Skip to main content Skip to main menu Skip to search
0 производ(и) во кошничка
Points to spend in the

Кос е третиот најголем остров на Додеканезите – островска група од 165 острова на Егејско Море. Островот со големина од 287км2 е лоциран на далечина од само 4 километри од Бодрум, Турција. Благодарение на неговото прекрасно крајбрежје, антички атракции и сончева клима, Кос е популарно место за туристи од целиот свет.

Кос е остров каде што оживуваат историјата, легендите и митовите. Островот има долга и комплицирана историја. Кос бил дел од неколку различни држави низ времето, пред да стане дел од Грицја во 1947 година. Најважниот историски споменик во Кос е Асклепионот – храм за здравје, посветен на богот на медицината, Асклепиј. Кос, исто така, бил и родното место на Хипократ, таткото на модерната медицина.

Кос има население од 30.000 жители. Дали знаете дека жител на Кос се нарекува „кошанец“?  Жителите на Кос се многу љубезни, пријателски расположени и гостопримливи. Горди се на тоа што им помагаат на туристите да уживаат во убавините на островот.

Денес, Кос е прибежиште за лица кои сакаат да се релаксираат, да доживеат уникатни искуства и да се забавуваат на топлото време. Фантастични плажи, неверојатни глетки, шармантни села и вкусна кујна – сè што ти е потребно!