Технологија за контрола на себумот
Вишокот себум и мрсната кожа се чести кожни проблеми на луѓето со мрсна или комбинирана кожа и можат да се влошат при влажни временски услови и во загадена средина. Технологијата за контрола на себумот содржи екстракт од ферментиран псевдоалтеромонас, кој е морски организам што дејствува за намалување на производството на мрснотии и за намалување на порите на површината на кожата. Долготрајното користење, помага за намалување на вишокот производство на себум, смирува и ги намалува сјајот и големината на порите што видливо го подобрува изгледот на мрсната и на комбинираната кожа.
Micro-Sponge технологија
Напредна активна состојка добиена од пченка што поседува голема способност на впивање и карактеристики слични на сунѓер. Делотворно ги привлекува мрснотиите и го апсорбира вишокот себум, со што овозможува моментален мат-ефект и контрола на сјајот, кои можат да трајат во текот на целиот ден. Исто така, помага за задржување на хидратацијата и ја одржува кожата мазна и здрава.
Никотинамид
Исто така, познат како физиолошки активна форма на витамин Б3, никотинамидот е физиолошки активна состојка што има неколку предности за кожата. Истражувањата покажуваат дека ја зголемува еластичноста, придонесува за поздрав горен слој на кожата и ја подобрува нејзината површина. Исто така, видливо ги намалува порите и се справува со исипите со текот на времето.
Салицилна киселина
Оваа состојка се користи уште од антички времиња, за нејзините медицински својства. Често се користи за негување кожа со мозолчиња или со митесери и помага за отстранување на мртвите кожни клетки, што резултира со поизедначен тен и површина на кожата. Исто така, помага за одзатннување на порите и го намалува производството на себум со текот на времето.
Вита хидратантен комплекс
Составот е создаден делотворно да го намали вишокот себум и е збогатен со мешавина од хидратантни состојки, за одржување на хидратацијата на кожата и избегнување на чувството на затегната кожа.
AQUA, DISTARCH PHOSPHATE, NIACINAMIDE, BUTYLENE GLYCOL, GLYCERIN, ALCOHOL DENAT., PSEUDOALTEROMONAS FERMENT EXTRACT, POLYACRYLATE CROSSPOLYMER-6, PHENOXYETHANOL, IMIDAZOLIDINYL UREA, SALICYLIC ACID, DISODIUM EDTA, SODIUM SALICYLATE, MENTHOL