NovAge True Perfection Сет
NovAge

NovAge True Perfection Сет

31772
Ден. 3.199 Ден. 5.144
Напреден сет за нега на кожа, овозможен од екстракт од свилено дрво и екстракт од матични клетки од акаи-дрво. Интензивно хидрира и ја прави кожата свежа и блескава. Помага за одложување на појавата на првите знаци на стареење. Гел за чистење лице, крем за очи, серум, дневен и ноќен крем.
NOVAGE РУТИНА ЗА НЕГА НА КОЖА – ТВОЈАТА ДНЕВНА РУТИНА ЗА МЛАДЕШКА И ЗДРАВА КОЖА

ЧЕКОР 1: ЧИСТЕЊЕ - ПОДГОТОВКА ЗА ДЕЈСТВО НА ВПИВАЊЕ

Во текот на денот и ноќта, на кожата се таложат нечистотии, поради што чистењето е неопходно за нејзиниот здрав изглед. Чистењето на кожата наутро и навечер, исто така помага за создавање совршени услови за впивање на другите производи од рутината, со што тие ќе можат да ти ги овозможат сите ефекти од своите својства за зачувување на младоста.


1/ Измиј го лицето со млака вода.
2/ Со едно притискање на пумпичката, нанеси малку гел за чистење лице на дланката и нежно, но темелно, измасирај го гелот на влажна кожа со врвовите на прстите, избегнувајќи го пределот околу очите.
3/ Темелно исплакни со млака вода.
4/ Нежно исуши ја кожата со мека крпа.

ЧЕКОР 2: ОЧИ - ФОКУС НА ОЧИТЕ

Твоите очи се главниот фокус на твоето лице. Тие исто така покажуваат кога си уморна и се првото место на кое најчесто се појавуваат брчки. Тоа е поради тоа што кожата околу очите е многу потенка од останатиот дел на лицето. Кремите за очи имаат полесен состав, не содржат мирис и имаат мала количина активни состојки што се доволни да целат на посебните потреби на пределот околу очите


1/ Притисни ја тубата за кремот да излезе на апликаторот. Мала количина крем е доволна за под едно око.
2/ Движи го апликаторот под окото, почнувајќи од надворешниот дел на окото. Избегнувај директен контакт со очите.
3/ За крај, размачкај го кремот со врвовите на прстите додека да се впие.

ЧЕКОР 3: ИНТЕНЗИВЕН ЕФЕКТ - АКТИВИРАЈ ГО ДЕЈСТВОТО

Богати со активни состојки во лесен состав, серумите ја подобруваат твојата рутина и се создадени за нанесување пред дневниот и ноќниот крем. Течниот состав на серумот е создаден да се впие и да овозможи брза и делотворна хидратација.


1/ Со едно притиснување на пумпичката нанеси малку серум на дланката.
2/ Земи малку од производот на врвовите на прстите и нанеси го подеднакво на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите.
3/ Нежно размачкај го на лицето додека целосно да се впие.

ЧЕКОР 4: ХИДРАТАЦИЈА - ОБНОВУВА И ШТИТИ

Како најгусти производи во твојата рутина, дневниот и ноќниот крем ти овозможуваат последен слој од активни и хидратантни состојки. Овие креми имаат различна функција, поради што ти се потреби и двата. Дневниот крем е создаден да ја штити кожата од дневните штетни влијанија, додека ноќниот крем е создаден да ја регенерира, обнови и задржи нејзината хидратацијата додека спиеш.


1/ Нанеси само 5 точки крем во големина на зрно грашок на челото, двата образа, носот и брадата.
2/ Со врвовите на прстите нежно истапкај или масирај го кремот подеднакво на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите, додека целосно да се впие.

НАПОМЕНА: Лицата што користат повеќе производи истовремено може да имаат потреба од подолг временски период додека кожата се навикне на интензивен режим за нега на кожа. Затоа, ти препорачуваме да започнеш да ги користиш производите постепено.

NovAge Напреден гел за чистење лице:

Интелигентен состав со оптимално балансирана мешавина од технологии за чистење, хидрирање и смирување со витамин Е, создадени да ја направат кожата чиста и тонирана, со чувство на мекост, еластичност и удобност.


NovAge True Perfection Освежувачки осветлувач за очи:

Патентираниот екстракт од свилено дрво ги чисти клетките така што го намалува нивото на штетните нечистотии во клетките, го подобрува изгледот на кожата и помага во одложувањето на појавата на брчки. Кофеинот помага да се стимулира и затегне областа околу очите.


NovAge True Perfection Чудотворен серум за усовршување:

Патентираниот екстракт од свилено дрво ги чисти клетките така што го намалува нивото на штетните нечистотии во клетките, го подобрува изгледот на кожата и помага во одложувањето на појавата на брчки. Иновативниот InstantGlow комплекс содржи микро-бисери кои ја распрскуваат светлината на кожата за оптички да го подобрат нејзиниот изглед за сјаен изглед со "мек фокус".


NovAge True Perfection Дневен навлажнувач за усовршување:

Екстрактот од свилено дрво ги прочистува клетките на кожата, за да го намали нивото на наталожени клеточни нечистотии, ја усовршува кожата и помага да се одложи појавата на брчки. Екстрактот од матични клетки од растението Акаи ја зголемува хидратацијата, го зголемува клеточниот метаболизам и ја штити кожата од оштетувања од слободни радикали.


NovAge True Perfection Обновувачка ноќна нега:

Екстрактот од свилено дрво ги прочистува кожните клетки, за да го намали нивото на штетни клеточни нечистотии, да ја усоврши кожата и да помогне за одложување на појавата на брчки. Гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки, овозможувајќи новите, здрави клетки да излезат и блеснат на површината.

NovAge True Perfection е нашата колекција со напредни перформанси за нега на кожата, создадена специјално за жените што водат динамичен живот. True Perfection клинички докажано го подобрува тенот, за кожа што изгледа хидрирано и сјајно со намалени пори.