Шампон во форма на сапун: Одржлив избор

Ако не знаеше дека шампонот може да биде во форма на сапун, сега ќе дознаеш многу повеќе за оваа популарна опција за нега на коса. И ако мислеше дека овој вид на шампон е само сапун за твојата коса, ќе се докаже дека не си во право.

Големината на глобалниот пазар за шампони во вид на сапун беше проценета на 10,2 милиони во 2018 година и лесно е да се види зошто тој број само продолжува да расте. Иако, се разбира, постојат многу начини да ја направиш твојата рутина за убавина по еколошка, шампоните во вид на сапун се еден начин на кој индустријата за убавина ( и Орифлеим) се обидуваат да одговорат на едно од најгорливите еколошки прашања
Секоја година, околу 8 милиони тони пластичен отпад, излегува во океаните од крајбрежните земји. Тоа е еквивалентно да поставиш пет вреќи за ѓубре полни со ѓубре на секое стапало на крајбрежјето ширум светот.
Тука доаѓаат шампоните во вид на сапун – тие се одлична точка за влез во борбата против пластиката. Еве како да извлечеш максимум од нивното користење.

Што точно претставува шампонот во вид на сапун?

Шампоните во вид на сапун се во цврста форма (како сапун) . Тие се како поодговорна алтернатива од течните шампони и опција за потрошувачите кои се грижат за животната средина. Тие се помали од просечното шише со шампон, затоа бараат помала амбалажа (Пакувањето на Love Nature шампоните во вид на сапун со авокадо и камилица на Орифлеим е хартиено, не е пластично) и се направени од кондензирани состојки за да добиеш повеќе миења отколку обичниот шампон. Сите знаеме дека намалувањето на потрошувачката е еден од начините да се грижиме за животната средина!

Зошто шампоните во вид на сапун се поодржливи?

Постојат голем број причини зошто шампните во вид на сапун се поодржлива опција од течните шампони – двата главни фактори се елиминирање на пластичното пакување и намалената големина на производот што помага да се намали јаглеродниот отпечаток. Уште повеќе, ние избравме нашиот шампон во вид на сапун да го пакуваме во хартиена амбалажа наместо во пластична за да придонесеме за помало влијание врз животната средина или да ја намалиме употребата на пластика.

И бидејќи состојките се во кондензирана форма, шампоните во форма на сапун траат подолго од течните шампони. Само еден шампон во форма на сапун е еквивалентен на две стандардни шишиња со течен шампон од 250мл – што значи двојно повеќе миење. Така, замената на твоите големи шишиња со шампон заштедува време ( ако го земеш во предвид одењето до продавница) , пари и пластика.

Нашите шампони во вид на сапун се создадни да бидат биоразградливи, што значи дека состојките се внимателно избрани за време на развојот и содржат помалку вода од традиционалните шампони.

Како да го користиш шампонот во вид на сапун?

Исто како течен шампон, но со повеќе галење. Додека им е потребно повеќе триење од течните шампони за да се направи добра пена, тие сепак можат добро да ја завршат својата работа – и всушност најдобро дејствуваат кога се нанесуваат директно на косата. Дали користиш регенератор по шампонот во вид на сапунДаисто е како шампонот во шише; додека нашиот Love Nature Шампон во вид на сапун е создаден да не ја остава косата сува, за дополнителна доза на хидратација слободно користи Love Nature Балсам во твојата рутина бидејќи тие одлично функционираат заедно.

За кого се наменети шампоните во вид на сапун?

Тие се добра опција за потрошувачите кои се свесни за нивното влијание врз животната средина
Бидејќи се лесни и долготрајни, тие исто така се добра алтернатива за луѓето што патуваат или се во движење. Последното нешто што некој го ска е катастрофа од истекување на шампон додека патуваш!

Love Nature шамонот во вид на сапун со масло од авокадо и камилица е формулиран без парабени и силикони и е збогатен со природно масло од авокадо, познато по своите негувачки и навлажнувачки својства . Уште подобро? Го намалува пластичниот отпад. Двојна победа.