NovAge Ultimate Lift Сет
NovAge

NovAge Ultimate Lift Сет

31773
Ден. 4.299 Ден. 6.994
Сет што ќе ти овозможи да ја вратиш еластичноста на кожата за да постигнеш поцврст и подигнат изглед. Напредна нега создадена за да ја следиш NovAge Рутината за нега на кожа за најдобри резултати. Гел за чистење лице, крем за очи, серум, дневен и ноќен крем.
NOVAGE РУТИНА ЗА НЕГА НА КОЖА - ТВОЈАТА ДНЕВНА ОСНОВА ЗА МЛАДЕШКА И ЗДРАВА КОЖА

ЧЕКОР 1: ЧИСТЕЊЕ - ПОДГОТОВКА ЗА ДЕЈСТВО НА ВПИВАЊЕ

Во текот на денот и ноќта, на кожата се таложат нечистотии, поради што чистењето е неопходно за нејзиниот здрав изглед. Чистењето на кожата наутро и навечер, исто така помага за создавање совршени услови за впивање на другите производи од рутината, со што тие ќе можат да ти ги овозможат сите ефекти од своите својства за зачувување на младоста.


1/ Измиј го лицето со млака вода.
2/ Со едно притискање на пумпичката, нанеси малку гел за чистење лице на дланката и нежно, но темелно, измасирај го гелот на влажна кожа со врвовите на прстите, избегнувајќи го пределот околу очите.
3/ Темелно исплакни со млака вода.
4/ Нежно исуши ја кожата со мека крпа.

ЧЕКОР 2: ОЧИ - ФОКУС НА ОЧИТЕ

Твоите очи се главниот фокус на твоето лице. Тие исто така покажуваат кога си уморна и се првото место на кое најчесто се појавуваат брчки. Тоа е поради тоа што кожата околу очите е многу потенка од останатиот дел на лицето. Кремите за очи имаат полесен состав, не содржат мирис и имаат мала количина активни состојки што се доволни да целат на посебните потреби на пределот околу очите


1/ Нанеси малку крем за очи на дланката. Мала количина крем е доволна за под едно око.
2/ Земи го кремот на врвот од прстот и нанеси под окото.
3/ Нежно тапкај со врвот од прстот додека целосно да се впие. Избегнувај директен контакт со очите.

ЧЕКОР 3: ИНТЕНЗИВЕН ЕФЕКТ - АКТИВИРАЈ ГО ДЕЈСТВОТО

Богати со активни состојки во лесен состав, серумите ја подобруваат твојата рутина и се создадени за нанесување пред дневниот и ноќниот крем. Течниот состав на серумот е создаден да се впие и да овозможи брза и делотворна хидратација.


1/ Со едно притиснување на пумпичката нанеси малку серум на дланката.
2/ Земи малку од производот на врвовите на прстите и нанеси го подеднакво на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите.
3/ Нежно размачкај го на лицето додека целосно да се впие.

ЧЕКОР 4: ХИДРАТАЦИЈА - ОБНОВУВА И ШТИТИ

Како најгусти производи во твојата рутина, дневниот и ноќниот крем ти овозможуваат последен слој од активни и хидратантни состојки. Овие креми имаат различна функција, поради што ти се потреби и двата. Дневниот крем е создаден да ја штити кожата од дневните штетни влијанија, додека ноќниот крем е создаден да ја регенерира, обнови и задржи нејзината хидратацијата додека спиеш.


1/ Нанеси само 5 точки крем во големина на зрно грашок на челото, двата образа, носот и брадата.
2/ Со врвовите на прстите нежно истапкај или масирај го кремот подеднакво на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите, додека целосно да се впие.

НАПОМЕНА: Оние кои користат повеке производи истовремено може да имаат потреба од подолг временски период додека кожата се навикне на интензивен режим за нега на кожа. Затоа, ти препорачуваме да ги користиш производите постепено.

NovAge Напреден гел за чистење лице:

Интелигентен состав со оптимално балансирана мешавина од технологии за чистење, хидрирање и смирување со витамин Е, создадени да ја направат кожата чиста и тонирана, со чувство на мекост, еластичност и удобност.


NovAge Ultimate Lift Advanced Lifting Крем за очи:

AspartoLift технологијата ја подмладува флексибилноста на фибробластите, додека екстрактот од растителни матични клетки помага за превенција на намалувањето на колагенот. Кофеинот стимулира и ја измазнува областа под очите. Осветлувачките состојки го разубавуваат тенот.


NovAge Ultimate Lift Lifting Концентриран серум:

AspartoLift Технологија за подмладување на фибробластите заедно со Трипептидна технологија против брчки, која го зголемува колагенот. Оптичките замаглувачи и осветлувачи визуелно го подобруваат изгледот на кожата.


NovAge Ultimate Lift Advanced Lifting Дневен крем СПФ 15:

Патентираната AspartoLift Технологија им ја враќа флексибилноста на фибробластите, додека екстрактот од растителни матични клетки помага за превенција на природното намалување на колагенот. УВА и УВБ филтрите овозможуваат фото-заштита СПФ 15.


NovAge Ultimate Lift Крем за зацврстување и контурирање за преку ноќ:

Патентираната AspartoLift Технологија им ја враќа флексибилноста на фибробластите, додека екстрактот од растителни матични клетки помага за превенција на природното намалување на колагенот. Богатата комбинација на хидрирачки и навлажнувачки состојки овозможува одмор на клетките на кожата со дополнителни хранливи дејства

Дали губењето на цврстината на твојата кожа прави да изгледаш постаро? Време е за помладешки изглед со нашата врвна линија против стареење: NovAge Ultimate Lift. Таа ја враќа цврстината на кожата со текот на времето за подефинирани контури, помалку брчки и помладешки изглед.