Нокти со линии
Забавни, шарени и половично природни - освежете го изгледот на вашите нокти со најновата комбинација за маникир од линии и негативен простор.
ПрочитајПразничните нокти се повторно достапни со две нови модерни нијанси и три од твоите омилени светкави нијанси. Се суши по шеесет секунди за да создаде нокти како од салон, за само еден миг. Долготрајниот состав е збогатен со Colour Command пигменти за да им додадат допир празничен гламур на твоите нокти. Уживај во новиот Комплекс за нега создаден да ги обнови ноктите и да ги направи поцврсти и посилни. Нанеси малку сјај со леснотија!
Користи ја техниката со три потези. Нанеси на четката доволно лак за само еден нокт. Започни од средината на долниот дел на ноктот и повлечи кон врвот со еден потег. Повтори следејќи го обликот на ноктот на секоја страна. Дозволи целосно да се исуши пред да нанесеш дополнителни слоеви, доколку се потребни.
The ONE Gloss N’Wear Лакот за нокти е збогатен со Комплекс за нега со масло од јаткасти плодови, какао-путер и со гликолна киселина за нега на ноктите. Новиот и подобрен долготраен состав е отпорен на бледеење и на гребење. Colour Command Пигментите создаваат впечатливо богат изглед. Ноктите се поцврсти и изгледаат посилно.