци на стареење. Taurine Energising Технологијата ја зајакнува кожата и ги намалува видливите знаци на умор и ситните брчки. Клинички докажано ги намалува ситните линии, изгледот на порите и го подобрува сјајот до 25x.
Како собираме оценки? Дознај повеќе

Цена за достава:

Достава на домашна адреса -159 ден.

Достава до Спонзорска станица - 109 ден.

Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава


КЛИКНИ ОВДЕ И ДОЗНАЈ КАКО ДО БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА