Витамин "море"
Нурнете длабоко во негата за кожа богата со морски состојки вклучувајќи кавијар, алги од Пацификот и морски анасон, сите со пополнувачки способности. Со над 6000 различни видови, алгите се најпопуларната состојка за давање на антиоксиданти на кожата. Црвената алга е позната по нејзината способност да ја извлече влажноста во кожата за да ја хидрира и измазни - исто така се бори против стареење и слободните радикали. Размислувате поинаку за морските алги сега нели?
Скапоцености од океанот
Од чанти до фустани, оваа сезона е повеќе во стил на сирена отколку класичен морки. Сребрени и сиви светкави нишки, сјајни ткаенини и материјали со текстура... комбинирајте ги за да го доловите изгледот на сирена.
Газирано чистење
Сите знаеме дека производите за нега на кожа се главно направени од "aqua", односно вода, но во Јужна Кореа има нов тренд на чистење на кожата со газирана вода. Тие веруваат дека малите меурчиња со воздух можат да продрат и да го однесат кислородот подлабоко во кожата. Сепак, ние ќе останеме на тоа да ја пиеме газираната вода, а вие?
Blue Wonders
Бидејќи парфимерите зачестено се обидуваат да го стават во шише мирисот на лето, се почестно можете да ја најдете морката сол во срцето на мирисите инспирирани од океанот. За пример земете ја новата тоалетна вода Blue Wonders на Домитил Бертие за Орифлеим. парфимерот креираше едниствена молекула наречена Еликсир од морето, базирана на морска алга и зачинета со освежувачки горни ноти од морска сол. Таа објаснува: "Blue Wonders е вистинско морско уживање, мирно и релаксирачко."
Морски суплементи
Човечкото тело може да ги произведе најдолемиот дел од мастите самото, но не може да креира Омега-3 масни киселини, есенцијални масни кои мораме да ги внесеме преку храната. Најпопуларен извор на омега-3 се масните риби како лосос. Друга култна подводна состојка е спирулина, сино-зелена алга што содржи есенцијална витамини и амино-киселини. Или пробајте астаксантин, кој природно го има во одредени алги. Тој е моќен антиоксидант и ја таргетира кожата која старее.
Длабоко сино
Сина е без сомневање, задолжителната боја оваа сезона. Од драматична кобалт шминка за очи до аквамарин лак за нокти, модните писти потврдија дека треба да биде застапена во вашите шминки.