Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Анталија – Бисерот на Тиркизното крајбрежје

Лоцирана во срцето на Тиркизното крајбрежје на Турција, познат и како Турска ривиера, Анталија е домот на вчудовидувачки планински пејзажи, идилични плажи и богата разновидна култура. Таа е совршеното место за нашиот Менаџерски семинар 2020.

Благодарение на нејзината фасцинантна мешавина од природа и неверојатна турска култура, Анталија е една од најпосетените туристички дестинации во Турција. Луѓе од целиот свет ја посетуваат Анталија за да уживаат во нејзините бистри тиркизни води и идеални плажи. Сепак, Анталија нуди многу повеќе од само море и сонце.

Главниот град на регионот е раздвижениот и жив град со исто име, Анталија, кој е познат по пристаништето со многубројни јахти, разнобојни базари, улици со кафулиња, шармантен стар дел и многу историски места. Најпознатата атракција во Анталија е Адријановата порта, која води кон античката населба Калејчи.

Истражи ги Анталија и Тиркизното крајбрежје заедно со нас, на Менаџерскиот семинар 2020!