SkinExpert Апликација за мобилни уреди
Орифлеим ти ја преставува новата апликација за мобилни уреди, SkinExpert, достапна за iOS и за Andoid и наменета за полесно препорачување на нашата напредна нега на кожа. Апликацијата е создадена во соработка со Оридерм, нашиот оддел за клички испитувања во центарот за истражувања и развој, каде што со помош на вистински луѓе откриваме вистински резултати, како резултат на напредното истражување AgeReflect*.
- Благодарение на соработката со нашите експерти од Центарот за истражување и развој, нашиот тим за дигитални услуги и маркетинг, како и испитувањата на 1.200 луѓе во повеќе од 15 различни држави, сега можеме да ти ја претставиме оваа неверојатна апликација!
Со SkinExpert Апликацијата за мобилни уреди, препораката на нега на кожа добива нова димензија! Сите знаеме дека кога потрошувачите бараат нега на кожа, тие го бараат најдоброто решение за своите потреби. Затоа сакаме да им овозможиме на нашите Консултанти да им препорачуваат решенија на своите потрошувачи со самодоверба и поткрепено со вистинската алатка.
SkinExpert Апликацијата за мобилни уреди е она што им треба на Консултантите за да го препорачаат вистинскиот сет или производи на своите потрошувачи.
- Понекогаш е чудно да се зборува за проблеми со кожата, особено ако тие се поврзани со возраста, но сега тоа е лесно, бидејќи SkinExpert дејствува како трета страна во разговорот со потенцијалниот потрошувач
Освен тоа што овозможува лесни консултации и индивидуални препораки, апликацијата овозможува Консултантот да може да го планира своето работење и да ги следи резултатите на своите потрошувачи со цел да им овозможи висококвалитетна услуга и висококвалитетни производи.
*AgeReflect е уникатно напредно истражување за кожа, со околу 1.000 жени, спроведено од Орифлеим
Основана во 1967 година, Орифлеим е компанија со директна продажба во повеќе од 60 земји. Нејзината широка палета на шведски, напредни производи инспирирани од природата ја нудат над 3 милиони Независни Орифлеим Консултанти со годишна продажба од над 1,3 милијарди евра. Почитта за луѓето и природата е темелот на Орифлеим и тоа може да се види во нејзината грижа за животната средина и општеството. Орифлеим поддржува бројни хуманитарни акции низ целиот свет и е коосновач на Светската фондација за деца. Орифлеим е групација од Луксембург, со канцеларии во Луксембург и Швајцарија. Орифлеим Козметика е дел од Стокхолмската берза. Дознај повеќе за Орифлеим на www.oriflame.com