Стандардите на нашите производи
Одговорни состојки
Ова значи дека сите наши состојки ги исполнуваат следните стандарди и барања:
Веруваме дека одличните производи треба да бидат безбедни за користење и одговорно создадени. Поради тоа, се проверува дали тие се етичко добиени, безбедни за користење и од висок квалитет. Исто така, никогаш не користиме состојки од загрозени извори.
Веруваме во моќта и бистрината на природата. Поради тоа, користиме само природни екстракти, никогаш не користиме синтетика
Сите наши производи за пилинг содржат честички само од природно потекло, како лушпи од бадем и семки од овошје и од маслинка. Подобро за тебе и подобро за океаните!
Безбеден состав
Развивањето здрави производи е еден од нашите главни фокуси од самиот почеток. Ова значи дека кога ги купуваш и ги користиш нашите производи можеш да бидеш сигурен дека тие биле подложени на строги стандарди за тестирање и дека ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност:
Орифлеим ги надминува најстрогите козметички стандарди за безбедност во светот, за да те заштити од потенцијални штетни состојки. Освен, повеќе од 1.300 козметички состојки што сега се забранети од Европската Унија, не ги користиме ни дополнителните 60 состојки што се потенцијално опасни.
Одбираме да не вклучуваме ГМО (генетски модифицирани организми) во нашите состави.
Користиме независни лаборатории за тестирање на производите на здрави луѓе-волонтери, за да бидеш сигурен дека нашите производи се безбедни за користење и не предизвикуваат иритација.