Како да ги регрутирате најталентираните

Пред 5 години Anna Stenberg ја основаше Women Executive Search (WES); компанија за регрутирање што излегува надвор од стандардните мрежи за да обезбеди силни жени-лидери кои ќе бидат вклучени во секој процес на регрутирање. Во Шведска, каде 80 % од потенцијалните кандидати се мажи, Аnna и нејзиниот тим досега имаат вработено над 200 жени-лидери. Се инспириравте? И ние исто. Затоа решивме да разговараме со Anna и да дознаеме како го прави тоа. И како Консултантите на Орифлеим можат да регрутираат талентирани жени во своите мрежи.

1.Креирајте опис на работната позиција"Се почнува со добра анализа на потребите. Под тоа подразбирање разбирање на организацијата и позицијата за која вработувате. Запрашајте се: Какви компетенции и лична мотивација ќе успее тука? Тогаш ќе бидете спремни да составите профил според кој ќе знаете што барате - би рекла дека во Орифлеим, ова значи креирање на конкретен, директен опис на работната позиција. На пример, можете да барате меѓу жените кои покажале интерес и страст за убавината на интернет."

2.Бидете детектив "По креирањето на описот на работното место почнува процесот на барање. Ова е како да сте детектив. Во WES, покрај тоа што бараме во нашата постоечка мрежа, бараме и во други компании и преку други жени кои имаат потенцијал, желба и искуство да успеат во позицијата за која регрутираме. Крераме долга листа со потенцијални кандидати а потоа вршиме финална селекција преку телефон или преку интервјуа во живо."

3. Барајте на социјалните медиуми но сретнете се во живо "Бидејќи страста за убавина е дел од описот на работната позиција Орифлеим Консултант, социјалните медиуми се мошне ефективен и ефтин начин да најдете луѓе кои би биле заинтересирани да се приклучат кон вашиот бизнис. Но, штом еднаш ги дефинирате потенцијалните кандидати преку Facebook или LinkedIn, обидете се да се сретнете со нив во живо за да разберете што се нивните први впечатоци."
4. Одберете ги најдобрите вработени, не вапите најдобри пријатели

 "Кога регрутирате за некоја работна позиција, често се случува да сретнете луѓе со кои можете да се идентификувате и кои навистина ви се допаѓаат. Поради тоа што се фини, заборавате на описот на работното место и сакате да ги регрутирате - не треба да го правите тоа. Понекогаш е многу подобро ако вработите некој со различни знаења и способности од вашите. Држете се до описот што сте го креирале и ќе можете да се фокусирате на најдобрата личност за позицијата."

"Социјалните медиуми се мошне ефективен и ефтин начин да најдете луѓе кои би биле заинтересирани да се приклучат кон вашиот бизнис."

5. Што, кој и како "Треба да му влезете под кожа на кандидатот кој го интервјуирате. Не ги прашувајте луѓето што направиле, туку како и зошто го направиле тоа. I"Како" ​е многу важно за да можете да разберете како личноста размислува и што ја мотивира.”

6. Каква е авантурата? 

"Кога вработувате некого, не заборавајте да му ја раскажете приказната: На каква авантура ќе одите вие и вашиот регрут? И одговорете го прашањето: Што ќе ми донесе тоа мене? Ако сакате некој да реши да ги инвестира своето време, труд и пари во некоја компанија, треба да му кажете што потенцијално ќе добие за возврат."

Дали сте Орифлеим Консултант?
Посетете ја Орифлеим Академијата и придружете ни се на нашите специјални бизнис обуки ТУКА.


Текст: Фотографии: Oriflame

Купете ги производите

Поврзани написи