Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување
Важно е да ги прочиташ Етичкиот кодекс (Кодекс) и Правилата на однесување (Правила) на Орифлеим, бидејќи се составен дел од условите наведени во формуларот за зачленување. Консултантот мора да се придржува кон Етичкиот кодекс и Правилата на однесување и нивните евентуални измени што се споделуваат во официјални објави на Oрифлеим или за кои е известен на друг начин. Кодексот и правилата постојат за да те заштитат, за да бидеш сигурен дека и другите членови се придржуваат кон истите високи норми. Во согласност со етичките стандарди на Орифлеим, од Консултантите се очекува да работат според законските одредби на земјата во која работат со Орифлеим дури и ако некои обврски не се наведени во кодексот или во правилата. Орифлеим го задржува правото во секој момент да го прекине членството на кој било Консултант што во формуларот за зачленување навел погрешни податоци или кој не се придржува кон кодексот и правилата. Исклучените членови ги губат сите права и привилегии што ги овозможува членството, вклучувајќи ја и својата мрежа.

Етички кодекс на Орифлеим

Како Консултант на Орифлеим, се согласувам да го управувам мојот Орифлеим-бизнис според следните правила:

Ќе се придржувам и ќе ги следам правилата на однесување што се пропишани во овој официјален Прирачник за работа на Орифлеим, но и во другата литература на Орифлеим. Ќе ги почитувам не само правилата туку и нивната вистинска намена.

Moj водечки принцип во работата ќе биде фер-пристапот кон секого што ќе го сретнам, на начин на кој би сакал другите да се однесуваат кон мене.

Производите, Можноста на Орифлеим, бесплатните обуки за Консултантите, како и други можности и придобивки овозможени од Орифлеим ќе им ги претставувам на моите потрошувачи на чесен и веродостоен начин. Ќе ги наведувам писмено и усно исклучиво оние податоци за производите, заштедата и други можности што ги има во официјалната литература на Орифлеим.

Ќе бидам учтив и принципиелен при услужувањето на моите потрошувачи и Консултанти и при претставување на компанијата во сите делови на работата. Во случај на рекламација на производ или на услуга, ќе дејствувам во согласност со пропишаните правила на компанијата.

Ќе ги прифатам и извршувам пропишаните одговорности за Консултантите на Орифлеим (како и тие што се наменети за позициите на Спонзор и за независен Директор на Орифлеим (или за повисока титула, кога ќе ја достигнам) како што е пропишано во официјалните документи на Орифлеим.

Ќе се однесувам на начин со кој ќе се одразуваат само највисоките стандарди на чесност, искреност и одговорност.

Во никакви услови нема да ја користам Орифлеим-мрежата за промовирање на кои било производи што не ги одобрил Орифлеим. Ќе го почитувам методот на директна препорака и производите нема да ги продавам во продавници од каков било вид или на некој друг начин.

Ќе ги почитувам законите и правилата на земјата, во која работам како Консултант на Орифлеим, и на другите земји доколку градам меѓународна група.

Разбирам дека почитувањето на Етичкиот кодекс и Правилата на однесување на Орифлеим се услов за моето членство во Орифлеим.

 

Правила на однесување на Орифлеим

  1. Дефиниции

    „Консултант на Орифлеим“ за потребите на овој документ е кој било Консултант на Орифлеим независно од титулата или нивото на групата (вклучувајќи ги Менаџерите на групата, Директорите и повисоките позиции).

    „Мој Орифлеим“ ќе се однесува на веб-страница што е дизајнирана, одобрена и поставена од страна на Орифлеим во корист на Консултантот на Орифлеим.

    „Орифлеим“ во овој документ се однесува на локалната Орифлеим-компанија, за која е пополнет форумар за зачленување нови членови, освен ако не е поинаку наведено.

    „Линија на спонзорство“ ги вклучува Консултантот, неговиот спонзор и така натаму и завршува со Орифлеим.

    „Лична група“ се однесува на сите Консултанти што одреден Консултант директно или индиректно ги спонзорира, но не ги вклучува Консултантите што достигнале ниво од 24%, ниту нивните мрежи.

    Поимот „Група“ се однесува на целата мрежа спонзорирани Консултанти, вклучувајќи ги и членовите што достигнале 24% ниво и нивните мрежи.

    Поимот „Литература на Орифлеим“ се однесува на: „Планот за успех“ (кој го содржи и овој прирачник со правила за однесување), Каталозите, печатените материјали од почетниот комплет и други информации испечатени или објавени на официјалната страница на Oрифлеим.

    Поимот „Спонзор“ означува лице што воведува нова личност во Орифлеим.

    Зборовите што започнуваат со голема буква, но кои не се опишани тука, ќе имаат исто значење како во претходните делови од Планот на успех.

     

  2. Членство

    2.1 Основното правило за некој да стане Консултант на Орифлеим е тоа што мора да биде спонзориран од веќе регистриран Консултант. Во посебни случаи Орифлеим може да  го додаде Консултантот во која било мрежа.

    2.2 Поединец може да има само едно Орифлеим-членство, било директно или индиректно. Индиректно членство е членство со, на пример, поседување акции во претпријатие што е регистрирано како Консултант на Орифлеим. 2.3 Орифлеим го задржува правото да одбие чија било молба за вклучување или за обновување членство.

    2.4 Подносителот на барањето мора да биде полнолетен за да стане Орифлеим-консултант. Орифлеим може според свое убедување да им одобри членство и на малолетни кандидати под услов да имаат писмена согласност заверена на нотар од родител, односно старател. Минималната возраст во овој случај е 16 години.

    2.5 Консултантите на Орифлеим можат да станат поединци во компанија со ограничена одговорност или дел од партнерство (во кое партнерите се сопружници или родител и дете/деца) што не вклучува повеќе од две лица. Правното лице мора да го наведе името на лицето што го застапува, како и сите ограничувања на неговото овластување. Партнерите имаат заедничка одговорност и Орифлеим во случај на неплаќање може да побара наплата на долгот од едниот или од двајцата партнери.

    2.6 Консултантите на Орифлеим можат да го повлече своето членство најмногу 30 дена по зачленувањето (или подолго во зависност од локалните закони) и да го добијат назад од Орифлеим целиот износ за платената членарина, почетен сет производи или кои било други порачани производи.

    2.7 Консултантите на Орифлеим можат во секое време да

    го раскине своето членство по 30 дена од датумот на зачленување, така што за тоа ќе го известат Орифлеим по писмен пат. Во таквите случаи Орифлеим не е обврзан да изврши каква било исплата наведена во ставката 2.6., освен средствата платени за членарина или за одржување на членството во рок од 30 дена пред повлекување на членството.

    2.8 Членството на Консултантот истекува по една година од вклучувањето.

    2.9 Членството може да се обнови со уплата за продолжување на членството заедно со првата порачка, по истекот на една година од зачленувањето.

    2.10 Доколку сопружникот на Консултантот сака да стане Консултант на Орифлеим, може да биде вклучен на истиот код со сопружникот (со ограничена одговорност на компанијата) или, пак, може да биде вклучен во мрежата на сопружникот што прв се зачленил. Ако сопружникот се вклучил под одделно членство, каква било парична награда од сопружникот ќе се одбие од повисоката парична награда од сопружникот што прв се вклучил – ако таквата парична награда е резултат на терминирање на членството на сопружникот што втор се вклучил поради која било причина.

    2.11 Поранешни Консултанти (или нивни сопружници) можат да поднесат формулар за ново членство под следниве услови:

    a) Потребно е да поминат најмалку шест месеци од откажувањето на членството на поранешниот Консултант (доколку Орифлеим не одлучи поинаку).

    б) Во новата молба мора да биде назначено дека пријавата се поднесува под наведените околности.

    в) Поранешни Консултанти можат веднаш да поднесат пријава за вклучување без нагласување дека се работи за поранешен Консултант ако биле неактивни најмалку 12 месеци, а престанокот се случил поради необновено членство.

    2.12 Орифлеим го задржува правото да го суспендира консултантскиот статус поради каков било прекршок на Етичкиот кодекс или Правилата на однесување.

    2.13 Орифлеим го задржува правото да го суспендира консултантскиот статус на период од 12 месеци. Суспензијата стапува во сила веднаш и трае за време на процесот на испитување на прекршувањето на правилата.

     

  3. Одржување на линиите на спонзорство

    3.1 Консултантите на Орифлеим можат повторно да се зачленат во мрежата на друг Спонзор доколку го повлечат своето претходно членство и се пријават за ново, во согласност со условите наредени во член 2.11. Доколку го повлечат своето членство ќе ја загубат целата своја мрежа, која ќе биде пренесена на нивниот прв Спонзор.

    3.2 Пренесување на членството од еден спонзор на друг е можно само во посебни случаи, и тоа исклучиво со одобрување од Орифлеим.

    3.3 Консултантите на Орифлеим што сакаат да го пренесат своето членство можат да го пренесат само на најблизок член од семејството (со одобрување од Орифлеим). Потребно е да се достават писмено барање и потребна документација до Орифлеим. Консултантите што на овој начин го пренеле членството можат повторно да побараат зачленување доколку од преносот на последното членство поминале најмалку шест месеци.

    3.4 Во случај на смрт на Консултантот, членството се поништува во рок од три месеци по смртта, доколку нема поднесено барање за наследување на членството од страна на најблизок роднина во согласност со точката 6.4. По поништувањето, сите плаќања на починатото лице што се на чекање ќе му бидат дадени на неговиот овластен Консултант. Орифлеим го задржува правото да побара документ што го докажува овластувањето на Консултантот како услов за исплата.

    3.5 Пренесување на Личната група не е дозволено.

     

  4. Одговорностите на Консултантот

    Општи одговорности

    4.1 Консултаните на Орифлеим ќе ги почитуваат сите закони, регулации и кодови што се однесуваат на нивното членство, вклучувајќи ги сите закони и регулации за данок, во однос на регистрирање и пријавување данок. Консултантите на Орифлеим нема да бидат дел од активности што можат да ги озогласат нив или Орифлеим.

    4.2 Консултантите на Орифлеим мораат да преземат соодветни чекори за заштита на сите приватни податоци на потрошувачите, потенцијалните потрошувачи, друг Консултант на Орифлеим, во согласност со локалните закони за приватност и заштита на податоците.

    Одговорности кон потрошувачите

    4.3 Орифлеим Консултантите нема да применуваат двосмислени, измамливи или неправедни тактики за препорака.

    4.4 При првиот контакт со потенцијалните Консултанти, Консултантот ќе се претстави и ќе ја објасни целта на своето приоѓање кон потрошувачот. Консултантот ќе обезбеди целосна отвореност кон својот идентитет како независен Консултант на Орифлеим во кој било вид комуникација, преку имејл, веб-страници, социјални мрежи итн. Консултантите мора да обезбедат јасно име и информации за контакт, како и информација дека не се официјални претставници на компанијата Орифлеим. Зборот „независен“ мора секогаш да стои пред „Консултант на Орифлеим“ при какво било лично претставување, како што е потпис на имејл, на визит-карта, веб-страница, социјални мрежи итн. 4.5             Консултантите на Орифлеим ќе им обезбедат на потрошувачите точни и целосни објаснувања и демонстрации на производите, во однос на цената и, доколку е потребно, правила за кредит, правила за плаќања, рок за враќање на производот, вклучувајќи ја и политиката на компанијата за враќање производи, правила за гаранција, услуги по купувањето на производите и датуми за испорака. Консултантите на Орифлеим ќе даваат точни и разбирливи одговори на сите прашања на потрошувачите.

    4.6 Орифлеим Консултантите ќе ги споделуваат само усните и писмените информации и тврдења за делотворноста на производите што се одобрени од Орифлеим.

    4.7  Кога порачуваат производи за потенцијални Консултанти, Орифлеим Консултантите ќе достават или обезбедат, испорака на производ што содржи: идентификација на Орифлеим, идентификација на Орифлеим Консултантот што ја извршил порачката, вклучувајќи ги и неговото име, адреса и телефонски број, сите материјални услови на порачката, услови за гаранција, детали и ограничувања или услуги по завршувањето на порачката, долготрајноста на гаранцијата и услугата за поправка што му е достапна на потрошувачот.

    4.8  Орифлеим Консултантот нема да користи какво било сведоштво или одобрување што не е дозволено, невистинито, застарено или неважечко поради некоја друга причина, неповрзано со понудата или искористено на начин што го измамува потенцијалниот потрошувач.

    4.9  Консултантите на Орифлеим нема да користат споредби што се двосмислени или лажни за новите потрошувачи. Споредбите ќе се базираат на факти што можат да се потврдат. Орифлеим Консултантите нема да ја потценуваат која било друга компанија, бизнис или производ, директно или преку импликации. Орифлеим Консултантите нема да го искористуваат позитивниот имиџ поврзан со заштитниот знак или симбол на друга компанија, бизнис или производ. 4.10            Орифлеим Консултантите ќе им дозволат на новите потрошувачи да ги откажат порачките за време на локалниот рок за откажување и да ги вратат со надоместок сите производи што биле доставени, но можат да се препродадат како нови. Секогаш кога потрошувачот ќе се повика на гаранцијата за квалитет на Орифлеим, Консултантот ќе му понуди избор помеѓу враќање на парите во полн износ или замена на производот со ист или друг Орифлеим-производ. Рокот за враќање на производите и гаранцијата за квалитет на Орифлеим, јасно ќе им бидат соопштени на сите Консултанти на Орифлеим.

    4.11 Консултантот на Орифлеим ќе контактира со потрошувачот, лично, телефонски или електронски, на разумен начин и во разумно време, за да избегне наметливост. Консултантот ќе ја прекине демонстрацијата или продажната презентација по барање од Консултантот или од потрошувачот.

    4.12 Информациите што Консултантот му ги дава на потрошувачот мора да бидат пренесени на јасен и разбирлив начин, со почитување на принципите на комерцијалните трансакции и начела што ја регулираат заштитата на оние што не се во состојба да дадат согласност, како што се малолетните лица.

    4.13 Консултантот нема да ја злоупотребува довербата на индивидуалните потрошувачи и мора да го почитува недостигот од комерцијално искуство на потрошувачот, нема да ги искористи староста, болеста, психичката или физичката немоќ, недостигот од разбирање или недостигот од познавање на јазикот од страна на потрошувачот.

    4.14 Орифлеим Консултантот нема да наведе некоја личност да купи производ со тврдење дека потрошувачот може да ја намали или надомести цената на производот, така што ќе наоѓа други потрошувачи да купуваат слични производи од Консултантот, ако таквите намалувања или надоместоци зависат од некој иден настан.

    4.15 Консултантите на Орифлеим се обврзуваат дека навреме ќе ги проследуваат порачките на Орифлеим.

    Одговорности кон други Орифлеим Консултанти

    4.16 Консултантите на Орифлеим нема да им ги земаат апликантите на други Консултанти на Орифлеим, ниту да се обидуваат да придобијат Консултанти од мрежата на друг Консултант на Орифлеим.

    4.17 Консултантот на Орифлеим, на вередостоен и вистински начин, ќе ги претставува постојните или можните порачки или заштеди на потенцијалните Консултанти на Орифлеим. Сите презентации за заштедата и цифри за порачки, мора да бидат: (а) вистинити, точни и претставени на начин што не е лажен, измамлив или двосмислен

    и (б) заосновани на документирани и потврдени факти од пазарот на кој работи Консултантот. Потенцијалните Орифлеим Консултанти мораат: (в) да бидат информирани дека заштедата и порачките зависат од личност до личност и од личните вештини на Консултантот, вложеното време и труд, како и од други фактори и (г) да имаат доволно информации за да можат да направат разумна процена за можноста за заштеда.

    4.18 Консултант на Орифлеим нема да им наплаќа на други Консултанти или потенцијални Консултанти за материјали или услуги што не се развиени/одобрени од Орифлеим, освен за покривање трошоци што се директно поврзани со незадолжителни обуки или состаноци одржани од Консултант на Орифлеим. Сите материјали за маркетинг што се изработени од Консултантите мораат да ги почитуваат политиките и методите на Орифлеим. Орифлеим Консултантите што продаваат одобрени и легално дозволени материјали за промоција или за обука на други Орифлеим Консултанти: (1) ќе продаваат само материјали што ги почитуваат стандардите на Орифлеим, (2) не смеат да го направат купувањето на таквите материјали задолжително за други Орифлеим Консултанти, (3) ќе овозможуваат помош за препорачување по разумна и фер цена, без да има голема разлика во цената, во споредба со слични материјали и услуги што се општо достапни на пазарот и (4) ќе му дадат на потрошувачот писмена гаранција за враќање на материјалите, која е иста како гаранцијата за враќање на Орифлеим.

    4.19 Консултантите на Орифлеим ќе контактираат со други Орифлеим Консултанти само на разумен начин и во разумно време, за да не бидат наметливи.

    4.20 Орифлеим не наметнува услови за минимална порачка, без разлика дали се работи за количество или за вредност, на своите Консултанти. На истиот начин, Консултант на Орифлеим нема да ги убедува или присилува своите Консултанти да порачуваат преку него минимално количество производи или да одржуваат резерви од производот. Сите Консултанти на Орифлеим можат да го порачаат кое било количество производи, директно од Орифлеим, сепак можат да се наплатат трошоци за ракување со робата и за достава, во зависност од големината на доставата. Консултантот на Орифлеим треба самиот да одлучи дали ќе чува резерва производи, во зависност од очекуваните продажби или од користењето на производот. Консултантите на Орифлеим нема да бараат од други Консултанти на Орифлеим и нема да ги охрабруваат да купуваат неразумни количества производи или материјали за работа. Консултант на Орифлеим нема да чува поголемо количество производи од тоа што планира да продаде или користи.

    4.21 Консултантите на Орифлеим нема да ја користат мрежата на Орифлеим за маркетинг-материјали, производи или планови што не се официјално одобрени од Орифлеим и што не се во согласност со со политиките и постапките на Орифлеим.

    4.22 Консултантите на Орифлеим нема систематски да ги придобиваат или привлекуваат членови на други компании за директна продажба.

    4.23 Консултантите на Орифлеим нема неправедно да ги омаловажуваат производите на друга компанија, нејзините продажби и план за маркетинг или кои било други карактеристики на некоја друга компанија.

    4.24 Консултантите на Орифлеим не се вработени во Орифлеим. Кога ја претставуваат можноста на Орифлеим, Консултантите на Орифлеим мораат јасно да го нагласат независниот карактер на овој бизнис и фактот дека Консултантите не се вработени во Орифлеим.

    4.25 Консултантите на Орифлеим немаат авторитет да обврзуваат или да преземаат обврски во име на Орифлеим. Консултантите ќе го ослободат Орифлеим од давачки или оштета што е резултат на непочитувањето на овие Правила.

    4.26 Консултант на Орифлеим не смее да прави порачки во име на друг Орифлеим Консултант, без негово претходно писмено одобрување.

    4.27 Со создавање Лична група, Консултантите на Орифлеим ќе се погрижат сите нови Консултанти на Орифлеим да ги следат условите за кредит, доколку постојат такви услови.

    4.28 Како Спонзор, Консултантот на Орифлеим ќе се погрижи да ги обучува и мотивира своите лично спонзорирани Орифлеим Консултанти.

    4.29 Консултантот не смее да дава интервјуа повразни со Орифлеим за кој било медиум, телевизија, интернет, радио, списанија и слично, ниту да го користи кој било медиум (вклучувајќи СМС, интернет и слично) за рекламирање на својот Орифлеим-бизнис, без претходна писмена согласност од Орифлеим.

    4.30 Консултантите не можат да бидат вклучени во дијалози на социјалните мрежи што даваат неточни информации или информации што доведуваат до заблуда за производите на Орифлеим или услугите што можат да доведат до општо губење на угледот на Орифлеим.

     

  5. Други правила и политики

    5.1 Деловната политика на Орифлеим не обезбедува ексклузивно право на територија или право на претставување на компанијата. Ниту еден член не е овластен да одобрува, продава, доделува или пренесува ексклузивна територија или право на препорака. Секој член има слобода да го извршува својот бизнис во кој било дел од земјата каде што е регистриран.

    5.2 Консултантот мора да почитува дека Орифлеим работи на одредени пазари, а не во сите земји низ светот, строго почитувајќи ги своите обврски што се однесуваат на безбедноста на производите, регистрацијата на производите, увозот и другите прописи што можат да се применат во трговијата на конкретните земји. Орифлеим не презема никаква одговорност за каква било штета, конфликт или побарувања што се поврзани со прекугранична трговија спроведена од Орифлеим Консултантите во земји во кои Орифлеим не работи. На тој начин Орифлеим ќе го смета Орифлеим Консултантот целосно одговорен за какви било тврдења.

    5.3 Консултантот на Орифлеим е независен од Орифлеим. Единствената титула што може да се користи на визит-картите, друг печатен материјал или во имејл-комуникацијата на Консултантите е „независен Консултант за убавина“ или „Орифлеим-независен Консултант за убавина“ и кога ќе се квалификуваат „независен Менаџер за убавина“ и „независен Директор за убавина“ .

    5.4 Промотивниот материјал за посебно рекламирање што го обезбедила Орифлеим може да се користи како што е наведено без посебно одобрување. Се подразбира дека Консултантите не можат да се регистрираат или постават сајт или почетна страница со име на доменот што го содржи зборот “Оriflame“ („Орифлеим“). Консултантите можат да поставуваат содржина на официјалните Орифлеим-страници, блогови и слично. Орифлеим го задржува правото да одобри содржина пред објавување. Правилата за онлајн-претставувањето на Консулатнтот се опишани во понатамошниот текст (Правила за веб-страници на Консултанти).

    5.5 Заштитните знаци, логоата и имињата се сопственост на Орифлеим Козметика и Консултантот не смее да ги користи во печатена содржина, ниту да го објавува на интернет, без претходна писмена согласност од Орифлеим. Ако се добие согласност, заштитните знаци и логоата можат да се користат само онака како што е пропишано од страна на Орифлеим.

    5.6 Консултантот не смее да произведува или од некој друг извор да набавува каков било предмет на кој стои заштитниот знак или лого на Орифлеим, освен ако за тоа не постои писмено одобрување од Орифлеим.

    5.7 Целиот печатен материјал на „Орифлеим“, фотографии, дизајн, музика и стихови, е заштитен со авторски права и не смее да се репродуцира во целост или половично без претходна писмена дозвола од Орифлеим. Кога легитимно се користи материјалот што е заштитен со авторски права задолжително е повикување на авторските права, на Орифлеим, кои мора да бидат јасни и видливи.

    5.8 Консултантот не смее да продава, препродава, презентира или да ги изложува производите во продавница, веб-продавница, платформа за аукција, како Ибеј, или на какви било други продавници. Исто така е забрането продавање и изложување на литературата на Орифлеим. Во установи што по карактерот не припаѓаат на малопродажба, како што се козметички салони, производите може да се изложат, но не и да се продаваат.

    5.9 Содржината на официјалната Орифлеим-страница, како што се текстови, графикони, фотографии, дизајн и програми, е авторски заштитена и не може да се приспособува во какви било комерцијални цели без претходна писмена согласност од страна на компанијата.

    5.10 Спамување (злоупотребата на електронски системи за комуникација, за испраќање голем број непосакувани пораки) е строго забрането. Орифлеим Консултантот ќе го ограничи бројот на промотивни мејлови, испратени до своите Консултанти, најмногу на еден мејл неделно по индивидуален Консултант. Секако, овие мејлови не смеат да бидат испратени во име на компанијата, така што испраќачот ја презема целосната одговорност за содржината на пораката.

    5.11 Под никакви услови Орифлеим не дозволува препакување на своите производи, ниту каква било промена на пакувањето или на етикетата. Производите на Орифлеим може да се продаваат само во оригиналното пакување.

    5.12 Доколку се користат според назначените упатства, производите на Орифлеим не би смееле да предизвикаат какво било оштетување или повреда. Орифлеим дава гаранција за своите производи, која ги штити и компанијата и Консулатантите. Оваа гаранција ги покрива оштетувањата или повредите настанати од неисправност на производот, но не и оние што се настанати поради невнимателна, погрешна или ненаменска употреба на производот.

     5.13 Орифлеим го задржува правото во кое било време преку Попустот на постигнат резултат (ППР) или бонусот што му следува на Консултантот, од членот да наплати фактури чиј рок на плаќање е изминат.

    5.14 Орифлеим има право да ги промени цените и асортиманот на производите без претходна најава. Орифлеим нема да дава Попуст на постигнат резултат (ППР), бонус ниту каков било друг надоместок за губитокот настанат поради промена на цена и асортиман или поради недостиг од производи.

 

    5.15 По завршувањето на членството на некој Консултант, по барање на Консултантот, Орифлеим се согласува да откупи производи од него. Сите наведени услови треба да се исполнат за Орифлеим да додели наплата:

- враќањето на производите мора да биде извршено во рок од 12 месеци од датумот на купувањето

- ќе се врати 90% од оригиналната нето-цена по одбивањето на кој било ППР, бонус или парична награда во мрежата

- производите што се враќаат мора да бидат моментално актуелни во инвентарот на Орифлеим вклучувајќи ги кои било промотивни материјали на Орифлеим.

За потребите на оваа клаузула, моменталниот актуелен инвентар на Орифлеим се однесува на производите што:

- не се користени, отворани или оштетени на кој било начин,

- не им е истечен рокот на траење,

- сè уште се активни во каталозите на Орифлеим.

      5.16 Консултантот мора веднаш да го извести Орифлеим ако е незаконски или на кој било друг начин вклучен во спор што може да биде доведен во врска со Орифлеим или да има негативни последици за компанијата и за нејзината репутација.

     5.17 Орифлеим го задржува правото да ги прошири и промени „Планот за успех“, квалификациските критериуми или Кодексот и Правилата. Промените веднаш стапуваат во сила.

 

Правила и одговорности на Директорите и на повисоките нивоа

Покрај општите правила што се однесуваат на сите членови, следните правила се однесуваат на Директорите и на повисоките нивоа. Прекршувањето на кое било од овие посебни правила доведува до моментално губење на директорскиот статус и привилегии, вклучувајќи ги и Попустот на постигнат резултат и бонусите, а може да доведе и до прекинување на членството.

6.1 Како Директор (и повисоки нивоа) мора да работиш со Консултантите од твојата Лична група за време на секој каталошки период во доменот на:

а) Регрутирање и постојан развој на твојата Лична група.

б) Помагање, водење и мотивирање на членовите од Личната група.

в) Одржување периодични состаноци за обуки, мотивација, поставување цели и нивно следење.

г) Обука на Консултантите од групата за развој на нивниот Орифлеим-бизнис.

д) Одржување постојана комуникација, информирање за датумите и за местата на одржување состаноци, новости за производите, обуки итн.

ѓ) Учество на сите семинари и состаноци организирани од Орифлеим.

е) Применување на кодот и на правилата и водење со личен пример.

ж) Присуство на бизнис-состаноци на кои си повикан од страна на твојот Регионален менаџер за продажба.

6.2 Директорот (и повисоки нивоа) не смее:

а) Да застапува (да биде член) или да промовира ниедна друга компанија за директна продажба, производ или програма.

б) Да учествува во или да промовира која било друга слична програма за маркетинг.

в) Да промовира производи за убавина и за исхрана и брендови на други компании.

6.3 Доколку сопружникот на Директорот (и повисоки нивоа) претставува и/или е член на која било друга компанија за директна продажба, тој не смее да учествува на настаните и состаноците на Орифлеим. Неговите активности мора да бидат одвоени од Орифлеим. Ако неговиот сопружник е застапник и/или е член на која било друга компанија за директна продажба, Директорот (и повисоко ниво) мора за тоа да го извести Орифлеим.

6.4 Во случај на смрт на Директорот (и повисоки нивоа), членството може во одредени услови да се наследи од страна на најблиските на починатиот. Писмено барање за членство мора да се направи во рок од три месеци  од датумот на смртта. Во отсуство на какви било тврдења, членството ќе биде прекинато. Легалниот сопственик на членството мора да се согласи со условите и правилата за членство во Орифлеим и да ги прифати.

6.5 Директорот (и повисоки нивоа) мора да ги почитува сите дополнителни правила или инструкции што Орифлеим ќе му ги достави по писмен пат.

7. Процедура за жалби

Секоја жалба по основа прекршување на етичкиот кодекс и правилата за однесување ќе биде упатена на локалната Орифлеим-организација и/или на Главниот менаџер на локалната компанија Орифлеим што работи во наведената земја. Телото за раководење со жалби на секој Орифлеим-пазар е водено од управниот директор на локалната компанија Орифлеим.

 

Додаток 1: Водич за комуникации

Правилно...

- Претстави се себеси и Орифлеим.

- Објасни ја причината за разговорот со Консултантот и опиши ги производите на Орифлеим.

- Обиди се да одговориш на секое прашање на праведен, искрен и разбирлив начин.

- Не зборувај за ефекти и резултати од производите на Орифлеим, кои не се потврдени од компанијата. Препорачај им на потрошувачите да ја посетат веб-страницата на Орифлеим, на која можат да прочитаат повеќе за производите и резултатите.

- Почитувај ги приватноста и другите лични ограничувања на потрошувачот (пр. време, место, возраст, физичка состојба итн.).

- Не оправдувај се (и замини си) ако некој те замоли да го направиш тоа.

- Собирај и чувај лични податоци на потрошувачите или потенцијалните потрошувачи само по потреба и погрижи се да ги чуваш и да ги користиш личните податоци во согласност со локалните закони за приватност и заштита на личните податоци.

 

Кога препорачуваш производи на Орифлеим

Должен си да им ја кажеш на Консултантите точната цена на производот, условите за плаќање и датумот за достава.

Дај му писмена потврда за порачката на Консултантот, за време на препораката.

Извести го Консултантот за рокот за рекламација, за време на кој може да ја откаже својата порачка, и да ја врати робата, при што ќе му бидат вратени парите за производите што можат да се препродадат како нови.

Кажи им на потрошувачите за гаранцијата за производите на Орифлеим, услугите по препораката и за процесот за жалби.

 

Кога им се претставуваш на потенцијални Консултанти

Информирај ги дека заштедата од порачките зависи од личност до личност, како и од личните вештини на Консултантот, вложеното време и труд и од други фактори.

Дај им доволно информации за разумно да можат да ја проценат можноста за заштеда.

Слободно потсети ги дека Орифлеим е почитувана компанија за директна продажба што се фокусира на развој на иновативни производи, на одржлив начин. Орифлеим нуди квалитетни производи и можност за градење свој бизнис. Бизнис-можноста овозможува независен, динамичен и флексибилен начин за заштеда и подобрување на своите вештини и знаења.

 

Неправилно...

- Немој да вршиш притисок врз потенцијалниот Консултант да купи некој производ или да се зачлени. Потенцијалниот Консултант може повторно да те побара ако оставиш професионален впечаток и праведно се однесуваш со него.

- Не преувеличувај ги карактеристиките на производот. Праведно и искрено кажи го своето искуство со користењето на некој производ. Секогаш користи ги упатствата на производите или други информации објавени од компанијата.

- Не преувеличувај ги фактите за:

Користењето и карактеристиките на производите на Орифлеим.

Можноста за заштеда што ја овозможува Орифлеим, во однос на: времето и тежината на постигнувањето нови нивоа, нивото на очекувана заштеда во секој тим и тежината и веројатноста да се стане успешен. Запомни дека успехот зависи од времето и трудот на Консултантот, како и од неговите лични вештини.

Твојот личен успех и искуство со Орифлеим или користењето на сведоштвото за успех на некој друг што не е вистина.

- Немој да лажеш, да создаваш погрешна претстава или да бидеш агресивен, нападлив и без почит.

- Не двоуми се да му кажеш на потрошувачот дека не го знаеш одговорот на некое негово прашање или дека не си сигурен за одговорот на прашањето. Во ваков случај, контактирај со поддршката за продажба на Орифлеим, за да добиеш јасен одговор и потоа повторно контактирај со потрошувачот и соопшти му го точниот одговор.

- Не користи ги погрешно или без дозвола личните податоци на потрошувачите, другите Консултанти на Орифлеим и/или потенцијалните Орифлем Консултанти.

- Не користи споредби со други компании што се базирани на факти што не можат да се потврдат.

- Не зборувај на неправеден начин за угледот на некоја друга компанија или систематски да бараш и да привлекуваш членови на други компании.

- Не нуди производи по цена пониска од каталошката со цел да ти препорачаат нови потрошувачи што ќе порачаат од тебе.

 

 

 

Додаток 2: Интернет-правила за Консултанти

Овие правила служат да опишат како независните Консултанти на Орифлеим можат да бидат присутни на интернет, без да го нарушат имиџот на брендот на Орифлеим или да прекршат закони, правила и договори за авторски права.

 

  1. Општо

Орифлеим им овозможува на своите Консултанти алатки за препорачување и промовирање Орифлеим-производи и алатки за бизнис, на Интернет.

Орифлеим апликациите се единствените одобрени дигитални алатки со кои Консултантите можат да препорачуваат производи, како и да споделуваат слики и логоа чии авторски права припаѓаат на Орифлеим.

На Консултантите на Орифлеим, исто така, им е дозволено да направат своја веб-страници на која зборуваат за Орифлеим, неговите производи и можноста, доколку е јасно нагласено дека веб-страницата не е официјалната страница на Орифлеим. Сопственоста на веб-страницата мора да биде транспарентна, во секое време, а важните податоци за контакт мора да бидат видливи.

Консултантитe можат да цитираат само текстови на Орифлеим и јасно да го објават изворот.

Консултантите не смеат да имаат веб-страница за е-продажби што се продаваат Орифлеим-производи или да прават други е-продажби, кои се надвор од одобрените Орифлеим-апликации.

Консултантите не смеат да објавуваат информации или други содржини заштитени со авторски права без дозвола на сопственикот на авторските права.

Консултантите не смеат да го користат Орифлеим за поддржување или за промовирање политички видици или религиозни идеологии.

Консултантите никогаш не смеат да објавуваат непристојни, навредливи, вулгарни, безобразни, насилни, скандалозни, заканувачки, расистички и антиетнички или други навредливи или илегални информации или содржини.

Консултантите никогаш не смеат да откриваат необјавени производи, податоци за потрошувачите или какви било други доверливи информации.

 

2. Име на домен

Консултантите не смеат да регистрираат име на домен што го содржи зборот „орифлеим“.

Консултантите нема да отворат страница/група на социјалните медиуми со име и слика што можат да ги наведат потрошувачите да мислат дека тие се официјална страница/група на Орифлеим:

Фотографијата и името на страницата/групата на социјалниот медиум (пр. Фејсбук, Инстаграм) јасно ќе покажуваат дека тие се управувани од индивидуална личност, пр. име: „Орифлеим Тимот на Ана“, со фотографија на профилот од Ана.

 

3. Ограничување на одговорност

Консултантот што отвора своја страница и споменува дека е дел од Орифлеим мора јасно да ја објави информацијата дека е:

а) независен Консултант на Орифлеим,

б) независен Орифлеим-консултант,

в) независен Консултант за убавина.

Оваа информација мора јасно да биде објавена на почетната страница, како и под делот Одговорност што е видлив на сите страници од доменот. Името и информациите за контакт мора да бидат достапни на веб-страницата или профилот од страниците на социјалните мрежи. Доколку Консултантот има приватна веб-страница што не е поврзана со Орифлеим ова правило не важи.

4. Содржина и референции поврзани со Орифлеим Никаква содржина не смее да се копира од официјалната Орифлеим-страница и да се објавува под сопственото име на Консултантот. Доколку консултантот поврзува содржина од официјалната Орифлеим-страница, на својот домен, тоа мора да биде јасно нагласено.

 

5. Слики

Консултантот не смее да презема движечки или недвижечки слики од официјалната Орифлеим-страница и да ги објавува на својата веб-страница. Сите слики се заштитени со авторски права и само Орифлеим има право да ги користи. Овие права не се проширени на Консултантите.

Движечки слики, видео итн. може да се користат преку опцијата „сподели“ само доколку е достапна таа опција. Оваа функција автоматски ја поврзува содржината со изворната страница.

Слики со модели или лица може да се користат преку опцијата „сподели“ само доколку е достапна таа опција. Оваа функција автоматски ја поврзува содржината со изворната страница.

Слики со Орифлеим-производи може да се користат без употреба на опцијата „сподели“ само доколку се споменува изворната страница на видлив и неоспорен начин, на пример (извор: www.oriflame.mk 2019).

Секоја тужба до Орифлеим од трета страна во однос на злоупотреба на интелектуалната сопственост од страна на Консултант, ќе му биде префрлена на тој Консултант.

 

6. Логото на Орифлеим

На Консултантите не им е дозволено да го користат логото на Орифлеим.

 

7. Споделување на социјални медиуми и блогови

Орифлеим го охрабрува присуството на блогови, социјални мрежи и слично. Консултантите ги охрабруваме да отвораат блогови и да оставаат коментари за производите на Орифлеим каде што сметаат дека е потребно, сепак мораат да се придржуваат до делот 3 од Етичкиот кодекс на Орифлеим, поврзан со резултатите и ефектите на производите. За да се зголеми присутноста колку што е можно повеќе, препорачуваме Консултантите да ја користат функцијата „сподели“ обезбедена од страна на „Орифлеим“ за да даваат точни информации.

 

8. Маркетинг-пребарувач

Консултантите можат да се служат со маркетинг- пребарувач како што е Google Adwords, само доколку се почитуваат правилата за онлајн-претставувањето.  Покрај тоа:

- Огласот мора јасно да укажува на тоа дека е направен од страна на независен Консултант

- Насловот на огласот не смее да остава впечаток дека е официјално од страна на Орифлеим.

- Забрането е да се користи Орифлеим или други тремини поврзани со брендовите на Орифлеим, како „NovAge“, како клучни зборови за пребарување.

Забрането е рекламирање на производите на Орифлеим заедно со производите на други брендови, на пример заедно со производи на Авон или на Лореал.

Имај предвид дека секој корисник, на пример на Adwоrds, исклучиво е одговорен за каква било повреда против кој било друг сопственик на бренд.

 

9. Надоместок за обука

На Консултантите не им е дозволено да наплаќаат за онлајн-обуки и веб-семинари, освен во случај на исклучоците опишани во точка 4.18, од Правилата за однесување на Орифлеим.

 

10. Онлајн-препораки

Консултантите можат да препорачуваат производи преку интернет само со користење на одобрени Орифлеим-апликации.

На Консултантите не им е дозволено да препорачуваат Орифлеим-производи преку веб-страници за продажба, како на пример на Амазон, Ибеј, avito.ru, Јандекс итн.

 

11. Спам-пораки

Спам-пораки е испраќање голем број несакани пораки на некое лице и е строго забрането.

Кога му пристапуваш на Консултант или на потенцијален Консултант...