За Орифлеим производите
Сите наши фабрики за финални производи се проверуваат од интерниот Глобален тим за квалитет на Орифлеим што гарантира безбедност за производите и согласност со важечките регулации и интерни стандарди.
Сите фабрики на Орифлеим мораат да ги исполнуваат стандардите за правилно производство (ГМП), кои гарантираат дека процесите се соодветно дизајнирани, проверувани и контролирани. Стандардите за правилно производство значат контролирана средина со фокус на мерки за хигиена и спречување секаква контаминација на производите.
Според регулациите и нашите строги интерни стандарди, сите осетливи производи се подложени на микробиолошки тестови, за да се погрижиме дека потрошувачите можат безбедно да ги користат.
За САРС-КОВ-2 Вирусот („Коронавирус“)
Не постои познат случај на пренесување на САРС-КОВ-2 вирусот преку контакт со комерцијален производ.
Тековните медицински експерти предложуваат дека под погодни услови, вирусот може да преживее до неколку дена надвор од телото на животните или на човекот.
Според Светската здравствена организација, „веројатноста некоја инфицирана личност да зарази комерцијален производ е ниска, а ризкот од заразување со вирусот што го предизвикува КОВИД-19, од пратка која била преместувана, транспортирана и изложена на различни услови и температура е, исто така, ниска.“
(https://www.who.int/news-room/q-a-detail/q-a-coronaviruses, консултација од 18 март 2020)
Производите на Орифлеим што се продаваат на КОнсултантите за убавина се произведени неколку недели или месеци пред да се продадат. Тоа е благодарение на нашите висококвалитетни процеси за производство и времето помеѓу производството и доставувањето до Консултантот. Според тоа, сметаме дека користењето на нашите производи е безбедно.