Водич за сертификати за одржливост
Се прашуваш што значат сертификатите на производите Love Nature? Следува брз водич што ќе ти го открие нивното значење.
ПрочитајВо текот на денот и на ноќта, на кожата се таложат нечистотии, поради што чистењето е неопходно за нејзиниот здрав изглед. Чистењето на кожата наутро и навечер, исто така помага за создавање совршени услови за впивање на другите производи од рутината, со што тие ќе можат да ти ги овозможат сите ефекти од своите својства за задржување на младоста.
1/ Измиј го лицето со млака вода.
2/ Со едно притискање на пумпичката, нанеси малку гел за чистење лице на дланката и нежно, но темелно, измасирај го гелот на влажна кожа со врвовите на прстите, избегнувајќи го пределот околу очите.
3/ Темелно исплакни со млака вода.
4/ Нежно исуши ја кожата со мека крпа.
Твоите очи се главниот фокус на твоето лице. Тие исто така покажуваат кога си уморна и се првото место на кое најчесто се појавуваат брчки. Тоа е поради тоа што кожата околу очите е многу потенка од останатиот дел на лицето. Кремите за очи имаат полесен состав, не содржат мирис и имаат мала количина активни состојки што се доволни да целат на посебните потреби на пределот околу очите.
1/ Нанеси го кремот под окото. Мала количина крем е доволна за под едно око.
2/ Нежно тапкај со врвот од прстот додека целосно да се впие. Избегнувај директен контакт со очите.
Богати со активни состојки во лесен состав, серумите ја подобруваат твојата рутина и се создадени за нанесување пред дневниот и ноќниот крем. Течниот состав на серумот е создаден да се впие и да овозможи брза и делотворна хидратација.
1/ Со едно притиснување на пумпичката нанеси малку серум на дланката.
2/ Земи малку од производот на врвовите на прстите и нанеси го подеднакво на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите.
3/ Нежно размачкај го на лицето додека целосно да се впие.
Како најгусти производи во твојата рутина, дневниот и ноќниот крем ти овозможуваат последен слој од активни и хидратантни состојки. Овие креми имаат различна функција, поради што ти се потреби и двата. Дневниот крем е создаден да ја штити кожата од дневните штетни влијанија, додека ноќниот крем е создаден да ја регенерира, обнови и задржи нејзината хидратацијата додека спиеш.
1/ Нанеси само 5 точки крем во големина на зрно грашок на челото, двата образа, носот и брадата.
2/ Со врвовите на прстите нежно истапкај или масирај го кремот подеднакво на лицето, додека целосно да се впие. Избегнувај го пределот околу очите.
НАПОМЕНА: Оние кои користат повеке производи истовремено може да имаат потреба од подолг временски период додека кожата се навикне на интензивен режим за нега на кожа. Затоа, ти препорачуваме да ги користиш производите постепено.
Интелигентен состав со оптимално балансирана мешавина од технологии за чистење, хидрирање и смирување со витамин Е, создадени да ја направат кожата чиста и тонирана, со чувство на мекост, еластичност и удобност.
Патентираната Multi-Bright Технологија цели на и го спречува создавањето на меланин во меланоцитите. Екстрактот од растителни матични клетки од гарденија го поттикнува создавањето на колаген и штити од неговото природно намалување.
Патентираната Multi-Bright Технологија цели и го спречува создавањето на меланин во меланоцитите. Екстрактот од растителни матични клетки од гарденија го поттикнува создавањето на колаген и штити од неговото природно намалување. Мешавината од хидроксилна киселина ги отстранува старите мртви клетки и ја овозможува појавата на понови поздрави клетки.
Патентираната Multi-Bright Технологија цели на и го спречува создавањето на меланин во меланоцитите. Екстрактот од растителни матични клетки од гарденија го стимулира создавањето на колаген и штити од неговото природно намалување, за да ја одржи здравата структура на кожата. УВА и УВБ филтрите овозможуваат заштита од сончевите зраци.
Патентираната Multi-Bright Технологија цели на и го спречува создавањето на меланин во меланоцитите. Моќните антиоксидантни гинко флавоноиди помагаат за наоѓање и поттикнување на слободните радикали што го стимулираат создавањето на меланин.
Ти претставуваме линија производи што ги коригираат недостатоците на пигментот на кожата и ти овозможуваат беспрекорен изглед, каков што посакуваш. NovAge Bright Sublime е нашата напредна линија за нега на кожа, која клинички докажано ги осветлува дамките, го прави тенот појасен и ги измазнува брчките.