Какво е чувството да се добие Орифлеим Тренд-наградата?
Кога дознав дека победив, бев неверојатно изненадена - никкогаш не очекував да победам! Се досега не знаев колку е ова значајно. Многу дизајнери работат со години пред да можат да пласираат производ пред голема публика а јас добив можност да го направам тоа веднаш! Неизмерно сум среќна!
Кажи ни малку повеќе за твоето искуство со дизајнирање на модни додатоци за Орифлеим.
Беше неверојатно. Задачата гласеше да креираме три до пет модни додатоци - но на крај завршивме со шест. Имав слобода да креираш што сакам, но решив да дизајнирам чанта бидејќи сум го правела тоа и порано, а потоа заклучив дека марама убаво би ја надополнила. Исто така сакав да дизајнирам и накит, па бидејќи е тешко сам да креираш прототип, ова беше одлична можност да добијам помош од стручен тим.
Дали до сега си креирала накит?
До сега имам креирано кожени чанти и алки за мојот бренд, но отсекогаш сум сакала да користам метали и камења. Всушност, во моето семејство има историја на креирање накит, мојот татко, дедо и прадедо сите се во бизнисот на креирање фин накит. Пораснав опкружена со накит.
Дали побара помош од товето семејство?
Му покажав некои цртежи на татко ми, но процесот беше толку брз што морав сама да донесам одлуки - но тој има верба во мојот вкус!
Каде ја најде инспирациајта за колекцијата?
Колекцијата е инспирирана од уметниккот Џакомо Бала за кого прв пат слушнав на предавањата. Многу ми е интересен начинот на кој Бала ги илустрира движењата и брзината - тој имашe неверојатен начин на мислење. Сакав да го искористам тоа. На пример, за линиите и формата на чантата се инспирирав од оделата на Бала што имале асиметрични линии, различни од традизионалните одела во неговото време.
Вашата колекција ќе се продава ширум светот, дали размислувавте з атоа кога ја дизајниравте?
Да, многу размислував за тоа. Тоа е дел од работата на дизајнерот - да мислиш на крајниот потрошувачот. Сметав дека е одлично да креирам колекција што ќе и се обрати на секоја жена. Го обожавав предизвикот!
Хмм.. Тоа е како да прашате родител кое му е омилено дете! Толку е тешко - сите ги сакам.
Можеби некој детал што ви е посебно драг?Црниот бисер во коелцијата накит е мошне симболичен за мене бидејќи еден близок семеен пријател ме викаше црн бисер кога бев малечка - тој велеше дека сум многу ретка, како бисерот.
Тоа е прекрасно! Дали имаш најсакано парче во твојата лична колекција накит?
Имам еден прстен кој никкогаш не го носам бидејќи е прескапоцен! Тоа е стар антиквитет во форма на цвет. Го добив од мајка ми, а во нашата фамилија е со години.