Запознајте ја топ консултантката: Mariela од Mексико

Во што ја наоѓа инспирирацијата за еден консултант за убавина? Се најдовме со Mariela Elorduy Blackaller од Орифлеим и дознавме што е нејзината мотивација.

Запрашувајќи се што би поттикнало некого да го спои претприемачкиот дух со живот во индустријата за убавина, решивме да поразговараме со топ консултатката од Орифлем Mariela . Временската разлика значи дека, како што попладневното сонце ја осветлува нашата канцеларија во Стокхолм, денот во мексиканскиот град Mexicali само што почнал. Во осум наутро, според нејзино време, кога детално и внимателно смислените одговори на Mariela пристигнаа на нашето биро, нејзините одговори направија да разбереме зошто таа е претприемач – тоа и е во крвта. Растејќи и живеејќи во Mexicali, таа поминала 20 години работејќи во фамилијарниот авто-дилерски бизнис. Пред четири години, таа се придружува на Орифлеим – и останатото е историја! Прочитајте ја инспирирачката приказна на Mariela – и неколку нејзини совети за убавина како бонус!


Што значи за тебе да бидеш претприемач?
- Секогаш било моја пасија да бидам претприемач. Тоа ми дозволува да имам свој бизнис, и ми дава можност да ја изразам мојата креативност, иновативност и исто така да направам нешто вредно за заедницата. Исто така мотивирачка е и можноста да изградам стабилна финансиска иднина за мене и моето семејство.

Што те инспирира?
- Можноста да направам разлика, да бидам пример за ќерка ми и да бидам најдобриот лидер што може да бидам и да му помогнам на мојот тип да ги оствари своите соништа.

Зошто имаш пасија за убавината?
- убавината е дел од тоа кои сме ние, убавината е насекаде околу нас. Убавината ја рефлектира нашата внатрешна состојба и тоа ни помага да ги видиме убавите нешта кај другите луѓе. Грижата за себе е важна, бидејќи помага да се чувствуваме и да изгледаме одлично.


Мои омилени ритуали за убавина...

- Секој ден се туширам долго

- Прво, го мијам лицето со средство за чистење лице и нанесувам тонер, серум против стареење, а потоа нанесувам дневен или ноќен крем за лице ( и додавам крем за сончање доколку има потреба)

- За секојдневно шминкање, користам сет за коректура, потоа шминка против стареење ( или ББ крем доколку брзам), сенки за очи во неутрални бои и молибче за очи. За да го финиширам совршениот изгледот, користам сет за обликување веѓи и бронзено руменило.




Текст: Anna Blom


Текст: