Skip to main content Skip to main menu Skip to search
  1. Почетна
  2. Кои сме ние
  3. Love Nature - мапа на состојки

Love Nature - мапа на состојки

Бидејќи сме од Шведска, имаме различен поглед на убавината. Според нас, убавината е повеќе од надворешниот изглед, таа ги опфаќа и животниот стил, чувствата и делата. Таа е начин на живот: здравје, прекрасна кожа, изразување и забава. Убавината значи самодоверба и рамнотежа во животот. Рамнотежа што доаѓа однатре и ти дава контрола, без разлика на тоа што се случува во твојот живот. Рамнотежа што ти овозможува да растеш и да напредуваш. 

Веруваме и во одговорна убавина, создавање безбедни производи што се инспирирани од природата и овозможени од науката. Производи со еко-етички проверени состојки, на кои можеш да им веруваш. 

 

 

aloe vera 

 

АЛОЕ ВЕРА

 

 

Раскошните зелени листови на растението алое вера се сставени од 99,5% вода, што објаснува како тоа опстанува во топли и сурови клими. Ова растение веќе илјадници години се користи во медицината и освен по својствата за хидратација, познато е и по антиоксидантските и смирувачките својства.

 

 coconut

 

 КОКОСОВА ВОДА

 

 

 

Кокосовата вода дејствува како хидратантна состојка што ѝ помага на кожата да привлече и да задржи вода. Оваа суперсостојка ја поттикнува хидратацијата и ја освежува кожата повеѓе од одмор крај море!

 

oat

 

 

ОВЕС

 

 

 

Овесот е олицетворение на сè што е добро и сензација за нега на кожа! Со своите фантастични хидратантни својства, екстрактот од овес помага за регенерација на кожата. Овесот ја прави кожата помека и поеластична, а истовремено и ја смирува.

 

goji

 

 

ГОЏИ-БОБИНКИ

 

 

 

Гоџи-бобинките се богати со хранливи состојки и моќни антиоксиданти, витамини и аминокиселини. Овие супербобинки освен што се вкусна закуска, исто така, ја штитат, негуваат и хидрираат кожата.

 

 

 

ЧАЈНО ДРВО

 

 

Етеричното масло од чајно дрво е идеално за прочистување на кожата. Ова познато растение е обожавано поради своите антимикробски својства што помагаат за намалување на мозолчињата, како и поради својата способност да ја намали дехидратацијата на кожата и да ја зголеми нејзината хидратација.

 

 

 ЛИМЕТА

 

 

 Органската лимета е суперовошје богато со моќни антиоксиданти, како витамин Ц и лимонска киселина. Кога се користи како состојка во производи за нега на кожа, помага за тонирање на кожата и го отстранува вишокот сјај.

 

almond

 

 

БАДЕМИ

 

 

 

Бадемите се богати со витамин Е, кој ја негува и ја омекнува кожата. Нанесувањето бадемово масло или млеко може да помогне за заштита на кожата од штета предизвикана од изложување на сонце.

 

 

ЈАБОЛКО

 

 

 

Јаболкото е богато со влакна, хранливи состојки, антиоксиданти и природни киселини што ѝ помагаат на мрсната кожа, кожата без сјај, кожата со акни и старата кожа. Јаболкото природно ги намалува зголемените пори и прави да изгледаат помали.

 

 

 

АВОКАДО

 

Авокадото е богато со масни аминокиселини што се добри за хидратацијата на косата. Природните масла и витамините што ги содржи, А, Б6, Д и Е, го негуваат скалпот и допринесуваат за здравиот раст на косата.

 

 

БАНАНА

 

 

 

Бананите се богати со калиум и со хидратантни состојки и ѝ помагаат на кожата да ја задржи својата хидратација. Ако имаш сува кожа, барај производи што содржат банана. Бананата содржи Б витамини и витамини А, Ц и Е, што ја штитат кожата од УВ-оштетувања и го успоруваат процесот на стареење.

 

 

ЛАВАНДА

 

 

Лавандата е позната по своите ароматерапевтски својства, поради што често се користи во масла и производи за тело. Лавандата помага за релаксирање и намалување на стресот во текот на денот, како и за заспивање. Користи производи со лаванда за сладок сон.

 

 МАНГО

 

 

 

 Мангото има повеќе својства и е познато по тоа што дејствува против акните, прераното стареење, темните дамки и недостигот на сјај. Антиоксидантските својства на екстрактот од манго ѝ помагаат на кожата да остане хидрирана и го подобруваат тенот.

 

МАСЛИНОВО МАСЛО

 

 

 Маслиновото масло содржи антиоксиданти против стареење и хидратантно соединение (squalene) што го прави супердобро за косата, кожата и за ноктите. Маслиновото масло е богато со витамини Е и А, кои помагаат за намалување на дехидратацијата на кожата.

 

 

АНАНАС

 

 

 

Ананасот содржи моќен ензим, наречен бромелен, кој помага за разградување на мртвите кожни клетки. Исто така, аскорбинската киселина помага да се намали видливоста на темните дамки и да се изедначи тенот.

 

 

 СУСАМОВО МАСЛО

 

 

 

Благодарение на многубројните својства против воспалување, сусамот помага да се излечат црвенилата на кожата и други проблеми со кожата, така што се ослободува од патогени и инфекции на кожата. Исто така, маслото од сусам е богато со состојки што ја прават кожата мазна и свиленкаста

 

 

МАСЛО ОД ШИПКА

 

 

 

Маслото од шипка се добива од плодот на кучешката роза. Содржи антиоксдантни соединенија што помагаат за заштита на фарбаната коса од УВ-зраци. Шипката, исто така, овозможува и висока хидратација и ѝ ја враќа мекоста и блескавоста на фарбаната коса. 

 

 СЕМКИ ОД ЛУБЕНИЦА

 

 

 

Семките од лубеница помагаат за зголемување на здравјето на косата и одржување на прекрасната кожа. Семките содржат цитрулин што го зголемува нивото на аргинин (амино киселина) во нашите тела, што помага за циркулацијата на крвта и за растењето на косата.