Почетна
Нега за усни
Love Nature
Love Nature Балсам за усни со ладен крем, пчелин восок и масло од бадеми
Погледнете ги сите 0 оценки

Опис

Балсамот за усни со ладна крема што ќе сакаш да го имаш со себе секаде, без разлика на сезоната! Лесно се нанесува и се топи на усните, со омекнувачки состав со природни масло од бадем и пчелин восок, создаден да ја потхрани и смири кожата, штитејќи ја од сурови и студени услови. Дерматолошки тестиран.

Нанеси на усните секогаш кога е потребно.

Суперсовет: чувај еден дома и еден во чантата!

Што е ладен крем?

Се смета дека првиот ладен крем бил измислен од грчкиот лекар Гален (150 п.н.е.), кој произведувал примитивна емулзија, мешајќи вода, стопен пчелин восок и маслиново масло. Кремот бил тежок за правење, било потребно многу мешање и лесно се распаѓал. Вообичаено, ладните креми имаат високо количество масти и масла во својот состав и предизивкуваат чувство на студенило и опуштање кога ќе се нанесат, од таму доаѓа името ладен крем.


Кои се предностите на ладниот крем?

Ладните креми се користеле со векови за одржување на младоликоста и сјајноста на кожата. Помагаат со хидриратација, ја подобруваат текстурата на кожата, правејќи ја мека и мазна. Друга предност на овие креми е што се соодветни за сите типови кожа, сепак најсоодветни се за сува кожа, поради нивните импресивни хидрирачки способности.


Природниот пчелин восок е реномирана состојка во производите за нега на кожа што се користи со векови. За него се верува дека бил составен дел на првиот козметички крем. Обожуван поради неговите хранливи својства, пчелиниот восок ја омекнува и штити кожата, одржувајќи ја хидрирана и со здрав изглед.

Природното масло од бадем изобилува со витамини А и Е, кои се едни од најдобрите за потхранување на кожата. Маслото поседува фантастично хидрирачко својство што помага во смирување, омекнување и ревитализирање на кожата.
Состојки
OCTYLDODECANOL, SYNTHETIC WAX, PENTAERYTHRITYL TETRACAPRYLATE/TETRACAPRATE, PENTAERYTHRITYL TETRAISOSTEARATE, ISOPROPYL LANOLATE, BIS-DIGLYCERYL POLYACYLADIPATE-1, ISODECYL NEOPENTANOATE, COPERNICIA CERIFERA CERA, PARAFFIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, HELIANTHUS ANNUUS SEED CERA, SHOREA ROBUSTA RESIN, RHUS VERNICIFLUA PEEL CERA, SACCHARIN, CERA ALBA, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, ASCORBYL PALMITATE, TOCOPHEROL, PARFUM, CI 77891, CI 15850
Препуштете се на вашите сетила во слатките и сочни формули инспирирани од природата. Откријте го универзумот на Love Nature исполнет со природни органски екстракти и грижливи формули. Кое прво ќе го пробате? Нашиот совет: погледнете ја новата линија на гелови за туширање Simple Joys и потопете во радосна сензација!
Како собираме оценки? Дознај повеќе

Цена за достава:

Достава на домашна адреса -159 ден.

Достава до Спонзорска станица - 109 ден.

Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава


КЛИКНИ ОВДЕ И ДОЗНАЈ КАКО ДО БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА