Златна конференција - Тунис 2021
Медините (заб. медина: затворен дел од град со испреплетени сокаци) на Тунис изобилуваат со безистени, во кои можеш да најдеш оригинални сувенири. Некои од работите што се продаваат се: маслиново масло и маслиново дрво, локални рачни изработки, егзотични тревки и зачини, како и многу други уникатни производи.
Вкусната, богата и разнобојна, туниската кујна е огледало на традициите и културното наследство на земјата. Националното јадење е кускус, кој се прави од грис и често се послужува со зеленчук и месо. Подготви се за кулинарска авантура!
ДВЕ ДЕСТИНАЦИИ: ТУНИС И ХАМАМЕТ!
Истражи го живиот, но релаксиран главен град на Тунис. Стариот дел на Тунис е заштитен од УНЕСКО и има повеќе од 700 споменици! Уживај во Хамамет - Идиличен град-резорт лоциран на полуостровот Бон. Сончевите плажи, сина вода и неодолив мирис на јасмин, ќе направат да се чувствуваш како да си во рајот.