Skip to main content Skip to main menu Skip to search
  1. Почетна
  2. За Орифлеим
  3. Услови и правила

Услови и правила

Овие Услови & Правила и сите овде наведени документи ("Условите") ги пропишуваат правилата, принципите, како и правата & обврските на Орифлеим кои се однесуваат на консултантите и истите, откако ќе бидат прифатени од Ваша страна, претставуваат обврзувачки договор помеѓу Трговско друштво ОРИФЛЕИМ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ Скопје, со регистрирано седиште на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 32, 1000 Скопје, Република Македонија, ЕМБС: 5118514 ("Орифлеим", "Ние") и Вас ("Вие", "Консултантот на Орифлеим", "Консултантот"). Затоа Ве советуваме да испечатите или зачувате и задржите примерок од овие Услови.

Го задржуваме правото да ги ревидираме овие Услови. Датумот на последното ажурирање на документот е наведен на крајот на овие Услови. Ќе Ве информираме за сите промени, како што е објаснето во овие Услови. Лично сте одговорни секогаш да бидете во тек со сите такви измени.

I.          ДЕФИНИЦИИ

Следниве дефиниции се користени низ текстот на овие Услови:

  1. Етички кодекс и Правила на однесување: збир на обврзувачки правила, кои се дел од Планот за успех на Орифлеим, со кои се регулира однесувањето на Консултантите кон Орифлеим, кон Корисниците и кон другите Консултанти на Орифлеим;
  2. Корисник: секое физичко лице, без разлика дали е регистрирано како корисник во Орифлеим или не, кое купува Производи на Орифлеим онлајн (на пример: преку веб страницата) или офлајн (на пример: по телефон) и кое го прави тоа целосно или воглавно надвор од своето занимање, деловна активност, занает или професија;
  3. Каталог на Орифлеим, Каталог: хартиена или електронска брошура која Орифлеим ја издава периодично и која содржи понуди на производи на Орифлеим и нивните препорачани малопродажни цени;
  4. Каталошки период: периодот назначен на насловната страница на секој Каталог во текот на кој важат понудите од дадениот Каталог на Орифлеим;
  5. Групација Орифлеим: Орифлеим Глобал Е-комерц АГ, холдинг компанијата која е нејзин краен сопственик и сите субјекти кое истата ги контролира, било директно или индиректно;
  6. Производи на Орифлеим, Производи: козметика и поврзани додатоци, како и одредени суплементи во исхраната кои се нудат за продажба под Трговската марка на Орифлеим; Каталогот ги опишува главните карактеристики на Производите;
  7. План за успех на Орифлеим:  документот кој ги објаснува придобивките од соработката со Орифлеим и можностите за заработувачка кои ги нудиме. Планот за успех може да го преземете овде;
  8. Брошура на Орифлеим: документот кој обезбедува брза и лесна за разбирање презентација на придобивките од соработката со Орифлеим – Производите на Орифлеим и можностите за заработка кои ги нудиме. Изготвена е врз основа на Планот за успех на Орифлеим, но е пократка, полесна за разбирање и презентирање;
  9. Трговски марки на Орифлеим: називот Орифлеим, логото на Орифлеим и имињата на производите или производните асортимани кои се произведуваат, пласирааат на пазарот, продаваат или дистрибуираат од наша страна;
  10. Цени: цените на Производите на Орифлеим определени од страна на Орифлеим и прикажани во ценовниците кои важат во моментот на доставување на нарачката;
  11. Територија: Република Македонија;
  12. Лични податоци: деталите обезбедени од Ваша страна, при Вашата регистрација како Консултант на Орифлеим, како и сите дополнителни информации за Вас, кои повремено ни ги обезбедувате.
  13. Лични информации: информациите кои директно или индиректно се поврзани со Корисниците, Консултантите на Орифлеим и трети страни чии информации Вие ги собирате или на друг начин ги обработувате за времетраењето на Вашиот деловен однос со Орифлеим.

2.         РЕГИСТРАЦИЈА И ЧЛЕНСТВО

2.1.      Ќе бидете регистрирани како Консултант на Орифлеим откако ќе ја прифатиме Вашата апликација и ќе Ви доделиме Број на Консултант. Условите за Ваше прифаќање како Консултант на Орифлеим се утврдени во секцијата Правила за „Членствоод Правилата на однесување.

2.2.      Имаме право да наплаќаме одреден годишен административен надоместок (при Вашата регистрација и на секоја годишнина од истата), како и трошоци за почетничкиот комплет - збир на документи и прирачници кои се од помош при започнување на соработката со нас, а кои трошоци, доколку одлучите да го земете ваквиот комплет, ќе бидат вклучени во Вашата прва фактура за набавка.

2.3.      Вашето членство истекува (i) една година по Вашата регистрација ако во тој период не сте доставиле до нас било каква нарачка или (ii) 12 месеци по Вашата последна доставена нарачка.

2.4.      Вашето членство може во секое време да биде ракинато како од Вас, така и од Орифлеим, на начин како подолу е утврдено во овие Услови.

2.5.      Членството е лично и истото без претходна наша писмена согласност не може да биде отстапено или пренесено на било кое друго лице.

2.6.      Ако во исклучителен случај регистрирате спонзорирано лице во негово име, ќе претпоставиме дека од тоа лице сте добиле овластување. Неовластените регистрации не се дозволени. Ќе бидете целосно одговорни за сите побарувања, трошоци и износи кои ќе произлезат од таквата регистрација. Покрај тоа, лицето кое сте го регистрирале може спрема Вас да истаке барања согласно важечките прописи за заштита на приватноста и граѓанското право. Исто така, во некои случаи може да бидете предмет на кривична постапка. 

2.7.      По Вашата регистрација:

  • Ќе имате право да ги купувате Производите на Орифлеим во согласност со овие Услови, како и да ги користите други придобивки утврдени во Планот за успех на Орифлеим;
  • Ќе треба строго да се придржувате кон правилата од овие Услови, вклучувајќи ги и правилата од сите овде наведени документи.

3.         ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ (COOLING OFF) И ЕФЕКТИ ОД ПРЕКИН НА ЧЛЕНСТВОТО

3.1.      Во секое време можете да го откажете Вашето членство, без да ја наведете причината за тоа, така што ќе ни испратите писмено известување за Вашето откажување. Веднаш откако ќе го примиме Вашето известување, ќе Ви испратиме потврда за прием на истото. Можете да го користите Формуларот за за откажување за да нѐ известите за Вашето откажување на членството.

3.2.      Доколку во рок од 14 дена од датумот на Вашата регистрација поднесете известување за откажување, ќе Ви ги рефундираме сите надоместоци и трошоци и ќе прифатиме поврат на сите Производи кои сте ги купиле. Заради безбедносни и хигиенски причини, нема да имаме обврска да прифатиме враќање на козметички Производи кои биле отпакувани.

3.3.      Доколку поднесете известување за откажување во некој подоцнежен рок, на Ваше барање ќе ги откупиме сите Производи од Вас, под следниве услови:

  • Производите кои се враќаат биле купени во последните 12 месеци и рефундирањето ќе биде во износ од 90% од платената оригинална нето цена по одбивање на сите исплати кои биле извршени од наша страна во врска со купувањето на таквите Производи; и

     

  • Вратените производи треба да можат да се продаваат, што значи дека треба да не се користени, отворени или злоупотребени на било каков начин; да не им истекол рокот на употреба и сѐ уште да се дел од нашите Каталози.

4.         КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ

A. НАРАЧУВАЊЕ

4.1.      Можете да направите нарачки од Каталогот, со избирање на Производите кои сакате да ги купите. Креирањето и доставувањето на нарачката ќе се смета за понуда од Ваша страна до нас да ги купите избраните Производи.

4.2.      Нарачката се смета за комплетирана кога се извршени следниве чекори:

  • доколку нарачувате по телефон, откако сте му кажале на нашиот вработен од Службата за поддршка на корисници кои Производи сакате да ги купите и тој истите ги издвоил за вас; или

     

  • доколку нарачување онлајн, откако сте ги избрале Производите кои сакате да ги купите преку опцијата "Додај во кошничка"; во секое време можете да ја прегледате и менувате содржината на кошничката со промена на количината на Производи, бришење на Производи или отстранување на целата содржина од кошничката;

     

  • откако сте ги доставиле потребните Лични податоци за да се овозможи испорака и сте потврдиле дека можеме да ги користиме овие податоци за целите утврдени во нашата Политика на приватност; и

     

  • откако сте го избрале саканиот начин на испорака и плаќање.

4.3.      Откако ја креирате и испратите Вашата онлајн нарачка, истата веќе не може да се менува преку веб страницата; ќе треба да ја контактирате Службата за поддршка на корисници на бројот +389 (02) 3235 777

4.4.      Откако ќе ја прифатиме Вашата нарачка, по е-маил ќе Ви биде испратена потврдата на нарачката, по што ќе се смета дека е склучен договорот за купопродажба. Може да се случи да не ја прифатиме Вашата нарачка, без наведување на причините за неприфаќањето. Во тој случај ќе Ви ги рефундираме во целост сите средства кои веќе сте ги уплатиле за истата.

4.5.      Освен потврдата за нарачка, ќе добиете и испратница за вашите Производи. Испратницата содржи преглед на Производите кои сме Ви ги испратиле. Истата содржи и важни информации за Вашите права како потрошувач.

4.6.      Доколку нарачувате онлајн, Ве молиме обрнете внимание на следното:

4.6.1.     склучениот договор нема да биде доставен или достапен: елементи на договорот ќе бидат Вашата нарачка и Условите кои се објавени на веб страницата (кои можете да ги зачувате или испечатите) или кои може да Ви ги доставиме преку други средства за комуникација;

 

4.6.2.     договорот може да се склучи само на македонски и на ниту еден друг јазик;

 

4.6.3.     Орифлеим се согласни со Кодексот на однесување наведен во Точка 9 од Условите.

4.7.      Нарачките кои се веќе комплетирани и платени не можат да се откажат, освен во случаите опишани во точка 5.

4.8.      Нарачки може да се направат во секое време во текот на денот, освен во време на затварање на Каталошкиот период кога има одредена ограничена недостапност заради ажурирање на Каталогот.

4.9.      Не сите Производи се достапни во секое време. Доколку некој Производ не е на залиха во моментот кога ја правите нарачката, ќе ги вложиме сите можни напори за да Ве информираме за тоа пред да ја комплетирате нарачката, така што ќе можете да ја промените нарачката или да се откажете од нарачување.

4.10.    Каталогот може повремено и за одреден временски период да биде недостапен заради негово одржување или поради разни технички причини. Орифлеим нема да биде одговорен за таквата недостапност и нема да прифати било какви побарувања од Корисниците или други посетители истакнати по тој основ.

4.11.    Во исклучителни случаи може да Ви дозволиме да доставите нарачки за други лица со користење на специфична онлајн алатка. Истово ќе биде возможно само за Вашите подредени Консултанти, како што е објаснето во Планот за успех на Орифлеим и само врз основа на нивно експлицитно овластување. Ако ја користите оваа алатка, Вие ќе биде единствените одговорни за било какви побарувања по основ на неовластеното нарачување и генерално за секоја повреда на тајноста на податоците, како и за сите трошоци и издатоци кои Орифлеим или лицето за кое сте доставиле нарачка може да ги има во врска со таквата нарачка.

Б. ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

4.12.    Освен ако експлицитно не е наведено поинаку, Цените на Производите прикажани во Каталогот претставуваат вкупни малопродажни цени за Производите во моментот на доставување на нарачката. Сите цени се прикажани во локална валута и се со вклучен ДДВ.

4.13.    Го задржуваме правото за промена на Цените во секое време и според наше сопствено наоѓање, но било каква промена на Цените на Производите кои ќе ги изберете пред да ја доставите нарачката нема да биде дел од нашиот договор, освен ако и Вие и ние изрично не се согласиме на тоа.

4.14     Цените не ги вклучуваат трошоците за транспорт, испорака и сите други надоместоци и давачки кои јасно се наведени како дополнителни трошоци на цената во текот на процесот на нарачување и кои може да варираат во зависност од начинот на испорака кој сте го избрале.

4.15     Од време на време може да ги намалиме Цените. Може да Ви овозможиме и дополнителни попусти во согласност со Планот за успех на Орифлеим. Ваквите попусти не мора секогаш да бидат назначени на Вашата фактура за набавката. За пресметката на Цените секогаш можете да се обратите во Службата за поддршка на корисници на +389 (02) 3235 777

4.16     Плаќањата можат да се вршат со кредитна картичка, вирмански или со други средства утврдени во овие Услови. Ги прифаќаме повеќето од поглавните платежни картички. Пракса е да не повлекуваме средства од Вашата кредитна картичка, сѐ додека Вашата нарачка не е подготвена за испорака. Ако, во исклучителен случај, од Вашата кредитна картичка се повлечени средства пред Вашата нарачка да е испратена, ќе имате право на поврат на средствата согласно точките 3.2, 3.3 и 5.3.

4.17.    За целите на наплата на побарувањата, соработуваме со Друштво за финансиски консалтинг и услуги ЕОС МАТРИХ ДООЕЛ Скопје. Можете да очекувате да добивате фактури и да бидете контактирани во врска со плаќањето од страна на овој надворешен давател на услуги. По правило, сите фактури треба да се платат во рок од 15 дена, согласно инструкциите наведени во истите. За задоцнети плаќања може да се наплати камата на дневна основа според каматните стапки на Народна Банка на Република Македонија, како и оправданите трошоци за наплата на долгувањата

4.18.    За дополнителни информации околу начините на плаќање, вклучително и можните услови за кредитирање, Ве молиме контактирајте ја Службата за поддршка на корисници на +389 (02) 3235 777.

4.19.    Заради безбедност на онлајн плаќањата извршени со картичка, сите информации за плаќањето се енкриптирани. Со оглед на тоа што Орифлеим работи со овластени провајдери на платежни услуги, информациите за кредитните картички се третираат соодветно и во согласност со меѓународните стандарди за безбедност на податоците во индустријата на платежни картички.

4.20.    Доколку имаме опција за плаќање со картичка со траен налог, ќе имате можност изрично да изберете и да се согласите на овој погоден начин на плаќање. Во тој случај сите идни плаќања ќе бидат задолжувани од Вашата платежна картичка веднаш штом направите нарачка, а износот ќе се наплати од Вашата платежна картичка во моментот кога Орифлеим ќе ги испрати нарачаните Производи. Во секое време ќе имате можност да го повлечете трајниот налог така што во Вашиот профил ќе го одбререте табот за платежни картички.

В. ИСПОРАКА И ПРЕНОС НА РИЗИК

4.21.    Нарачаните производи можат да се испорачаат само на Територијата.

4.22.    Местото на испорака на Производите го одбирате Вие во Вашата нарачка.

4.23.    Вашата нарачка ќе биде обработена и испорачана во најкус можен рок, а најдоцна во рок од 30 дена по нашето потврдување на нарачката. Нема да бидеме одговорни за доцнења во испораката предизвикани од околности кои се надвор од наша контрола.

4.24.    Ризикот од губење на Производи и сопственоста на Производите ќе преминат на Вас по испораката на Производите.

4.25.    Орифлеим нема да носат одговорност во случај на неиспорачување, погрешна или задоцнета испорака на нарачка како последица на тоа што сте ни дале неточни или нецелосни Лични податоци.

4.26.    Ако постои оправдано сомневање дека сте прекршиле било кој од Условите, го задржуваме правото во секое време еднострано да ја откажеме нарачката направена од вас.

Г. СООБРАЗНОСТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

4.27     Гарантираме дека Производите на Орифлеим се произведени во согласност со Насоките за добри производствени практики за козметички производи  EN ISO 22716:2007 и Кодексот за практики на Орифлеим.

5.         ПРАВО ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКИ

5.1.      Строго се придржуваме до Правилата за враќање на производи кои се применуваат на Територијата (за повеќе информации видете точка 5.3).

5.2.      Без да биде доведено во прашање Вашето право да откажете било која нарачка и да вратите одреден Производ, по приемот на пратката, треба да ја проверите нејзината содржина со цел да се уверите дека истата не содржи Производи кои се оштетени за време на транспортот. Вие или лицето кое ги прима Производите во Ваше име, мора веднаш да ја известите Службата за поддршка на корисници, со поднесување на рекламација и опис на штетата/недостатокот. Рекламацијата може да ја испратите и преку електронска пошта на info@oriflame.mk

5.3.      Право на враќање и право на рефундирање

5.3.1.     Во рокот наведен подолу во точка 5.3.2., можете да ја откажете секоја нарачка за Производ(и), без да ја наведете причината за откажувањето. Тоа значи дека во релевантниот рок, доколку се премислите или од друга причина одлучите да не го задржите Производот, можете да нѐ известите за Вашата одлука да се откаже нарачката и средствата ќе Ви бидат рефундирани.

5.3.2.     Нарачката можете да ја откажете во секое време дури и откако сте примиле потврда за нарачката по е-маил или откако Вашата нарачка усно е прифатена од страна на Службата за поддршка на корисници, но најдоцна во рок од 14 календарски дена од денот кога Производот сте го примиле во физичко владение или кога во физичко владение сте го примиле последниот од Производите, доколку сте нарачале повеќе од еден Производ.

5.3.3.     За да ја отажете нарачката, Ве молиме контактирајте ја Службата за поддршка на корисници на телефонскиот број +389 (02) 3235 777 или испратете e-маил на info@oriflame.mk, или преку пошта на адресата на Орифлеим, ул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр 32, 1000 Скопје. Можете да го користите предложениот формулар за да нѐ известите за откажувањето. Ако го пополните овој формулар онлајн и го поднесете преку нашата веб страна, ќе Ве комуницираме за потврда на приемот на таквото откажување преку траен медиум (на пр. преку е-маил). Можеби ќе сакате да зачувате копија од Вашето известување за откажување за Ваша лична евиденција. Важно е да го искористите своето право на откажување пред истекот на рокот за откажување. Затоа, доколку го испратите Вашето известување за откажување преку e-маил или по пошта, откажувањето стапува на сила од датумот на испраќање на таквиот e-маил или датумот на праќање на таквиот допис по пошта. Доколку ни се јавите преку телефон за да нѐ известите за откажување, Вашето откажување ќе стапи на сила од датумот на Вашиот телефонскиот повик до нас.

5.3.4.     Во целост ќе Ви биде рефундирана цената што сте ја платиле за Производите и сите трошоци за испорака кои сте ги платиле (освен дополнителните трошоци кои ќе настанат доколку изберете друг вид на испорака кој е  поскап од најевтиниот тип на стандардна испорака понуден од наша страна). Го задржуваме правото да од износот кој го рефундираме одбиеме одреден износ за намалена вредноста на било кој Производ кој сме Ви ги испорачале, доколку таквата намалена вредност е резултат на непотребно ракување со таквиот Производ од Ваша страна. Одговорни сте само за секоја намалена вредност на Производите која е резултат на ракување со истите кое не било неопходно за утврдување на природата, карактеристиките и функционирањето на Производите. Процесот на рефундирање ќе го покренеме во најбрз можен рок, а во секој случај, во рок од (а) 14 календарски дена откако ќе ги примиме назад Производите кои сме Ви ги испорачале, или (б) (ако ова настапи порано) 14 календарски дена од датумот на кој сте обезбедиле доказ дека сте ги вратиле Производите или (в) ако Производите не се испорачани, 14 календарски дена од датумот на кој сте ни доставиле известување за откажување. За враќање на Производи со недостатоци или поради погрешен опис, Ве молиме видете ја точка 5.3.4.

5.3.5.     Доколку сте ни вратиле Производи со недостатоци или бидејќи биле погрешно опишани, во целост ќе Ви ја рефундираме цена на дефектните Производи, сите применливи трошоци за испорака и сите оправдани трошоци кои сте ги имале за да ни ги вратите таквите Производи. 

5.3.6.     Средствата може да ги рефундираме на кредитна картичка, дебитна картичка или на други средства кои Вие сте ги користеле за да платите, освен ако изречно не сте се договориле поинаку; во секој случај, нема да имате никакви додатни трошоци за рефундирањето.

5.3.7.     Доколку Производите Ви се веќе испорачани:

5.3.7.1.   мора да ги вратите Производите до нас без непотребно одлагање, а во секој случај најдоцна во рок од 14 дена од датумот на откажување на нарачката/ договорот. Крајниот рок е испочитуван доколку Производите се испратени пред истекот на рокот од 14 дена;

5.3.7.2.   освен во случај Производите да се со недостатоци или со погрешен опис (за овие случаи видете ја точка 5.3.5), ќе бидете одговорни за директните трошоци за враќањето на Производите до нас; и

5.3.7.3.            имате правна обврска да ги чувате Производите во Ваш посед и да се грижите за нив сѐ додека истите се во ваш посед.

5.3.8.   Подетални информации за Вашето законско права на откажување и објаснување за тоа како да го искористите ова право, вклучително и препорачаниот Образец за Враќање се дадени во испратницата опишана во точка 4.5.. Исто така, Образецот за Враќање може да го најдете овде.

5.3.9    Имаме законска обврска да Ви испорачаме Производи кои се во согласност со договорот. Како потрошувач, Вие секогаш ќе имате законски права во однос на Производите кои се со недостатоци или се со погрешен опис. Овие законски права не се засегнати со политиката за враќање која е предмет на оваа точка 5.3 или на овие Услови. Совет за Вашите законски права на Територијата можете да добиете од вашата локална Организација за заштита на потрошувачите.

5.4.      Исто така, го гарантираме квалитетот на сите Производи кои го носат името на Орифлеим и потврдуваме дека се произведени од нас или за нас и дека ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет. Убедени сме дека нашите Корисници ќе бидат задоволни од нашите Производи во секој поглед. Затоа, нудиме дополнителна гаранција од Орифлеим која Ви овозможува да ги замените или да добиете целосна рефундација на средства за секој Производ од кој не сте комплетно задоволни. Рефундацијата треба да се побара во рок од 90 дена од приемот на Производот од Ваша страна. Оваа гаранција не се однесува Производи кои се намерно оштетени или погрешно употребени. Враќањата на Производи и рефундацијата на средствата според оваа одредба ќе се врши во согласност со одредбите од претходните ставови на оваа точка 5, освен ако поинаку не е искомуницирано.

6.         ОБВРСКИ НА ПРОДАЖНИОТ КОНСУЛТАНТ НА ОРИФЛЕИМ

6.1.      Консултантите купуваат и може да продаваат Производи на Орифлеим во свое име и за своја сметка. Доколку изберете да тргувате со Производите на Орифлеим, ќе се смета дека дејствувате и секогаш треба да постапувате како самостојно лице (самовработен/самостоен трговец), а не како застапник или вработен на Орифлеим. Вие немате никакво овластување да преговарате, купувате, продавате или склучувате било какви договори во нашето име или за наша сметка или во име и за сметка на било кое друго друштво од Групацијата Орифлеим.

6.2.      Доколку сте избрале да тргувате со Производите на Орифлеим, самите ќе бидете одговорни за обезбедување на сите потребни дозволи, лиценци и воопшто за сите регистрации кои се потребни согласно законите на Територијата за обавување на независно деловно работење, вклучително било каква регистрација која се однесува на заштита на податоци (видете точка 6.7), како и даночна регистрација. Целосно сте одговорни за пријавување и плаќање на сите даноци, давачки и надоместоци применливи на таквата дејност. Целосно сте одговорни за обезбедување на сите аспекти на Вашето користење на личните податоци на Вашите Корисници во секој поглед во согласност со националните закони за заштита и тајност на податоците (видете точките 6.7 - 6.13).

6.3.      Одобруваме враќање и замена на Производи како што е опишано во Условите, како за Вашите Корисници, така и за вас. Потврдувате дека е Ваша одговорност да ги информирате Вашите Корисници за нивното право за враќање на Производи и дека Вие ќе треба да го извршите враќањето Производи во нивно име.

6.4.      Должни сте да ги чувате реномето и угледот на Орифлеим. Не смеете да давате никакви изјави, ниту да вршите било какви активности кои би можеле да го нарушат реномето на Орифлеим или Производите. Вашите деловни активности треба да ги извршувате на законски и етички начин и не смеете да давате лажни, неточни или преувеличени тврдења за Производите.

6.5.      Потврдувате дека Трговските марки на Орифлеим, нашето трговско име и лого, како и нашите онлајн алатки и нашите бази на податоци се сопственост на Орифлеим и се согласувате дека нема да ги злоупотребите на било кој начин. За да нема сомнежи, целокупната деловна вредност (гудвил) на името Орифлеим припаѓа само на Орифлеим. На наше барање, ќе ја потпишете документацијата која ние сметаме дека е оправдано потребна за потврдување на истово.

6.6.      Консултантот се согласува и прифаќа дека условите на овој договор и материјалите наведени во него, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на Планот за успех на Орифлеим, нашите бази на податоци (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на било која база на податоци која содржи Лични информации) и нашите онлајн алатки се заштитени информации и се предмет на нашите права од интелектуална сопственост. Консултантот нема право да ги користи истите, ниту било кој нивен дел, надвор од активностите за кои е овластен со овој договор.

6.7.      При презентирањето на Производите на Орифлеим, строго ќе ги почитувате Правилата на однесување и Етичкиот кодекс.

Обврски за заштита на Лични податоци

6.8.      Како Консултант можете да собирате, зачувате, користите и ажурирате Лични информации. Како независен контролор на податоци за такви Лични информации, Вие гарантирате и се согласувате да ги почитувате сите важечките закони за заштита и тајност на податоци, вклучително, без ограничување, Регулативата (ЕУ) 2016/679 (Општа регулатива за заштита на податоци) и Дирекивата 2002/58/ЕЗ (Директива за е-приватност), онака како се имплементирани во националното законодавство и како од време на време се изменети, дополнети и заменети.  Според овие закони, можеби ќе треба да се регистрирате кај надлежниот орган за заштита на податоци, освен ако не сте ослободени од таквата обврска и ќе морате да се усогласувате со принципите за заштита на податоци. Ваша одговорност е да ја оцените потребата за ваква регистрација, како и да ја извршите таквата регистрација доколку тоа е потребно и да се усогласите со принципите за заштита на податоци.

6.9.      Доколку сакате да го спонзорирате некој Корисник за да стане Консултант, можете да собирате одредени Лични информации директно од Корисникот. Морате да ги следите нашите процедури за спонзорирање како што од време на време се комуницирани до Вас и да осигурате дека секоја употреба на Личните информации е во согласност со важечкиот закон.

6.10.    Особено се обврзувате да преземете соодветни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на Личните информации на Корисниците од случајно или незаконско уништување или случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристапување, особено ако обработката вклучува пренос на податоци преку мрежа, како и од сите други незаконски форми на обработка. Имајќи ги во предвид најновите достигнувања и трошоците за нивна имплементација, ваквите мерки треба да гарантираат степен на безбедност соодветен на ризиците кои се типични за обработката и природата на личните информации кои треба да бидат предмет на заштита.

6.11.    Веднаш откако ќе дознаете за било каква повреда на безбедноста која води до случајно или незаконско уништување, губење, преправање, неовластено откривање или пристапување до Лични информации, обврзани сте да ги известите Орифлеим по пат на електронска порака на privacy@oriflame.com во која ќе ја објасните природата на инцидентот и засегнатите записи.

6.12.    Ако во било кое време примите барање за остварување на права согласно прописите за заштита на податоци од Корисник или друго лице чии лични податоци ги обработувате, должни сте да го почитувате таквото барање до степенот што го налага важечкиот закон и во согласност со сите политики, процедури или обуки кои од време на време Ви се даваат од Орифлеим.

6.13.    Личните информации може да ги обработувате само во согласност со изјавата за приватност доставена до Корисниците и другите Орифлеим консултанти. По прекинувањето на Вашиот деловен однос со Орифлеим, гарантирате и се согласувате дека без непотребно одложување ќе ги уништите сите Лични информации кои се во Ваш посед или под Ваша контрола.

6.14.    Изрично се оградуваме од каква било одговорност за казни, трошоци, такси и генерално сите издатоци кои може да настанат како резултат на било каква повреда на законите за заштита и тајност на податоци.

 

Маркетинг и комерцијални пораки

6.15.    Обврзани сте јасно да ги прашате Корисниците дали сакаат од Вас да добиваат маркетинг пораки за Производите на Орифлеим и мора да добиете потврдна согласност пред да ги испратите таквите пораки. Обврзани сте да водите евиденција за маркетинг преференците на секој примател на Вашите маркетинг пораки, која евиденција вклучува податок за датумот на кој е дадена согласноста и јазикот на кој истото е договорено. Секоја маркетинг порака која ја испраќате треба да го информира примачот за неговото право да се откаже од примање на такви пораки во иднина и како истиот може да го оствари тоа свое право и во тој случај да Ве информира преку електронска пошта за неговата желба да се откаже. Согласни сте и гарантирате дека ќе ги почитувате преференците на секој примач на такви пораки и да постапувате согласно таквите преференци.

6.16.     Нашите онлајн алатки Ви овозможуваат користење на Личните информации на Корисниците за испраќање на маркетинг и други комерцијални пораки, само доколку се исполнети следните услови:

  • треба да сте го спонзорирале Корисникот за да стане Консултант, освен ако изрично не е поинаку договорено,
  • маркетинг и другите комерцијални пораки мора да се однесуваат исклучиво на Производи на Орифлеим,
  • комерцијалната или маркетинг порака да може јасно да се идентификува како таква,
  • пораката треба да го содржи Вашето име и контакт детали како испраќач на комерцијалната порака и валидна адреса на електронска пошта (и/или други елементи, како што е линк за откажување) на која Корисниците можат да ве искомуницираат за да Ве известат за нивната намера да се откажат од примањето на маркетинг пораки во иднина,
  • маркетинг пораки не смеат да се испраќаат до Корисници кои се откажале од примање на истите,
  • промотивните понуди, како што се попусти, премии и подароци, онаму кога тоа го дозволува применливиот закон, треба јасно да се означени како такви, додека условите кои треба да се исполнат за да се осигура правото на истите треба да се лесно достапни и јасно и недвосмислено прикажани, и
  • содржината на таквата комерцијална и маркетинг пораки треба да е во согласност со овие Услови и сите применливи закони кои се однесуваат на комерцијални пораки.

6.17.    Во ниту еден случај не Ви е дозволено да испраќате маркетинг или друга комерцијална порака за сметка или во име на Орифлеим.

ОБВРСКИ НА ОРИФЛЕИМ

6.18     Ќе Ви го испорачаме секој нарачан Производ, под услов исиот да е достапен.

6.19.    Изрично не прифаќаме било каква одговорност за дефицит на Производи или Производи кои ги нема на залиха.

6.20.    Директно од нас или од друг субјект на Орифлеим или пак од трета страна провајдер  ќе ги примате сите бенефиции/ исплати кои Ви следуваат од нас во согласност со Планот за успех на Орифлеим кој во моментот е на сила.

7.         РАСКИН

7.1.      Го задржуваме правото да го раскинеме Вашето членство со отказ со моментален ефект во секој од следниве случаи:

  • Доколку дадете било каква изјава или Личнен податок кои се материјално неточни или невистинити;

     

  • Доколку над Вас е поведена постапка за стечај пред било кој суд или не сте во состојба да ги плаќате своите долгови кон нас во моментот на нивната доспеаност;

     

  • Доколку извршите повреда на некоја одредба од Условите која не може да се поправи или во случај на повреда на некоја од одредбите од Етичкиот кодекс и Правилата на однесување;

     

  • Доколку извршите повреда на некоја одредба од Условите, вклучувајќи ги и документите на кои во нив се повикуваме и во случај на повреда која може да се поправи, да не ја поправите таквата повреда во рок од 14 дена од приемот на писмено известување испратено од наша страна.

8.         ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРИГОВОРИ

8.1.      Процедурата за постапување по приговори на Орифлеим е утврдена со Правилата на однесување.

8.2.      Во секое време може да поднесете било каква рекламацијапрашање или барање  до Службата за поддршка на корисници на Орифлеим на info@oriflame.mk  или на телефонскиот број +389 (02) 3235 777. Ако не сте задоволни со одговорот кој Ви го дала Службата за поддршка на корисници на Орифлеим, можете да ja контактирате локалната Асоцијација за директна продажба (ако постои таква) или Европската асоцијација за директна продажба (Seldia) на www.fairselling.eu.

9.         КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

Орифлеим строго се придржува кон Кодексот на однесување на Seldia (http://www.seldia.eu/sites/default/files/uploads/content-pdf/seldia_codeofconduct.pdf) и Светската федерација на асоцијации за директна продажба (WFDSA) (http://www.wfdsa.org/files/world-codes/code-book.pdf).  Орифлеим бара од Консултантите строго да се придржуваат до овие кодекси, а кои се имплементирани и во Етичкиот кодекс на Орифлеим и Правилата на однесување. Примерок од овие документи можете да добиете од Службата за поддршка на корисници на info@oriflame.mk

10.       ГРЕШКИ И ИСПРАВКИ

Иако ги вложуваме сите разумни напори да информациите на нашата веб страница бидат точни и актуелни, не гарантираме и не тврдиме дека веб страницата нема да содржи грешки.  Грешки при внесување на податоци или други технички проблеми  може понекогаш да резултираат  со прикажување на неточни информации. Го задржуваме правото да ги исправиме сите неправилности или печатни грешки на нашата веб страница, вклучувајќи ги и цените и достапноста на производите и услугите и нема да сносиме никаква одговорност за таквите грешки. Исто така, го задржуваме правото во секое време да вршиме подобрувања и/или измени на приказите, функционалностите или или содржината на сајтот. Доколку видите било какви информации или описи кои сметате дека не се точни, Ве молиме контактирајте ја Службата за поддршка на корисници.

11.       ЛИНКОВИ

Може да обезбедиме линкови до веб страници или извори на трети лица. Обезбедувањето на таквите линкови од наша страна не значи дека препорачуваме било која од информациите, производите или услугите до кои доаѓате преку таквите линкови. Не сме одговорни за содржината или перфомансите на било кој дел од Интернетот, вклучувајќи ги и другите веб страници до кои овој сајт може да Ве одведе или до кои може да пристапите преку овој сајт. Ве молиме да нѐ информирате доколку наидете на грешки или несоодветен материјал на веб страниците до кои овој сајт Ви дава линкови.

12.       ОПШТИ ОДРЕДБИ

12.1.    За овие Услови важат законите на Територијата и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со Условите ќе бидат решавани исклучиво од страна на надлежните судови на Територијата. Судовите на територијата ќе имаат неисклучива надлежност.

12.2.    Доколку некоја одредба од овие Услови стане незаконска, неважечка или од било која друга причина неспроведлива, невалидноста на таквата одредба нема да влијае на валидноста на остатокот од Условите.

12.3.    Доколку Орифлеим не примени било која од одредбите содржани во овој документ, истото нема да се смета за откажување од правото на нивно понатамошно применување.

12.4.    Го задржуваме правото да ги ажурираме и изменуваме овие Услови. Секоја таква измена или ажурирање ќе стапи на сила од моментот на објавувањето на истото на нашата веб страница www.oriflame.mk

12.5.    Секоја таква промени треба да е прифатена од Ваша страна како услов за Ваше користење на сајтот и нарачка на Производи преку истиот. Можеме да побараме Ваше изрично прифаќање, во спротивно, ако продолжите да нарачувате Производи откако промените биле имплеменирани, ќе сметаме дека сте ги прифатиле промените.

12.4.    Може да Ви испраќаме  предупредувања, известувања, електронски пораки, директна пошта и генерално да комуницираме со Вас. Во секое време можете да ги ажурирате Вашите преференци за маркетинг пораки од нас со логирање во Вашите кориснички поставки. Со прифаќање на овие Услови се согласувате дека Орифлеим ќе Ви испраќа и други информации/пораки во врска со Вашиот договор и/или Вашите нарачки на траен медиум, а не во хартиена форма (т.е. преку е-маил или преку други средства адресирани лично до Вас, што ќе Ви овозможи да ги зачувате информациите на начин кој ќе овозможи нивно користење во иднина за доволно долг период, а кој исто така Ви овозможува неизменета репродукција на таквите информации).

12.5.    Рокот за известување за било какви известувања кои се даваат согласно овие Услови почнува да тече на денот кога известувањето е испратено по препорачана пошта. Доколку известувањето е испратено преку други средства, рокот почнува да тече од датумот на приемот на известувањето.

13.       ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

13.1.    Потврдувате дека сте прочитале и разбрале дека Орифлеим може да ги обработува Вашите Лични податоци во согласност со Орифлеим Изјавата за приватност.           

13.2.    Дополнителни релевантни информации во врска со ОРИФЛЕИМ КОЗМЕТИКА ДООЕЛ Скопје се наведени подолу.

Назив

 

Адреса

 

Контакт детали

Телефон: 02 3235 777

е-маил: info@oriflame.mk

Трговски или друг јавен регистар

 

Надзорен орган

Ревизор:

ДДВ броеви

Во Македонија: MK4030996230326

14.       КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Доколку имате забелешки и прашања по однос на Условите, можете да ни испратите е-маил на info@oriflame.mk или јавете се на бројот +389 (02) 3235 777. Од наша страна ќе бидат преземени сите можни напори за да Ви одговориме и да пронајдеме решение за сите проблеми кои сте ни ги предочиле.

Последно ажурирање: 21.6.2018