ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПОРАЧКИТЕ
Драг/драга,
Ти благодариме што си дел од нашата заедница за убавина и што ги избра нашите производи за твоите дневни рутини. Твоето задоволство од нашите производи и услуги ни е од најголемо значење и нешто за кое што се грижиме секој ден. Денеска, главен приоритет ни е да воспоставиме уште повисоки стандарди преку приспособени процеси што ја овозможуваат твојата безбедност и да те информираме за сите преземени чекори.
- Ги презедовме највисоките мерки за безбедност за заштита на нашите вработени и дезинфекција на нашите центри за дистрибуција, каде што ги процесираме твоите порачки.
- Посебно инсталираните апаратчиња во нашите центри за дистрибуција оцозможуваат дезинфекција на дланките, при влегување и при излегување од центарот. Сите вработени мораат постојано да ги дезинфицираат рацете на работа. Сите површини редовно се чистат и се дезинфицираат и се следат сите процедури за деконтаминација, според препораките на локалните влади.
- Спроведовме забрани за надворешните посетители и ги ограничивме само на тие што се неопходни за продолжување на работата, како на пример техничките услуги. Секој надворешен посетител се регистрира и од него се бара да ги дезинфицира рацете пред да влезе во центарот.
- Сите контакти со возачите, кои доставуваат производи или собираат пратки се ограничени на минимум и се остваруваат само по процедурите за дезинфекција.
Истите високи стандарди ги бараме и од нашите бизнис-партнери, кои ги доставуваат порачките од Орифлеим, за секоја пратка безбедно да стигне на својата дестинација.
Исто така, во тек сме со сите достапни официјални информации, за да се погрижиме дека не постои ризик од инфекција во ниту еден чекор од процесот на достава.
Правиме сѐ за твоите порачки да бидат доставени на време. Сепак, поради причини што се надвор од наша контрола и поврзани со светски застои во транспортот или со ограничената достапност на некои производи, можно е твојата порачка да задоцни.
Ова е динамично време исполнето со несигурност, поради што важно ни е да се чувствуваш безбедно во твојата соработка со нас и да продолжиш да уживаш во твоите омилени производи.