Love Nature Ладен крем за раце со пчелин восок и масло од бадеми
Love Nature

Love Nature Ладен крем за раце со пчелин восок и масло од бадеми

34037
Ден. 229
75  мл
Ладен крем за раце со богата текстура, создаден за потхранување и омекнување на сувите или груби раце, штитејќи ги од сурови и студени елементи. Создаден со грижа и со хидрирачки својства со природно масло од бадем и пчелин восок. Создаден да се впива брзо без масни траги, оставајќи ја кожата со чувтсво на олеснување. Дерматолошки тестиран.

Нанеси на рацете секогаш кога ти е потребно. Суперсовет: секогаш чувај еден во твојата чанта за да можеш да го нанесеш во секое време!

Што е ладен крем?

Се смета дека првиот ладен крем бил измислен од грчкиот лекар Гален (150 п.н.е.), кој произведувал примитивна емулзија, мешајќи вода, стопен пчелин восок и маслиново масло. Кремот бил тежок за правење, било потребно многу мешање и лесно се распаѓал. Вообичаено, ладните креми имаат високо количество масти и масла во својот состав и предизивкуваат чувство на студенило и опуштање кога ќе се нанесат, од таму доаѓа името ладен крем.


Кои се предностите на ладниот крем?

Ладните креми се користеле со векови за одржување на младоликоста и сјајноста на кожата. Помагаат со хидриратација, ја подобруваат текстурата на кожата, правејќи ја мека и мазна. Друга предност на овие креми е што се соодветни за сите типови кожа, сепак најсоодветни се за сува кожа, поради нивните импресивни хидрирачки способности.


Природниот пчелин восок е реномирана состојка во производите за нега на кожа што се користи со векови. За него се верува дека бил составен дел на првиот козметички крем. Обожуван поради неговите хранливи својства, пчелиниот восок ја омекнува и штити кожата, одржувајќи ја хидрирана и со здрав изглед.

Природното масло од бадем изобилува со витамини А и Е, кои се едни од најдобрите за потхранување на кожата. Маслото поседува фантастично хидрирачко својство што помага во смирување, омекнување и ревитализирање на кожата.

Состојки

AQUA, GLYCERIN, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, STEARYL ALCOHOL, CETYL ALCOHOL, DIMETHICONE, CAPRYLYL GLYCOL, GLYCERYL STEARATE, PEG-100 STEARATE, CARBOMER, IMIDAZOLIDINYL UREA, CETEARETH-20, PARFUM, STEARIC ACID, PALMITIC ACID, CERA ALBA, SODIUM HYDROXIDE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, ARACHIDIC ACID, LAURIC ACID, MYRISTIC ACID, PHENOXYETHANOL, CI 19140, CI 16035, CI 42090
Производите Love Nature ќе ја разубават твојата кожа и ќе ги разгалат твоите сетила,, со своите природни органски екстракти, супер состојки и неодолив мирис. Тие ја чуваат планетата бидејќи се без силикон, имаат биоразградлив состав и користат само природни пилинг-честички. Плус, сите пакувања се направени од 40% рециклирана пластика!