Придобивки од соодветното дополнување

Додатоци - многумина од нас или слушнале за нив или ги користеле во одреден миг од својот живот. Општо е познато дека редовното дополнување е корисно за нашата благосостојба.

Секојдневно се појавуваат голем број реклами убедувајќи нѐ  да купуваме и да користиме додатоци. Но, размислуваме ли некогаш зошто ни требаат и која е целта да се инкорпорираат дополнувањата во нашиата секојдневна рутина? Сега е вистинско време да се истражи оваа проблематика малку подлабоко.

Што е додатокот во исхраната?

Додатоците во исхраната обезбедуваат витамини, минерали и други хранливи материи за дополнување или подобрување на хранливата содржина на храната што ја консумираме.

Тие се користат за различни цели:

· Во целост здравје и ененергија

· Поддршка на имунитетот и системот на ризик поврзани со возраста

· Подобрување на физичката и менталната изведба

· Да помогнат во потрошувачката на хранливи материи за време на намален внес на храна

· Да се помогне со регуларноста

Како влијае дополнувањето врз човечкото тело?

Секој ден ни требаат хранливи материи за да ги храниме и разгоруваме клетките во нашето тело. На секоја клетка  ѝ се потребни за да функционира и ја извршува својата улога во телото. Во комбинација, клетките сочинуваат ткива, органи и системи и целиот човечки организам.

Ако нашето тело не ги добие основните хранливи материи, неговите перформанси ќе бидат под оптималните или може дури и да се влошуваат со текот на времето. Доколку не го добиеме препорачаниот дневен внес на неопходни хранливи материи со месеци на крајот, ризикуваме да се развијат услови за недостиг, а и исто така, го зголемуваат и ризикот од развој на долгорочно заболување.

 

 

Дали ми требаат додатоци секој ден?

Ако сакаш да го знаеш одговорот, прво треба да си ги поставиш овие прашања:

· Дали јадеш различно овошје и зеленчук, минимум пет вида секој ден?

· Дали консумираш најмалку шест порции храна од цели зрна на ден (на пр.  леб од жито, неколку зрна кафен ориз)?

· Дали консумираш високо-квалитетни протеини (малку масен, низок холестерол, богати со аминокиселини) секој ден, приближно колку големината на дланката на раката (поточно, еден грам протеини за килограм телесна тежина)?

· Дали консумираш најмалку три порции храна богата со калциум на ден? (На пр, 240 мл. млечни производи, млеко, сирење колку големина на палецот, два грста темно зелен листен зеленчук.)

 

Покрај храната што треба да ја трошиме секој ден за да добиеме витални хранливи материи, нашиот животен стил, исто така, има влијание врз хранливите материи во нашето тело.

Запрашај се:

· Дали консумираш кафе или чај секој ден?

· Дали јадеш пржена и високо-масна храна повеќе од три пати неделно?

· Дали консумираш газирани пијалаци повеќе од пет пати неделно?

· Дали си пушач?

· Дали земаш лекови на рецепт?

· Дали си изложен на повеќе од 10 минути интензивно сонце на ден?

· Дали редовно си изложен на загадување на воздухот?

· Дали консумираш повеќе од еден алкохолен пијалак на ден?

· Дали спиешнајмалку 7 часа секоја вечер?

· Дали си под стрес, позитивен или негативен?

· Дали вежбаш редовно, најмалку три дена во неделата?

Овие се активности на животот, кои ние избиреме да ги направиме, треба да ги правиме, сакаме да ги правиме, или и на кои сме

изложени на нашите работни места или од околината. Секоја од нив создава предизвици во исхраната. Некои ја инхибираат апсорпцијата на основните хранливи материи; некои брзо користат хранливи материи, а повеќето создаваат слободни радикали.

 

Да резимираме, диета што не обезбедува доволно препорачани хранливи материи, во комбинација со предизвикувачки животен стил, значи дека огромното мнозинство од нас може да има корист од консумирање диетски додатоци секој ден покрај јадењето здрава, свежа храна.

М-р Хедер Ливингстон

директор за глобална обука за велнес  на Орифлеим

 

Додатоците во исхраната наспроти лековите

Луѓето често бараат ново брзо подобрување за кое мислат дека може да им помогне. Во оваа потрага  често може да се внесе забуна за значењето помеѓу додатоците во исхраната и лековите.

Во многу земји низ светот, дури и во оние каде што консумирањето додатоци во исхраната е вообичаено, сѐ уште постои заблуда дека додатоците во исхраната се формулирани за лекување или за намалување на заболувањата на телото. Ваквата заблуда е оправдана бидејќи има некое лажно рекламирање во врска со додатоците во исхраната и многу погрешни и преголеми побарувања.

Она што треба да се запамети е дека додатоците во исхраната, исто така наречени диетски додатоци, се дел од нашата храна. Тие ги дополнуваат нашата исхрана, и нашиот дневен внес, а не треба да се препорачуваат како третман или лек за каква било медицинска состојба. Тие не се лекови!

 

Зошто сметаме дека додатоците во исхраната се решение за сите наши медицински проблеми?

Значи, тука доаѓа незгодниот дел:

Кога луѓето почнуваат да земаат додаток во исхраната, по некое време обично го забележуваат тоа, се чувствуваат подобро или дека делот од телото каде што имале проблеми, се чувствува подобро. Па, природно тие мислат дека додатокот помогнал, односно го излечил овој дел од нивното тело.

Она што се случува навистина е:

Луѓето честопати го живеат својот живот во субоптмална, па дури и лоша хранлива состојба.

Кога ќе почнат со земање додатоци и ќе почувствуваат разлика, тоа не е затоа што додатокот ги излечил, туку фактички дека тие го обезбедиле своето тело со хранливи материи што може да се исчезнати од нивниот внес преку исхраната, па нивното тело ги наградило чувствувајќи се подобро.

На нашиот организмот му треба широк избор на основни и вредни хранливи материи секој ден. Секоја клетка во нашето

тело треба да функционира правилно. Ако клетките не ги добијат потребните хранливи материи, нивните перформанси се влошуваат. Значи, кога му ги обезбедуваме хранливите материи што му требаат на нашето тело, тоа се чувствува подобро: може да имаме повеќе енергија, подобар фокус, порелаксирани сме и помалку стрес, подобро спиеме, може да чувствуваме подобрување во некои делови од телото. Повторно, додатокот во исхраната, не го подобрил тој дел од телото, туку му обезбедила вредни хранливи материи што му се потребни.

Значи, додатоците во исхраната се токму тоа - дел од нашиот дневен внес на исхраната - заедно со овошјето, зеленчукот, интегралните житарки и извори на посни протеини.

Разновидност на додатоците

Постојат многу видови додатоци во исхраната:

 

А. Некои додатоци обезбедуваат широк спектар основни хранливи материи.

Б. Некои обезбедуваат состојки што се наменети за специфични области.

В. Некои обезбедуваат група хранливи материи (антиоксиданти) што се борат со слободните радикали,

Г. Некои обезбедуваат единечни хранливи материи.

Д. Некои комбинираат растителен материјал, билки и хранливи материи.

 

Овој список може да продолжи и понатаму, бидејќи за избор има огромен број состојки и комбинации на хранливи материи.

Клучот е да се најде висококвалитетен бренд што обезбедува вредни и валидни хранливи материи што се вклопуваат во твоите потреби, начин на живот и животна фаза.

Со Wellness од Орифлеим, го обезбедуваме токму тоа - производи што ги поддржува шведската наука што се поддржани од природата. Секоја од нашите состојки е внимателно избрана и тестирана за квалитет, безбедност и чистота. Секој производ што го нудиме ти помага да ги пополниш празнините во исхраната. Затоа, целосно можеш да им веруваш на сите Wellness производи.