Опис
За најдобри резултати нанесувај го по NovAge Серумот секоја вечер, како дел од твојата NovAge рутина.
NovAge рутината во 4 чекора е твојот дневен режим за младолика и здрава кожа на секоја возраст. Научно создадена, со клинички докажани резултати.
Само следи ја NovAge рутината двапати дневно, секој ден и уживај во резултатите.
Твојот ноќен крем го снабдува последниот слој од активни состојки во твојата вечерна рутина. Создаден е за да ја одржи хидратацијата и да помогне кожата да закрепне од ефектите на дневните штетни влијанија.
Со Taurine Технологија за енергија, екстракт од матични клетки од акаи-дрво, никотинамид, гликолна киселина и витамин Е.
Оваа иновативна технологија содржи таурин од природно потекло што помага за освежување на кожата, така што ја зголемува клеточната енергија и ги освежува клетките, за тие подобро да функционираат. Таа, исто така, моментално хидрира, помага за одржување на виталноста на кожата, намалување на видливите знаци на умор и видливата појава на набори на кожата. Технологијата е засилена од скандинавски алги, кои докажано ги реструктурираат и штитат клетките.
Одбран поради своите неверојатни антиоксидантски моќи, екстрактот од матични клетки од акаи-дрво е познат по тоа што нуди заштита против слободните радикали. Тој, исто така, дејствува да ја поттикне хидратацијата и совршено го надополнува дејството на освежување на кожата на тауринот.
Никотинамидот (витамин Б3) е моќна и делотворна состојка што ја потхранува и обновува кожата со многу позитивни ефекти против стареење. Оваа состојка помага за подобрување на еластичноста на кожата, видливо ја намалува појавата на набори на кожата и придонесува за здрав и балансиран горен слој на кожата.
За да го врати сјајот на кожата додека спиеш, гликолната киселина дејствува за да ги обнови клетките и да направи пилинг на горниот стар слој на кожата. Пилингот ја овозможува појавата на нова кожа со поздрав изглед и помага за измазнување на површината на кожата, ги намалува видливите несовршености и го зголемува нејзиниот сјај Тој, исто така, е познат по тоа што го зголемува производството на колаген што може да помогне да се намали појавата на видливи набори.
Овој познат антиоксидант игра клучна улога за заштита од слободните радикали што предизвикуваат стареење на кожата и кои можат да бидат предизвикани од загадувањето. Витаминот Е, исто така, помага за кожата да ја задржи потребната хидратација и да создаде еластичен, мазен и здрав горен слој на кожата.
Цена за достава:
Достава на домашна адреса -159 ден.
Достава до Спонзорска станица - 109 ден.
Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава