Заедно можеме да направиме промена
Имаме страст кон исполнување сонови и создавање можности што им ги подобруваат животите на луѓето. Помагаме за создавање убавина и добросостојба за многумина, а притоа ги почитуваме луѓето и природата. Поради тоа, ги цениме луѓето што се дел од Орифлеим-заедницата, така што ги споделуваме нивните приказни и ги инспирираме и другите да го направат истото.
Можеби, секоја поединечна промена изгледа мала, но заедно тие оставаат позитивен впечаток низ светот. Во Орифлеим, Имаме страст и дух за правење промени и кога даваме сè од себе, не постојат граници за нашите достигнувања. Не постои ништо попрекрасно од тоа.
5 ОД НАШИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ
Дознај повеќе за 5 од нашите многу иницијативи со кои правиме убава промена.
Нашата Ecobeauty линија
Сите наши производи Ecobeauty се од природно или од сертифицирано органско природно потекло и не содржат силикони, минерални масла или синтетички мириси. Исто така, Ecobeauty Кремот за лице и Кремот за очи се Fairtrade®-сертифицирани. EcoBeauty е повеќе од линија што само се грижи за твојата кожа, таа менува животи. Во земјоделските заедници од кои го добиваме кокосовото масло, заработката од секоја продажба овозможува обуки за биодиверзитет, органско земјоделство и грижа за природните ресурси, како и еманципирање на жените.
Микрочестички
Користиме биоразградливи честички од природно органско потекло, во сите наши производи за пилинг. Зошто? Бидејќи, ја цениме безбедната чиста вода што е добра за твоето здравје и за средината.
Нашата Wellness фабрика
Нашата Wellness-фабрика во Рурке, Индија, има соларни панели на покривот, за користење на моќта на сонцето, со цел да се намали потрошувачката на енергија. Благодарение на паметната примена на одржлив дизајн што се фокусира на заштеда на енергија и создавање здраво работно место што ја чува средината, нашата Wellness-фабрика освои златен LEED®-сертификат (Лидерство за енергија и одржлив дизајн).
Соларни панели и златен LEED-сертификат
Нашата Wellness-фабрика во Рурке, Индија, има соларни панели на покривот, за користење на моќта на сонцето, со цел да се намали потрошувачката на енергија. Благодарение на паметната примена на одржлив дизајн што се фокусира на заштеда на енергија и создавање здраво работно место што ја чува средината, нашите фабрики во Рурке, Индија и Ногинск, Русија освоија златен LEED®-сертификат (Лидерство за енергија и одржлив дизајн).
Позелена иднина
Во 2017 година, 97% од хартијата на нашите каталози потекнуваше од сертфицирани шуми и спречивме 99% од нашиот производителен отпад да заврши на депонија. Од 2018 година, 100% од струјата што ја користиме низ целиот свет доаѓа од одржливи извори.
Бидејќи бевме една од првите компании што користат растителни екстракти во нашите производи за нега на кожа, секогаш целиме кон коритење состојки од обновливи растителни извори. Направивме голем напредок од нашиот почеток, сепак, патот пред нас е долг и има уште многу работи што треба да се направат.
Нашиот пат кон одржливост е долг. Сепак, со оглед на карактерот и на големината на нашиот бизнис, имаме можност да ги прифатиме одговорноста и можноста да оствариме вистинска, трајна и позитивна промена.
Успешни луѓе
Вистински сакаме да им помогнеме на луѓето да најдат начин да ги постигнат своите цели. Преку нашите вработени, Консултанти за убавина, доставувачи, општествата во кои работиме и преку нашите ценети потрошувачи, можеме да им помогнеме на луѓето низ светот да постигнат успех.
Дознај повеќе >>
Одлични производи
Помагаме за создавање убавина и добросостојба за многумина, а притоа ги почитуваме луѓето и природата. Тоа значи дека создаваме производи што се општествено и етички одговорни, како и одговорни за средината.
Дознај повеќе >>
Здрава планета
Се залагаме да создадеме одржлив бизнис. Нашата стратегија се темели на целосно разбирање на нашето влијание и долготрајна обврска кон принципите за одржливост.
Дознај повеќе >>
На следниот линк можеш да дознаеш повеќе за нашата политика за одржливост:
http://corporate.oriflame.com/SUSTAINABILITY/