ПРЕД…
...Кожата на усните треба да е нежна и мека, затоа прво ексфолирајте ја со четкичка за заби. Нанесете хранлив балсам и дозволете да се апсорбира пред да ставите кармин.
АКО…
…Ако сакате вашиот кармин навистина да се забележи, нанесете коректор на краевите на усните. Ова ќе ја неутрализира нивната природна боја и ќе овозможи да нанесете силна боја на кармин!
ИЗБЕРЕТЕ…
…Вистинска боја за вашиот тен. Ако имате потемна боја на кожа треба да носите кармин со сини подтонови. Пробајте нијанси на розова (ние ја сакаме Flamingo Fuchia), темно црвени и темно сини тонови. Ако имате потопла боја на кожа ви одговараат корални тонови – зошто да не ги пробате Оrange Pop или Sunset Red?
"
Впечатливиот кармин е најбрз и најлесен начин да се создаде драматичен стил на секој изглед“
JONAS WRAMELL
Oriflame Global Beauty Artistic Director
СЕКОГАШ…
...Нанесувајте кармин со четкичка. Следете ја линијата на усните и не излегувајте од природните рамки. Исполнете ја линијата со кармин, а вишокот избришете го со хартиено марамче.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ…
...Непријатни дамки од кармин на забите или на прстите.
ФИНИШИРАЈТЕ...
...Со пудра. Ставете тенок слој камена пудра врз карминот за да се фиксира. Сега вашата супер моќна нијанса гарантирано ќе трае цела ноќ!