Храна која позитивно делува на расположението

Како би реагирале ако ви кажеме дека само неколку измени во вашата исхрана може да ве направат посреќни? Го имаме ли вашето внимание? Разговаравме со др. Анке Гинзбург, експерт за Wellness формулациите, за да дознаеме што точно значи добро расположение предизвикано од храна.

Зошто храната влијае на нашето расположение и на кој начин се поврзани храната која ја конзумираме и начите чувства?

Храната е многу моќна работа и има навистина големо влијание на нашето расположение. Доколку не ги внесуваме сите состојки кои му се потребни на нашето тело, сигурно тоа ќе негативно ќе влијае на нашето расположение. Консумирањето храна со висок ГИ може да ни даде наплив на енергија што на крај ќе не остави со ниско ниво на шеќер во крвта и чувство на безволност. Ниското ниво на витамини од грпата Б исто така е поврзано со негативните промени на расположението.

Еден од хормоните кои ги поврзуваме со чувството на среќа е серотонинот. Серотонинот се произведува по конзумирање на храна – исто така е поврзан со чувството на вљубеност. Можете да го зголемите нивото на сератонин со конзумирање на банана, киви и ананас.


Кои се добри масти (и оние лоши) и каква улога имаат за нашето расположение?

Добрите масти се оние кои се навистина потребни телото правилно да функционира. На секоја клетка од телото и е потребна маснотија за да фукционира. Кога зборуваме за добрите масти, најчесто мислиме на масните киселини (омега 3 или омега 6) кои ги има во оревите, лененото семе и рибата.

Лошите масти или заситените масти се добиваат од преработена храна и неможат да се најдат во природата. Овие масти се собираат во кардиоваскуларниот систем што доведува до затнување на крвните садови, срцеви или мозочни удари. Исто така штетно делуваат на мембраните на клетките и нервниот систем. Затоа следниот пат кога ќе посакате да изедете крофна сетете се дека заситените масти нема да завршат само на вашите колкови туку и во вашиот мозок!

„Следниот пат кога ќе посакате да изедете крофна, сетете се дека заситените масти нема да завршат само на вашите бутини, туку и во вашиот мозок“

Емотивното јадење најчесто е поврзано со конзумирање на масна и засладена храна – зошто имаме желба да јадеме „лоша“ храна кога сме нерасположени наместо спанаќ?


Самиот чин на јадење храна дава големо задоволство. Нашиот мозок е програмиран да испушта допамин во нервниот систем кога јадеме одредена храна, што не прави среќни.

Причината поради која избираме масна и слатка храна е од еволутивна природа. Основната намена на овој механизам е да го обезбеди опстанокот на човечката раса во време кога немало доволно храна. Поврзувањето на чувството на задоволство со јадење висококалорична храна нашравило механизам кој обезбедува во периодите на гладеење да не избираме нискокалорична храна туку храна со најголем број калории. Проблемот е што денес пронаоѓаме сол, масти и шеќер во храна која е практично лоша за нас.

Новиот израз кој се создал “hаngry” се однесува на лица кои чувствуваат лутина кога се гладни – дали ова навистина се случува и зошто?

Чувството на глад е многу едноставно, тоа е сигнал со кој нашето тело ни порачува дека ни треба храна. Гледано исклучиво од научен аспект не постои такво нешто како што е “hungry” (спој на англиските зборови hungry што значи гладен и angry што значи лут).

Ние сме суштества кои патат од навики и обично имаме фиксни обрасци на однесување поврзани со тоа кога и како јадеме. Навикнати сме да чуствуваме задоволство во одредени периодо во текот на денот и се чувствуваме извадени од такт или “hungry” кога не ги следиме стандардните навики на јадење.

Зошто обработената храна не прави уморни и тромави?

Обработената храна е богата со калории во вид на заситени маснотии и шеќери. Рафинираниот шеќер обично има висок гликемиски индекс (ГИ). Храната со висок ГИ може да го стимулира напливот на енергија кој после краток период на еуфорија не остава со ниско ниво на шеќер во крвта. Поради тоа доаѓа до чувство на тромавост.

Која е здрава и среќна алернатива на оброк наместо обработени грицки?

Одговор е бананата – таа е врвна храна. Балансирани со комплекс на јагленохидрати и протеини, бананите содржат различни витамини и минерали.

Како изгледа „среќна“ исхрана?

„Среќната“ исхрана е балансирана со протеини, комплекс од јагленихидрати, добри масти и микронутриенти. Внесувањето на што поголеми количини на свежа и необработена храна, органско овошје и зеленчук е клучот за добро расположение.