Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Социјална грижа

Орифлеим секогаш ги остварува вашите соништа. Иако е тоа дел од нашата деловна филозофија, оваа наша заложба преминува од деловна сфера во хуманитарна. Така е од самиот почеток. Од 1967 година.

Веруваме дека подржувајќи ги најслабите во општеството, децата и младите жени, можеме да им помогнеме да ги остварат своите соништа. Цврстиот став до кој се држиме е мислата која не води во нашиот социјален ангажман.

За да успееме поквалитетно да делуваме во остврување на нашите цели, ја основавме Орифлеим фондацијата. Во нашата заедница соработуваме со други хуманитарни организации кои не само што имаат богато искуство во работата на разни проекти, туку и ни помагаат во остварувањето на нашите цели. Ни помагаат во работата на Светската фондација за помош на децата.

Светска фондација за помош на деца

Секое дете има право на безгрижно детство, на сигурност, на радост, на игра и љубопитност во врска со животот. Секое дете има право на друштвен и интелектуален развој, но во денешно време премногу деца во светот се лишени од овие најосновни права. Светската фондација за помош на децата која ја основа шведската кралица Силвија и чиј ко-основач е компанијата Орифлеим, им помага на најзагрозените деца ширум светот. Преку оваа организација им помагаме на децата на кои најмногу им е потребна помош: деца од улица, сексуално злоставувани деца и деца кои живеат во институции.