Опис
Со својата моќна концентрација на таурин од природно потекло, NovAge Skinergise Ideal Perfection серумот е супер решение што ја зајакнува енергијата и помага да се пополни твојата кожа и да се бори со првите знаци на стареење кои го намалуваат нејзиниот здрав изглед и природен сјај.
ДО 24 ЧАСОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ВЛАЖНОСТА, КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНОΔ2
МОМЕНТАЛНО ГО ПОДОБРУВА СЈАЈОТ НА КОЖАТА– 86% СЕ СОГЛАСУВААТ*1
Taurine Energizing технологијата ја обновува кожата, а истовремено работи на намалување на видливите знаци на замор и појавата на ситни линии. Pre-Biotic активната состојка помага да се минимизира појавата на порите и промовира подобрен тен. Хијалуронската киселина интензивно хидрира за повторно да се дебели и да се ревитализира за да се постигне сјај со здрав изглед. Матирачка пудра, честички кои рефлектираат сребро и честички со двојна рефлексија делуваат на намалување на видливите несовршености и ја оставаат кожата свиленкасто-мека на допир.
Со текот на времето, Pre-Biotic активната состојка делува на намалување на видливите пори и во површината и во бројот, додека ја измазнува, полира и ја подобрува целокупната текстура на кожата. Taurine Energizing технологијата ја ревитализира кожата, обезбедува ефект против замор и помага да се намали појавата на ситни линии. Екстрактот од растителни матични клетки од акаи помага да се обезбеди антиоксидантна заштита од слободните радикали, ја зајакнува хидратацијата и совршено го дополнува дејството на таурин за да помогне во обновувањето на клетките, енергизирање на кожата и одржување на нејзината виталност.
Збогатен со Taurine технологија за енергија, со екстракт од матични клетки од акаи-дрво, хијалуронска киселина, пребиотик актив, мат-пудра, Silver-Reflect честички и Dual-Reflect честички.
Не ги затнува порите. Клинички и дерматолошки тестирано и тестирано од потрошувачи.
За најдобри резултати нанесувај наутро и навечер, како дел од NovAge рутината.
NovAge рутината во 4 чекора е твојот дневен режим за младолика и здрава кожа на секоја возраст. Научно создадена, со клинички докажани резултати.
Само следи ја NovAge рутината двапати дневно, секој ден и уживај во резултатите.
NovAge Серумите ја активираат твојата рутина. Течниот состав на серумот е создаден успешно да ги пренесе своите својства за хидратација и зачувување на младоста, пред нанесувањето на дневниот или на ноќниот крем.
Збогатен со Taurine технологија за енергија, со екстракт од матични клетки од акаи-дрво, хијалуронска киселина, пребиотик актив, мат-пудра, Silver-Reflect честички и Dual-Reflect честички.
Оваа иновативна технологија содржи таурин од природно потекло што помага за освежување на кожата, така што ја зголемува клеточната енергија и ги освежува клетките, за тие подобро да функционираат. Таа, исто така, моментално хидрира, помага за одржување на виталноста на кожата, намалување на видливите знаци на умор и видливата појава на набори на кожата. Технологијата е засилена од скандинавски алги, кои докажано ги реструктурираат и штитат клетките.
Одбран поради своите неверојатни антиоксидантски моќи, екстрактот од матични клетки од акаи-дрво е познат по тоа што нуди заштита против слободните радикали. Тој, исто така, дејствува да ја поттикне хидратацијата и совршено го надополнува дејството на освежување на кожата на тауринот.
Хијалуронската киселина природно се содржи во кожата и е позната по своите својства за регулирање и поттикнување на нејзинота хидратација што е клучно во борбата против првите знаци на стареење. Нејзино неверојатно својство е што може да содржи до 1000 пати повеќе вода, од сопствената тежина и веднаш создава чувство на пополнување на кожата. Таа, исто така, докажано ја зацврстува кожата и ја прави еластична, мека и мазна.
Овој единствен пребиотик дејствува на повеќе нивоа, за да се бори против видливите старосни проблеми, како зголемените пори, а придонесува и за здравјето на кожата. Помага за поттикнување на обновата на клетките и ги отстранува мртвите клетки, за кожата да стане помазна и помека. Пребиотикот, исто така, ја намалува видливоста на порите и придонесува за поздрава состојба на кожата што му дава здрав изглед на тенот. Конечно, го поттикнува создавањето на хијалуронската киселина, која ја задржува хидратацијата и создава чувство на мазна и мека кожа.
За посвеж секојдневен изглед, NovAge Skinergise Ideal Perfection Серумот и Дневниот крем со СПФ 30, содржат лесна пудра што помага за впивање на вишокот масти и себум и да создадат мат-ефект со прекрасен свиленкаст изглед. Технологијата, исто така, ја подобрува површината на кожата и помага таа да стане мека и мазна.
NovAge Skinergise Ideal Perfection Кремот за очи и серумот се збогатени со минерални честички во сребрена боја што ја одбиваат светлината. Ова создава единствен визуелен ефект по нанесувањето, кој прави кожата да изгледа поблескава.
Оваа посебна мешавина за усовршување на кожата содржи сребрени и лелеаво розови минерални честички што дејствуваат како микроогледала за да создадат нежен взуелен фокус на лицето, така што ја распределуваат светлината во милион насоки. Овој ефект, веднаш ги подобрува сјајот на кожата и тенот, а наборите и несовршеностите се видливо намалени, без да ја покријата природната убавина на кожата.
Цена за достава:
Достава на домашна адреса -159 ден.
Достава до Спонзорска станица - 109 ден.
Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава